Еден милион заразени за 24 часа во САД

Досега бројката на заразените во САД изнесува 56,1 милиони


 

Во Соединетите Држави во понеделникот беше надмината границата од еден милион нови случаи за 24 часа. Инфекцијата беше потврдена со 1.003.043 тестови, според Our World in Data и весникот „Њујорк тајмс“. За прв пат една земја идентификуваше повеќе од 1 милион нови инфекции од почетокот на пандемијата пред две години.

Како резултат на тоа, заразените во Соединетите Држави надминаа 56,1 милиони од 2020 година. На седумдневна основа, новите случаи се приближуваат до половина милион дневно (479.000). Рекордно ширење се должи на многу заразната варијанта Омикрон, а источните држави се во центарот на инфекцијата. Но новата варијанта е веќе регистрирана низ целата земја.

Во болниците се 90.103 лица, во последните 24 часа починале 1.643 лица. Процентот на вакцинаја на американската популација е 62 отсто, а трета доза примеле 21%.