Во источниот дел на Медитеранот исчезнаа 70 мигранти


 Вкупно 70 мигранти, кои пред четири дена со брод тргнаа од либискиот брег кон Европа, исчезнаа во источниот дел на Средоземното Море. „Мигрантите неколку пати испратија пораки до Аларм фон“, објави на Твитер невладината организација, во која работат волонтери кои примаат телефонски повици од мигранти во неволја. Организацијата наведе дека последниот контакт со мигрантите бил …

Во источниот дел на Медитеранот исчезнаа 70 мигранти Read More »

Кина испрати 38 авиони над одбранбената зона на Тајван


Тајван денеска остро ја критикуваше Кина, чии воени авиони, по повод одбележувањето на националниот празник, влегоа во одбранбената зона на тој остров. Тајван постојано се жали од почетокот на годината за постојано влегување на кинеските воздухопловни сили во воздушниот простор на островот. Тајвански борбени авиони полетаа вчера откако во два наврати 38 кинески авиони влегоа …

Кина испрати 38 авиони над одбранбената зона на Тајван Read More »

Трамп бара судот да му го врати Твитер налогот


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп побара од судот да му го врати неговиот налог на Твитер во обидот да издејствува укинување на трајната забрана за користење на оваа социјална платформа. Трамп (75) вчера поднесе прелиминарна тужба против Интернет гигантот, барајќи брзо враќање на неговиот налог. Тој тврди дека Твитер го откажал неговиот профил, што имал …

Трамп бара судот да му го врати Твитер налогот Read More »

Пуџдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија


Поранешниот претседател на шпанскиот регион Каталонија, Карлес Пуџдемон, побара од европскиот судски систем да му го врати имунитетот како европратеник, за да не биде екстрадиран во Шпанија, изјави неговиот адвокат. Барањето е испратено до Општиот суд на ЕУ, кој претходно во јули го одби неговото прво барање. По Карлес Пуџдемон (58), кој во 2019 година …

Пуџдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија Read More »

Црн биланс – во САД од Ковид-19 починале 700.000 лица, колку што има население во Вашингтон


САД ја надминаа бројката од 700.000 лица кои од почетокот на пандемијата умреа од последиците на Ковид-19, соопшти вчера Универзитетот Џон Хопкинс, посочувајќи дека е тоа еквивалент на населението во главниот град Вашингтон. Француските медиуми пишуваат дека овој црн биланс потсетува дека се уште секој ден стотици Американци умираат од коронавирус, и покрај кампањата за …

Црн биланс – во САД од Ковид-19 починале 700.000 лица, колку што има население во Вашингтон Read More »

Голема потера по „кумот“ на Коза Ностра на Сицилија, Матео Месина Денаро


Околу 150 припадници на италијанските специјални сили на Сицилија го бараат шефот на мафијата во бегство, Матео Месина Денаро. Од вчера изутрина на островот се претресени десетици куќи што им припаѓаат на блиски соработници на мафијата. Месина Денаро се смета за „кум“ на Коза Ностра во Сицилија, една од најголемите мафијашки организации во Италија. Тој …

Голема потера по „кумот“ на Коза Ностра на Сицилија, Матео Месина Денаро Read More »

Нови 27 случаи на заразени со делта сојот во Нов Зеланд, во Оукленд протести против седумнеделното „заклучување“


Претставници на здравствените власти од Нов Зеланд денеска соопштија за 27 нови случаи на многу заразната делта варијанта на коронавирусот во Оукланд, во кој  граѓаните излегоа на улиците протестирајќи против речиси двомесечното затворање на најголемиот град во земјата. Британските медиуми јавуваат дека 1,7 милиона жители на Окленд во понеделникот ја чекаат владината одлука дали ќе …

Нови 27 случаи на заразени со делта сојот во Нов Зеланд, во Оукленд протести против седумнеделното „заклучување“ Read More »

Анкета: Поддршката за Бајден за еден месец е опадната од 54 на 50 проценти, во јули била 59 отсто


Последните сондирања на јавното мнение во САД покажуваат дека имиџот на американскиот претседател Џо Бајден претрпува значителни последици поради кризите што избија во последните недели, пренесува агенцијата Анадолија. Резултатите од анкетата, спроведена од Асошиетед прес (АП) и истражувачкиот центар НОРЦ, покажаа дека поддршката за Бајден за еден месец е опадната од 54 на 50 проценти, …

Анкета: Поддршката за Бајден за еден месец е опадната од 54 на 50 проценти, во јули била 59 отсто Read More »

Зошто многу Германци поддржаа партии кои немаа шанси да освојат пратеничко место?


Во неделата во Германија стотици илјади гласови беа дадени за партии од периферијата, што немаат шанси да влезат во парламентот. Според социолозите, ова се должи на замор од етаблираните партии и зголемениот индивидуализам во општеството. Помалите партии, кои вообичаено се надвор од центарот на вниманието за време на германските федерални избори, овој пат имаа подобри …

Зошто многу Германци поддржаа партии кои немаа шанси да освојат пратеничко место? Read More »

Саакашвили почнал штрајк со глад во притвор


Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили, кој беше уапсен вчера попладне при влегуивање во земјата, почна штрајк со глад и побара да се сретне со украинскиот конзул, јави грузискиот правобранител Нино Ломџарија. -Кога го посетив, тој беше на лекар и на медицински прегледи. Подоцна ни беше дозволено да разговараме во затворската ќелија. Тој ни кажа дека …

