(Видео) Најмалку девет жртви во ковид-болница во Романија


  Најмлаку девет лица загинаа во пожар во болница во Романија. Се работиз а ковид-болница во градот Констанца, на истокот на Романија. Пожарот избил на единицата за интензивна нега. Министерството за здравство најави конференција за медиумите на која треба да кажат повеќе детали. Во болницата, како што јави АП, во моментот на избивање на пожарот …

(Видео) Најмалку девет жртви во ковид-болница во Романија Read More »

Пожар во болница во романскиот град Констанца, има загинати


Утрово избувна пожар во болницата во романскиот град Констанца, во кој има загинати, но засега не е познато колкав е бројот, објавија властите. Во тек е евакуација на пациентите и персоналот од болницата за инфективни болести. „Потврдуваме дека има мртви“, соопшти Министерството за здравство. Во соопштението се додава дека во болницата биле сместени 113 пациенти, …

Пожар во болница во романскиот град Констанца, има загинати Read More »

ЕУ подготвена да казнува со укинување на европските пари


 Европската комисија е подготвена да воведе нов механизам кој го условува плаќањето на европските пари со почитување на владеењето на правото, изјави нејзината потпретседателка Вера Јоурова. Механизмот, кој беше воспоставен од јануари, е „доволно зрел за употреба“, рече чешката комесарка задолжена за „вредности и транспарентност“, без да открие за кои земји ќе се применува. Механизмот …

ЕУ подготвена да казнува со укинување на европските пари Read More »

Јапонија целосно ја укина вонредната состојба поради вирусот


Јапонија, по шест месеци, ја укина вонредната состојба воведена поради коронавирусот, а властите постепено почнуваат да ги олеснуваат мерките.   Итните мерки што беа на сила за повеќе од половина од земјата, вклучувајќи го и Токио, завршија вчера по постојаниот пад на бројот на новозаразени во последните недели.   Премиерот во заминување Јошихиде Суга им …

Јапонија целосно ја укина вонредната состојба поради вирусот Read More »

Австралија по 18 месеци повторно ги отвора границите во следните неколку недели


Австралија – Австралија од следниот месец повторно ќе ги отвори своите граници, изјави денеска премиерот Скот Морисон, 18 месеци по воведувањето на забраната за патување во странство без дозвола поради коронавирусот. Морисон кажа дека вакцинираните Австралијци „од следните недели“ ќе можат да се вратат дома и да патуваат во странство, штом ќе се постигне целта на …

Австралија по 18 месеци повторно ги отвора границите во следните неколку недели Read More »

(Вулкан) Еден од најактивните вулкани на светот повторно еруптира


  Вулканот Килауа, еден од најактивните на светот, повторно исфрла лава, но засега само од главниот кратер и не е закана за населението, соопштија американските власти. „Вулканот исфрла лава во висина од петкатница”, објави на Твитер, Американскиот геофизички завод. Првите пукнатини на кратерот се појавиле во средата, а набрзо се претвориле во реки лава вжарена …

(Вулкан) Еден од најактивните вулкани на светот повторно еруптира Read More »

Поранешниот американски претседател Џими Картер го слави својот 97. роденден


САД – Поранешниот американски претседател Џими Картер денеска ќе го прослави својот 97 – ми роденден дома во Југоисточна Џорџија, изјави неговата портпаролка.   Деана Конџели во Картер центарот во Атланта рече дека Картер, поради неговата возраст и пандемијата со коронавирусот, не планира јавни настапи.   Вработените во Националниот историски центар Џими Картер во Плајнс, Џорџија, …

Поранешниот американски претседател Џими Картер го слави својот 97. роденден Read More »

Конгресот го спречи делумното затворање на американската Влада


Американскиот Конгрес усвои предлог -закон за привремено владино финансирање до 3 декември, со што е избегнато делумно затворање на федералните институции. Предлогот прво беше одобрен во Сенатот со 65 гласови „за“ и 35 „против“, а потоа и во Претставничкиот дом, каде имаше поддршка од 254 членови, додека 175 беа против, пренесе Гласот на Америка. Американскиот …

Конгресот го спречи делумното затворање на американската Влада Read More »

ЕУ ги одложи трговските преговори со Австралија поради скандалот со АУКУС


Белгија– Европската унија ги одложи преговорите за договор за слободна трговија со Австралија. Веројатната причина е скандалот со одбивањето на Канбера да купи француски подморници, пренесува Аустралиан Фајненшал Ривју (Australian Financial Review). Австралија се здружи со Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави во областа на заштитата и безбедноста преку механизмот АУКУС и објави дека се …

ЕУ ги одложи трговските преговори со Австралија поради скандалот со АУКУС Read More »

Брегзит: При влез на Европејците во Обединетото кралство задолжителен е пасош


Англија– Од денеска личната карта веќе не важи за влез во Обединетото Кралство, која во иднина ќе бара од европските и швајцарските граѓани да ги покажат своите пасоши, што е една од последните последици од Брегзит. Британското Министерство за внатрешни работи посочува дека оваа промена ќе овозможи „организираните криминални банди и други лица да бидат спречени …

Брегзит: При влез на Европејците во Обединетото кралство задолжителен е пасош Read More »

