Тинејџер уби ученици – родителите виновни


  Обвинителот во Мичиген покрена обвинение против родителите на тинејџерот кој во вторникот уби четворица, а рани седум ученици од средно училиште во таа држава. Родителите на 15-годишниот Итан Кремли, кој е осомничен дека во вторникот уби четворица ученици на средното училиште „Оксфорд“ во мичигенскиот округ Окленд, обвинети се за четири убиства од немарност, соопштено […]

Омикрон е регистриран во 38 земји, засега нема смртни случаи


Новата варијанта на коронавирус – Омикрон е идентификуван во 38 земји ширум светот, но досега не се пријавени смртни случаи, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). – Немам никакви информации за смртни случаи поврзани со Омикрон, рече портпаролот на СЗО Кристијан Линдмаер во. Шефица на техничкиот тим во одделот за итни случаи на СЗО Марија Ван Керхове информира […]

Талибанците забранија принудни бракови за жени во Авганистан


Талибанските власти во Авганистан денеска соопштија дека ќе забранат присилни бракови за жени, што се смета за еден од предусловите меѓународната заедница да ја признае нивната власт и да ја обнови финансиската помош за земјата разурната од војна. Указот беше издаден од талибанскиот лидер Хибатулах Акунзада, во време на широко распространета сиромаштија во Авганистан, која расте откако талибанците насилно […]

Рекорден број новозаразени во Словачка и покрај карантинот


Словачка пријави рекорден број на нови инфекции со корона вирус во еден ден и покрај минатонеделното воведување строги ограничувања за движење низ целата земја. Словачкото министерство за здравство објави 15.278 нови инфекции, речиси 5.000 повеќе од претходниот рекорд, кој беше регистриран на 23 ноември. Наглото зголемување на бројот на новозаразени, министерството го припишува на тоа […]

„Големо повечерје“ за канцеларката Меркел: За збогум една роза


За неколку дена Ангела Меркел, по цели 16 години, ја напушта канцеларската функција. Сега таа и официјално се збогува со свечена воена церемонија. Во прошталниот говор таа повика на одбрана на демократијата Студена, сува декемвриска вечер во Берлин. Кога Ангела Меркел зема збор, може да се види здивот. 67-годишната канцеларка зборува за благодарност и за […]

Омикрон може да ја влоши ситуацијата во Европа


Швајцарија – Зголемувањето на бројот на заразени со Ковид-19 во Европа во изминатите два месеци се должи на сојот Делта, но Омикрон може да ја влоши ситуацијата, рече Марија Ван Керхове, шефица на техничкиот тим во одделот за итни случаи на Светската здравствена организација. – Во последните два месеци, видовме раст во Европа. И ова се должи на варијантата Делта, […]

Портпаролот на СЗО ги пофали компаниите што подготвуваат нова вакцина


Производителите на вакцини против Ковид-19 треба да се пофалат што се подготвуваат за можноста дека ќе мора да ги приспособат своите производи за заштита од варијантата Омикрон, изјави денеска портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО) Кристијан Линдмаер. На брифинг во Женева тој рече дека СЗО сè уште ја проучува преносливоста и сериозноста на новата варијанта, која беше откриена во јужна Африка. […]

Антиваксер во Италија отишол на вакцинација со лажна силиконска рака


Откако била откриена измамата антиваксерот го молел здравствениот работник да не го пријавува   Антиваксер во северниот регион Пиемонт во Италија се соочува со кривична пријава затоа што се појавил на својата вакцинација против Ковид-19 со лажна рака направена од силикон. 50-годишниот маж ја прикажал лажната рака за да здравствениот работник да му стави вакцина, […]

Тврдокорниот антиимигрант Карл Нехамер стана канцелар на Австрија


Народната партија е во целосен неред по оставката на Себастијан Курц во октомври   Владејачките конзервативци во Австрија го избраа министерот за внатрешни работи, кој е тврдокорен за имиграција, да ги предводи нив и нацијата по бранот оставки на високи функционери што ги започна Себастијан Курц. Карл Нехамер го наследува Курц како шеф на партијата […]

Линдмајер: Производителите да ги приспособат вакцините на омикрон


 Производителите на вакцини против Ковид-19 треба да бидат подготвени на можноста дека ќе мора да ги приспособат своите производи за заштита од варијантата омикрон, изјави денеска портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО), Кристијан Линдмајер. Говорејќи на брифинг во Женева, тој рече дека Агенцијата се уште ја проучува преносливоста и сериозноста на новата варијанта, која е […]