Саакашвили почнал штрајк со глад во притвор Read More »

Вакцината против Ковид-19 ќе биде задолжителна за сите ученици во Калифорнија


Сите ученици во Калифорнија кои сакаат да посетуваат настава во државни или приватни училишта ќе мора да бидат вакцинирани, соопшти вчера гувернерот на оваа американска сојузна држава Гевин Њусом. Одлуката се однесува на шест милиони ученици и студенти во Калифорнија, која е најнаселената држава во САД. Оваа обврска за задолжителна вакцинација нема да стапи на …

Вакцината против Ковид-19 ќе биде задолжителна за сите ученици во Калифорнија Read More »

Грузиските власти го уапсија Саакашвили


Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили денеска е уапсен откако по осум години се врати во својата татковина. Како што јави руската агенција ТАСС, апсењето на грузискиот опозиционер го потврди премиерот на Грузија Иракли Гарибашвили во пресрет на локалните избори. Саакашвили, кој ја предводеше револуцијата во Грузија во 2003 година, смета дека обвинувањата против него, кои …

Грузиските власти го уапсија Саакашвили Read More »

Две третини од Германците бараат оставка од Армин Лашет


Мнозинството Германци бараат оставка на Армин Лашет од претседателството на ЦДУ во анкетата на дифузерот АРД. Две третини од испитаниците се на ова мислење по историски лошиот изборен резултат за Унијата на федералните избори. Исто така, 60 проценти од поддржувачите на ЦДУ сметаат дека Лашет треба да поднесе оставка на својата функција. Само околу еден …

Две третини од Германците бараат оставка од Армин Лашет Read More »

Европејците и натаму со летно и зимско сметање на времето


Иако Европската комисија пред три години предложи да се укине сезонското поместување на стрелката на часовникот, земјите-членки се уште не се договорија за ова, и се чини дека нема да го направат тоа во догледна иднина, јавува Хина. – Во недела, на 31 октомври, ќе ја поместиме стрелката на часовникот, изјави денеска портпаролот на Еврокомисиијата …

Европејците и натаму со летно и зимско сметање на времето Read More »

Лудило во Јапонија поради свадбата на принцезата Мако


Венчавката на принцезата Мако со „обичниот смртник“ Кеи Комуро ја следат скандали, злобни коментари на таблоидите и неодобрување на јавноста   Кога ја објавија својата неофицијална свршувачка пред четири години, беа избрани како совршен пар: млада принцеза и адвокат специјализант, за кого таа беше подготвена да го жртвува својот империјален статус. Сега звукот на свадбените …

Лудило во Јапонија поради свадбата на принцезата Мако Read More »

Прва жена премиер во Тунис, и во арапскиот свет


Наџла Буден Ромдане има големи задачи зададени од сѐ поавторитарниот претседател: да се бори против корупцијата, да ја заузда пандемијата на Ковид-19 и да спречи Тунис да не банкротира   Тунижанката Наџла Буден Ромдане сега откри колку е краток патот до историските книги. Во вторникот, 63-годишната жена им беше позната само на упатените во администрацијата …

Прва жена премиер во Тунис, и во арапскиот свет Read More »

Во Авганистан приведени вкупно 32 новинари, а затворени 153 медиуми


Организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ (Human Rights Watch) денеска соопшти дека од средината на август, талибанците во Авганистан привеле најмалку 32 наовинари. Дел од нив биле ослободени од притвор откако биле предупредени за нивното пишување, а некои од нив биле претепани. ХРВ тврди дека талибанците минатиот месец им наложиле на авганистанските …

Во Авганистан приведени вкупно 32 новинари, а затворени 153 медиуми Read More »

Швајцарија деблокира 1,2 милијарда евра за сиромашните земји-членки на ЕУ


Швајцарија деблокира вкупно 1,3 милијарди франци (1,2 милијарди евра) финансиска помош за сиромашните земји-членки на Европска Унија, во обид да ги подобри тензичните односи со својот најголем трговски партнер. Горниот дом на швајцарскиот Парламент вчера одобри ислата на 1,3 милијарди франци во следните години. Средствата се замрзна ни во 2019 година по спорот за меѓусебно …

Швајцарија деблокира 1,2 милијарда евра за сиромашните земји-членки на ЕУ Read More »

Француската влада се обидува да ја стави под „контрола“ високата цена на енергијата


Францускиот премиер Жан Кастекс најави дека ќе ги „блокира цените на гасот“ до април со помош на „тарифниот штит“, јави дописникот на МИА од Париз.  – Мораме да управуваме со исклучителниот „скок“ на цените на гасот оваа зима. Овој ценовен „удар“ се очекува да исчезне на пролет, рече Кастекс. Регулираните цени на гасот денеска ќе пораснат за 12,8 отсто – „последно покачување“, вети Кастекс, откако пораснаа за 25 отсто летово …

Француската влада се обидува да ја стави под „контрола“ високата цена на енергијата Read More »

Пеле ќе продолжи да се лекува со хемотерапија


Легендарниот бразилски фудбалер Пеле ќе го продолжи процесот на лекување со хемотерапија, откако во четвртокот вечер беше отпуштен од болницата во Сао Паоло по отстранувањето тумор од дебелото црево. – Едисон Арантес до Насименто е отпуштен од болницата. Неговата здравствена состојба е стабилна и ќе прима хемотерапија по отстранувањето на туморот на 4 септември, соопшти болницата „Алберт …

Пеле ќе продолжи да се лекува со хемотерапија Read More »