Коронавирусот ќе остане меѓу нас уште неколку години, велат од „БиоНТек“


Германија– Коосновачката на фармацевтската компанија „БиоНТек“, Озлем Туречи, изјави дека коронавирусот сигурно ќе остане меѓу населението уште неколку години. Во изјава за американската телевизија Си-Ен-Би-Си, Туречи нагласи дека светот се уште се бори против коронавирусот и дека компанијата, која заедно со „Фајзер“ ја развива вакцината против коронавирусот, внимателно ја следи ситуацијата кога станува збор за …

Коронавирусот ќе остане меѓу нас уште неколку години, велат од „БиоНТек“ Read More »

Активисти се судрија со полицијата за време на младински самит за климата во Милано


Активисти за заштита на животната средина денеска се судрија со полицијата во Милано на маргините на младинскиот самит за климата, јави ДПА. Делегатите на самитот „Youth4Climate“ разговараа со политичари за климатската криза, вклучувајќи ги италијанскиот премиер Марио Драги и италијанскиот претседател Серџо Матарела. Во меѓувреме, десетици активисти одржаа демонстрации пред конференцискиот центар. На снимката од …

Активисти се судрија со полицијата за време на младински самит за климата во Милано Read More »

Ученик пукал во соученици во Мемфис, рането едно дете


Едно момче е потешко рането денеска кога во училиште, во сојузната американска држава Тенеси, дошло до пукање. Според полицијата, пукањето се случило во училиштето „Камингс“ во Мемфис, каге учат деца до осмо одделение, пренесе АП. Ранетото момче е префрлено во болница и е во критична состојба, а властите соопштија дека се трага по друг ученик, …

Ученик пукал во соученици во Мемфис, рането едно дете Read More »

Корона мапа на ЕЦДЦ за Европа: Словенија темноцрвена, Хрватска, Бугарија во црвено, Чешка, Полска и Данска во најповолна позиција


Европскиот центар за контрола на болестите денеска ја објави новата „мапа на коронавирусот“, според која земјите од регионот во најголем дел се во црвена, а Словенија е во темноцрвената боја, како и балтичките земји Литванија и Естонија. Од поголемите земји, Германија е речиси целосно во црвена боја, Франција е претежно жолта, со црвени и зелени …

Корона мапа на ЕЦДЦ за Европа: Словенија темноцрвена, Хрватска, Бугарија во црвено, Чешка, Полска и Данска во најповолна позиција Read More »

„’Брегзит’ оди лошо“, велат Британците во нова анкета


Повеќе од половина Британци мислат дека „Брегзит“ „оди лошо“, според новото истражување – и бројот на луѓе со такво мислење расте. Анкетарот YouGov ги праша луѓето што мислат како ѝ оди на земјата по излезот од од Европската унија, а неверојатни 53 проценти рекоа дека тоа оди лошо, што е раст од 15 процентни поени …

„’Брегзит’ оди лошо“, велат Британците во нова анкета Read More »

Никола Саркози осуден на една година затвор


Поранешниот француски претседател Никола Саркози беше осуден во четвртокот на една година затвор за нелегално финансирање на кампањата во неговиот неуспешен обид за реизбор во 2012 година, што го прави првиот шеф на француска држава во модерните времиња, кој доби две затворски казни. Судијата рече дека Саркози може да ја отслужи казната со носење електронска …

Никола Саркози осуден на една година затвор Read More »

Смрт како од хорор филм! Се разбудил и сфатил дека нешто го гризе


Човек кој среде ноќ сфатил дека го каснал лилјак починал еден месец подоцна во болница. Постар маж починал еден месец откако во собата нашол лилјак, кој го гризнал за вратот. Си -Ен -Ен известува дека неименуван маж спиел во својата куќа во округот Лејк, Илиноис, кога се разбудил во средината на ноќта. Тој почувствува болка …

Смрт како од хорор филм! Се разбудил и сфатил дека нешто го гризе Read More »

Во Мелбурн рекорден број заразени и покрај двомесечното заклучување


Австралија – Во Мелбурн бројот на заразени денеска достигна рекордно ниво, а лекарите ова го припишуваат на илегални домашни собири за гледање спортски настани за време на скоро двомесечното заклучување. Властите во Викторија, каде што се наоѓа Мелбурн, проценуваат дека речиси една третина од новите инфекции, од вкупно 1.438, може да бидат поврзани со домашни собири …

Во Мелбурн рекорден број заразени и покрај двомесечното заклучување Read More »

Земјите на ЕУ да го вклучат кривичното дело екоцид во нивното кривично право


Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) повика на нова правна рамка, како на национално, така и на европско ниво, за „закотвување на правото на безбедна, чиста, здрава и одржлива животна средина“ и за таа цел претстави нацрт дополнителен протокол на Европската конвенција за човекови права со кој ова право ќе биде  применливо во сите земји што ќе го ратификуваат, јави дописникот …

Земјите на ЕУ да го вклучат кривичното дело екоцид во нивното кривично право Read More »

„Сега е време да се дејствува“ – порака од дебатата во Стразбур за животната средина


Франција – Учесниците на интерактивната дебата на тема животната средина и човековите права, што се одржува во Стразбур, порачаа дека „дојде време за дејствување“, јави дописникот на МИА од Стразбур. Настанот го отворија претседателот на ПССЕ, Рик Даемс и генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, по што следеше видео порака за поддршка од генералниот …

„Сега е време да се дејствува“ – порака од дебатата во Стразбур за животната средина Read More »