ОМВ: Ќе продолжиме да плаќаме за рускиот гас во евра, а не во рубљи


 Австриската групација за нафта и гас ОМВ ќе продолжи да го плаќа рускиот гас во евра, а не во рубљи, изјави извршниот директор Алфред Стајн. „Ова е основата на нашиот договор, не смеам да постапувам поинаку“, изјави шефот на австриската компанија во интервју за телевизијата Пулс24. Тој рече дека ја видел објавата на рускиот претседател […]

Јанша: Руското гранатирање може да предизвика хемиска „катастрофа“


Руското гранатирање на хемиски погони во Украина може да предизвика „катастрофа од големи размери“, предупреди словенечкиот премиер Јанез Јанша на почетокот на специјалниот самит на НАТО. – Загрижени сме кога гледаме дека руските сили гранатираат хемиски постројки и слични објекти. Ова може да предизвика катастрофа од големи размери, рече тој. Тој додаде дека не мисли […]

Британија ја стави на листата на санкции и ќерката на Сергеј Лавров


  И поќерката на Сергеј Лавров е ставена на новата листа на санкции што ги воведе велика Британијана која се наоѓаат низа руски „олигарси, бизниси и најмени насилници“. Исто така, меѓу целите на новите мерки објавени денеска се платеници од групата „Вагнер“ – познати како „приватната армија на Путин“ и обвинети за обид за атентат […]

Украинската армија уништила брод на руската морнарица во Бердјанск


Украинската армија соопшти дека голем руски брод е уништен во близина на јужниот пристаништен град Бердјанск. Во објава на Фејсбук, морнарицата на Украина соопшти дека голем десантен брод – „Орск“ – утрово бил погоден и запален во Азовското Море. – Големиот десантен брод Орск на Црноморската флота на окупаторите е уништен во пристаништето Бердјанск заробено […]

Пекинг: Тврдењата на НАТО дека Кина ја поддржува Русија е дезинформација


  Пекинг го обвини генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за „ширење дезинформации“ тврдејќи дека Кина ја поддржала руската војна против Украина во услови на зголемен меѓународен притисок да се дистанцира од Москва. Кина одбива да го осуди својот близок сојузник Русија за инвазијата на Украина и заостанува зад многу други земји во обезбедувањето хуманитарна […]

УНИЦЕФ: Половина од децата во Украина приморани да ги напуштат домовите


Секое второ дете во Украина е приморано да го напушти домот поради воените дејствија во земјата. „Тоа е неверојатно. Од почетокот на војната пред еден месец од сите деца во земјата секое второ морало да го напушти својот дом“, изјави портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер, кој додаде дека доколку војната не престане се повеќе од децата во […]

Столтенберг: Русија направи голема грешка кога ја нападна Украина


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг утрово пред самитот во Брисел изјави дека Русија направила голема грешка со инвазијата врз Украина. Столтенберг потврди дека НАТО ќе почне да преговара за распоредување на трупи на Алијансата во Романија, Унгарија, Словачка и Бугарија Тој исто така рече дека сојузниците и дале поддршка на Украина за да и […]

Свиркач тврди дека расте ризикот од државен удар против Путин


Ризикот од државен удар на Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) против претседателот Владимир Путин секоја недела расте додека војната во Украина продолжува, изјави свиркач од самиот врв на руската разузнавачка служба, пренесува „Гардијан“. Свиркачот Владимир Осечкин тврди дека „безбедносните служби ги зафатиле хаос и незадоволство по неуспешната руска инвазија врз Украина“. Осечкин е протеран […]

Австралискиот премиер го оцени како „чекор предалеку“ планот на Путин да присуствува на претстојниот Самит на Г20


Австралискиот премиер Скот Морисон, денеска го окарактеризира како „чекор предалеку“ планот на рускиот претседател Владимир Путин да присуствува на Самитот на Г20 закажан за октомври оваа година. Морисон пред медиумите во Мелбурн ја окарактеризира руската инвазија врз Украина како насилен и агресивен чин што го урива меѓународното владеење на правото. „И идејата да се седне на маса со Владимир […]

Русија одбива да врати странски авиони во вредност од 20 милијарди долари


Руската Федерација одбива да им врати на западни лизинг компании над 500 авиони во вредност од 20 милијарди долари, информираше рускиот министер за транспорт Виталиј Савелиев, јавија руски медиуми. Руската Влада „сè уште не одлучила“ што да прави со авиокомпаниите, што беа принудени да ги остават своите авиони и покрај барањето на сопствениците да ги […]