Москва чека одобрение од Вашингтон за средбата меѓу Путин и Бајден


Кремљ денеска соопшти дека приближно се договорени времето и датумот на средбата во форма на видео конференција меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден, но дека Москва го чека конечното одобрение од Вашингтон. Советникот на рускиот претседател Јури Ушаков изјави дека разговорите меѓу двајцата лидери ќе се одржат во следните неколку […]

Како Јоханес Хан се најде на списокот на осомничени за корупција


Париски „Либерасион“ објавува дека еврокомесарот Хан одел на ловечки вечери организирани од лобисти, кои потоа биле плаќани од парите на европските даночни обврзници   Љупчо Поповски Еврокомесарот за буџет, Австриецот Јоханес Хан, се соочува со обвинение дека несоодветно ги пријавил скапите покани од лобистите на европските земјопоседници и обесчестен поранешен член на ревизорската канцеларија на […]

ОАЕ купуваат 60 борбени авиони „рафал“


Обединетите Арапски Емирати Франција ги „бетонираа“ економските и политичките врски со Париз, купувајќи 80 борбени авиони „рафал“ и 12 хеликоптери „каракал“ за вкупно 17 милијарди евра. Ова е најголем пакет борбени авиони што Франција воопшто некогаш го продала, а се надоврзува на продажбата на „рафали“ на Грција, Хрватска и на Египет. Во пакетот се и […]

Талибанците издадоа декрет за правата на жените во Авганистан


Талибанската Влада во Авганистан денеска издаде декрет за правата на жените, во кој се наведува дека жените не треба да се сметаат за „сопственост“ и да не се принудуваат на брак. – Жената не е сопственост, туку благородно и слободно човечко суштество. Никој не може никому да му ја даде во замена за мир или […]

Низа нови рестрикции за невакцинираните во Германија


Германија воведе рестрикции за невакцинираните, во обид да го запре драматичното зголемување на дневните инфекции со коронавирус, што се влоши со откривањето на сојот омикрон. Канцеларката во заминување Ангела Меркел и нејзиниот наследник Олаф Шолц се договорија со лидерите на 16 германски покраини да им забранат на невакцинираните пристап до сите дејности, освен најважните бизниси, […]

Дали „Фајзер“ сега има премногу моќ?


Американската компанија сега доминира на пазарот за вакцини против КОВИД-19. Но, дали тоа ѝ дава премногу моќ? Приказна „одвнатре“ на Фајненшел тајмс за нешто „што се случува еднаш во епохата“   Додека светските и домашните медиуми ја пренесуваат изјавата на првиот човек на фармацевтскиот гигант „Фајзер“, Алберт Бурла, кој рече дека луѓето во наредните години […]

Омикрон успешно го избегнува имунитетот стекнат со прележување


Според првото истражување кое се базира на податоци од терен, омикрон има „значителна“ способност за избегнување на природно стекнатиот имунитет по прележување ковид-19 предизвикан од другите соеви. Наодите покажуваат дека новата варијанта може да предизвика нов значителен бран инфекција, дури и меѓу популациите со високи нивоа антитела. Стручњаците од африланскиот Национален институт за заразни боелсти […]

Јужна Африка влегува во четвртиот бран на Ковид-19


Јужноафриканскиот министер за здравство Џо Фала изјави денеска дека неговата земја влегува во четвртиот бран на Ковид-19 поради варијантата омикрон, но дека болниците во оваа фаза не се загрозени. Тој на прес-конференција истакна дека инфекциите со новата варијанта сега се присутни во седум од деветте провинции во земјата и изрази надеж дека со овој сој […]

Бајден: Американците да примат трета доза од вакцината против Ковид-19


Американскиот претседател Џо Бајден апелираше до Американците да примат трета доза од вакцината против Ковид-19 и да го поддржат неговиот план за контрола на новиот сој Омикрон, преку поголема достапност на вакцини, но без драстични ограничувања во секојдневниот живот. Бајден бара приватните осигурителни компании да ги покријат сите трошоци за домашни тестови на коронавирус и […]

Бран оставки во австриската политика


Вчерашниот ден го одбележаа неколку оставки на политичари на високи функции во Австрија. Прво лидерот на Народна партија на Австрија (ОВП), поранешниот канцелар Себастијан Курц соопшти дека се повлекува од политиката. Курц успешно ја водеше ОВП и на минатите избори во 2019 година освои 37 проценти од гласовите. Курц на 9 октомври се повлече од функцијата канцелар откако беше обвинет за […]