Жестока дипломатска битка во Обединетите нации околу Украина


  ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ – Русија се обидува да ги затапи напорите предводени од Западот во Обединетите нации за дополнително изолирање на Москва поради инвазијата на Украина, при што Советот за безбедност и Генералното собрание се подготвуваат да гласаат оваа недела за конкурентни мерки за хуманитарната криза во Украина. Дипломатската битка ескалира во светската организација откако […]

Макрон пак разговарал со Путин и Зеленски


  Францускиот претседател Емануел Макрон разговараше со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски за условите за прекин на огнот. Елисејската палата соопшти дека телефонскиот разговор со Путин, кој траел околу еден час, се однесувал и на „безбедносните барања за суштински прашања“. Не бил постигнат договор, но Макрон „останува убеден во потребата […]

Русија покрена истрага против новинарот кој пишуваше за нападот на породилиштето во Мариупол


  Руското правосудство отвори кривична истрага против познатиот новинар Александар Незоров. Рускиот Истражен комитет, одговорен за гонење на тешки злосторства, во вторникот изјави дека Незоров „свесно објавил лажни информации за намерно гранатирање од страна на руските сили на породилиште во градот Мариупол“. Објавени се и „недоверливи“ фотографии од погодените цивили. Руското Министерство за одбрана веќе […]

(Видео) Песков: Русија ќе употреби нуклеарно оружје само доколку биде загрозено нејзиното постоење


Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје само доколку биде загрозено нејзиното постоење. Песков наведува дека целта на руската инвазија врз Украина не е окупација на земјата, пренесе Тасс. Портпаролот Песков изјави дека никој не мислел дека „специјалната воена операција“ во Украина ќе трае само неколку дена и […]

(Видео) Силен земјотрес регистриран на Тајван


На источниот брег на Тајван денеска е регистриран земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот го погоди градот Тајтунг, но засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Епицентарот бил на длабочина од 30,6 километри, а земјотресот бил почувствуван и во Тајпеј. 

Фаучи: Не би ме изненадило зголемување на бројот на инфицирани со Ковид-19


Водечкиот американски имунолог Ентони Фаучи денеска изјави дека не би бил изненаден ако се зголеми бројот на заболени од Ковид-19, но оти не очекува голем пораст. – Воопшто не би бил изненаден да видам пораст на бројките, истакна Фаучи, додавајќи оти не очекува поголем пораст, освен ако не се промени нешто драматично, што би предизвикало […]

Саливан: Бајден со сојузниците од НАТО в четврток ќе објави нов пакет санкции за Русија


На вонредниот состанок на НАТО во Брисел во четврток, претседателот Џо Бајден заедно со сојузниците ќе објави нов пакет санкции против Русија, со ефект и за земјите со намера да помогнат на Москва во заобиколување на мерките, изјави денеска Џејк Саливан, советник за национална безбедност во Белата куќа.   -Тоа е значаен дел од ова […]

Трудо се договори со канадската опозиција неговите либерали да останат на власт до 2025 година


 Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека неговата Либерална партија постигнала договор со опозициската Нова демократска партија да остане на власт до 2025 година. -Ова значи дека во ова неизвесно време, владата може да функционира предвидливо и стабилно, да презентира и спроведува буџети и да обезбедува услуги за Канаѓаните, рече Трудо. Либералната партија на Трудо […]

Селфито на Зеленски помоќно од оружјето на Путин


(Си-Ен-Ен) Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обидува да докаже дека има вистина во стариот израз дека  „перото е помоќно од мечот“. Или, во неговиот случај – селфи видеото е помоќно од рускиот борбен авион. Нема сомнение дека војската на Украина е бројно многу помала од руската; тоа е борба на украинскиот Давид  со рускиот Голијат. […]

Ќерката на лојалистот на Путин застана отворено против војната. Татко ѝ е против неа


  „Запрете го овој кошмар“. Со овие зборови Марија Машкова директно му се обрати на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин да ја запре инвазијата на Украина. Овие зборови како на Машкова тежат многу затоа што доаѓаат од ќерката на цврстиот следбеник на политиката на Путин, Владимир Машков.  Машков беше дел од прославата на 18 […]

„Фајзер“ испраќа четири милиони пакувања од својот лек против Ковид-19 во посиромашните земји