(Видео) Руските хеликоптери користат необичен и непрецизен начин за истрелување ракети во Украина


Едно ново видео покажува дека Русите во Украина ги претвораат своите хеликоптери во воздушни системи за повеќекратно лансирање ракети. Овој метод го проширува досегот на ракетите, но е далеку од прецизен. Видеото објавено на Твитер на 17 март 2022 година, покажува напад воздух-земја на руски хеликоптери во Украина, користејќи необичен метод за испалување на ненаведувани […]

Промена: Русите заземаат дефанзивни позиции надвор од Киев


  Изгледа дека стратегијата на руската војска околу главниот град на Украина се менува. Пентагон, на брифинг со новинарите, рече дека руските трупи усвојуваат одбранбени позиции северно од Киев, наместо да напредуваат, додека руските напори на други места се во застој. Американските безбедносни дописници твитаа детали од брифингот. Џек Деч, известувач на Форин полиси, објави […]

Следните две недели ќе ја одредат судбината на Украина


   „Една од две работи веројатно ќе се случи во следните неколку недели: или ќе видиме значителна оперативна пауза и некаков вид на прекин на огнот што ќе доведе до решение, или ќе започне период на повторно вооружување во кој Русија ќе организира нови единици“, прогнозира воениот експерт Мајкл Кофман. Кофман за американското издание на […]

Убиени уште двајца руски команданти во Украина


  Уште двајца од високите команданти на руската војска беа убиени во инвазијата на Украина, со што се проценува дека нивната бројка стигна до 17. Мајорот Дмитриј Топтун, водач на моторизиран баталјон, наводно загинал кога неговото оклопно возило било погодено од противтенковска ракета во Изјум, во близина на Харков. Командантот на падобранците, мајорот Алексеј Осокин, […]

И официјално САД ја обвинија Русија за воени злосторства во Украина


  САД формално ги обвинија руските сили за воени злосторства во Украина и рекоа дека ќе бараат одговорност „користејќи ја секоја достапна алатка“. Соопштението дојде кога Џо Бајден замина на патување во Европа за да го зајакне западното единство наспроти сè побруталната инвазија. Државниот секретар, Антони Блинкен, рече дека САД дошле до својот заклучок користејќи […]

Руска новинарка загина од руски бомби во Киев


  Руска новинарка загина откако беше погодена од руски гранати во Киев додека го снимаше уништувањето од ракетен оган на трговски центар во областа Подолски. Оксана Баулина, видео-новинар на „Инсајдер“, независна веб-страница за вести со седиште во Русија, а исто така активист, почина заедно со уште еден цивил, додека две лица кои ја придружуваа беа […]

Во украински раце падна таинствениот руски систем за попречување „Красуха-4“


  Украинските војници успеаја да заробат еден дел од познатиот руски систем за попречување „Красуха-4“, а западните разузнавачки агенции со нетрпение чекаат прилика да го разгледаат за да утврдат колку добро системот ги надгледува и попречува авионите на НАТО, пишува лондонски „Телеграф“. „Красуха-4“ е повеќенаменска станица за заглавување, а системот се состои од две возила […]

САД и официјално – руските сили во Украина извршиле воени злосторства 


 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска и официјално ја изнесе позицијата на САД дека руските сили во Украина извршуваат воени злосторства и дека е потребно формирање на суд што ќе ја утврди одговорноста и ќе ги процесуира овие злосторства.  -Врз основа на расположливи информации денеска можам да објавам дека американската Влада оценува дека припадници на […]

Медлин Олбрајт, првата жена државен секретар на САД, почина на 84 години


  Медлин Олбрајт, првата жена државен секретар на САД, почина од рак, соопшти нејзиното семејство во средата. Таа имаше 84 години. Претседателот Бил Клинтон ја избра Олбрајт за прв дипломат на Америка во 1996 година за време на неговиот втор мандат. Во првиот мандат на Клинтон, кога државен секретар беше Ворен Кристофер, Олбрајт беше американски […]

Столтенберг може уште година – две да остане на функција во НАТО


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг би можел да остане на функцијата подолго од планираното, така што нема да биде гувернер на норвешката Централна банка на крајот на годината, соопшти денеска норвешкото Министерство за финансии. – Се подготвуваме за ситуацијата Јенс Столтенберг да остане подолго на чело на НАТО. Не знаеме колку долго би можело […]