Неколку повредени во судирите на Ридот на храмот во Ерусалим


Израел– Неколку Палестинци се повредени во судирите што избија денеска меѓу безбедносните сили и Палестинците на Ридот на храмот во Ерусалим, соопшти израелската полиција.

Стотици млади Палестинци на Ридот на храмот изградија бариери од железни шипки и камења за да спречат пристап до светилиштето.

Ридот на храмот е третото најсвето место во исламот. Сепак, тоа е исто така свето и за Евреите бидејќи некогаш таму имало два еврејски храма.

Евреите во моментов ја слават Пасха, а еден од обичаите е аџилакот во Ерусалим.

Ридот на храмот се наоѓа недалеку од базиликата на Светиот гроб, каде што христијаните утрово имаа велигденска миса.

Палестинците фрлале камења во правец на автобусот, кој се движел кон Стариот град на Ерусалим, при што се повредени неколку патници, соопшти полицијата.

Двајца осомничени се уапсени.