САД– Фармацевтската компанија „Фајзер“ денеска објави дека преку УНИЦЕФ ќе обезбеди четири милиони пакувања Паксловид (Paxlovid), лек против Ковид-19 во форма на таблетки, за 95 сиромашни земји каде живее популација од околу четири милијарди луѓе. Првите испораки се очекуваат на почетокот на следниот месец. Таблетките се прв лек против коронавирусот, што ќе се појават во […]

„Новартис“ суспендира дел од деловните активности во Русија


Швајцарија– Швајцарскиот производител на лекови „Новартис“ денеска објави дека ги суспендира капиталните инвестиции, медиумското рекламирање и другите промотивни активности во Русија, но има намера да продолжи да гарантира достапност на лекови за пациентите. – „Новартис“ ја осудува војната во Украина. Овој неиспровоциран чин на насилство ги загрозува животите на невините луѓе и е спротивен со […]

Сведоштво на снимателот на АП од Мариупол: „Русите нѐ ловеа, бевме на списокот за отстрел“


  МАРИУПОЛ – Русите нѐ ловеa. Имаа список со имиња на кој беа вклучени нашите и ни беа зад петици. Ние ја документиравме опсадата на украинскиот град од страна на руските војници повеќе од две недели и бевме единствените меѓународни новинари кои останаа во градот. Известувавме внатре од  болницата кога вооружени лица почнаа да ги […]

„Оксфам“ предупредува за глад во Источна Африка поради војната во Украина


Невладината хуманитарна организација Оксфам предупредува за неизбежна криза со храна во Источна Африка, предизвикана главно од руската инвазија врз Украина, јави ДПА. Извршната директорка на организацијата Габриела Бухер изјави дека Етиопија, Кенија, Сомалија и Јужен Судан, меѓу другите, се најзагрозени земји. Дури овој месец да заврне дожд, состојбата нема целосно да се ублажи. Речиси 28 […]

СЗО критикуваше повеќе европски држави заради пребрзото укинување на антиковид мерки


Молдавија – Неколку европски земји, вклучувајќи ги Германија, Франција, Италија и Обединетото Кралство, пребрзо ги укинаа своите антивирусни мерки и сега се соочуваат со голем скок во случаите на коронавирус предизвикан од БА.2 подваријантата на омикрон сојот, истакна денеска Светската здравствена организација. Директорот на СЗО за Европа Ханс Клуге на прес конференција во Молдавија кажа […]

Груб напад на Дмитриј Медведев на Полска: „Тоа е заедница на имбецили“


  Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, во понеделникот ѝ се закани на Полска во долго писмо, само неколку дена пред американскиот претседател Џо Бајден да ја посети земјата. „Интересите на полските граѓани се жртвувани поради русофобијата од страна на ‘просечните политичари’ и нивните ‘куклари преку океанот’ со јасни знаци на сенилно […]

Штрајк на безбедносните работници на осум германски аеродроми


Штрајк на безбедносните работници на осум германски аеродроми, меѓу кои и најпрометниот во Франкфурт, денеска доведе до голем број прекини и откажувања на летови.   Синдикатот Верди повика на целодневен штрајк на аеродромите во Франкфурт, Берлин, Бремен, Хамбург, Хановер, Штутгарт, Дизелдорф и Келн, пред преговорите за платите со работодавачи, закажани за четврток.   Во Франкфурт […]

Украина спречи уште еден обид за атентат на Зеленски – уапсена група од 25 обучени убијци


  Последниот обид на Русија за атентат на украинскиот претседател Зеленски беше спречен откако 25-члена екипа беше уапсена на границата со Словачка, тврди Киев. Тим од повеќе од дваесет обучени убијци бил собран од полицијата во Ужгород, западна Украина, додека биле на пат кон Киев синоќа, објави „Билд“. Извори од киевското контраразузнавање изјавија за новинската […]

Зеленски: Најмалку 117 деца загинаа во војната во Украина


Најмалку 117 деца досега се убиени во руската инвазија врз Украина, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање пред италијанските пратеници. – Но, 117 нема да биде конечниот број. Тие продолжуваат да убиваат, предупреди тој во видео обраќањето пред двата дома на парламентот во Рим. Зеленски ја повика Италија да ги замрзне руските […]

Навални осуден на 9 години затвор


  Рускиот суд порано денеска го прогласи Алексеј Навални за виновен за измама. Неколку часа подоцна објавија дека е осуден на девет години затвор. Прогласен е за виновен и за непочитување на судот, а освен тоа мора да плати и отштета од 1,2 милиони рубли, јавија дописниците од Русија. Казната ќе ја отслужи во затвор […]