Канцеларија на ЕУ во Мариупол погодена од руска граната


Канцеларијата на Советодавната мисија на ЕУ во Украина беше погодена од руско гранатирање во Мариупол, но никој од тие што работеа таму не е повреден, изјави во вторникот шефот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел. „Денес, Советодавната мисија на ЕУ Украина (ЕУАМ) доби веродостојни информации дека просториите на нејзината теренска канцеларија во Мариупол беа […]

Би Би Си: Експлозии во близина на Киев


Експлозии повторно одекнаа утринава во близина на Киев, објави британскиот јавен сервис Би Би Си. Според медиумот, денешниот ден во главниот град на Украина започнал со сирени за тревога, по што од правец на предградијата се слушнале силни експлозии. Вибрации, како што се додава, биле почувствувани и во центарот на Киев. Дописникот на Би Би […]

Тројца малолетници претепале 15-годишник во Германија – најден на гробишта


  На гробиштата во германскиот Херне, кој се наоѓа меѓу Бохум и Гелсенкирхен, најден е тешко повреден 15-годишник. Германски Ер-те-ел пишува дека за нанесување тешки повреди, поради кои малолетникот е во животна опасност, осомничени се три момчиња од 12 до 13 години. Полицијата вели дека тинејџерот во саботата рано наутро се скарал со осомничените кои […]

Украина ќе потпише безбедносни гаранции само по повлекување на руските трупи


Потпишување договор за безбедносни гаранции за Украина е можно дури откако руските војници ќе се вратат на своите позиции од 23 февруари 2022 година. Тоа го изјави постојаниот претставник на Украина во Советот за безбедност на ОН, Сергеј Кислица. Кислица нагласи дека страните во руско-украинските разговори ќе ги продолжат консултациите за подготовка на договор за […]

Ракетен напад на градот Лисичанск


Украинскиот град Лисичанск, кој се наоѓа во источниот дел на земјата, е гранатиран, а наводно биле погодени станбени блокови. – Оштетени се повеќе високи згради. Чекаме информации за жртвите. Многу згради се урнаа. Спасувачите се обидуваат да ги извлечат луѓето под урнатините, напиша на Телеграм регионалниот лидер на Луганск, Сергеј Гајдаи. 

Трамп: Путин да објави сè за аферите на Хантер Бајден во Русија


 Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги објави сите компромитирачки информации за семејството Бајден и односите на Хантер Бајден со олигарсите во источна Европа, пишува лондонски „Гардијан“. – Мислам дека Путин ги знае одговорите на тоа и треба да ги објави. Сметам дека треба да го добиеме тој одговор, […]

САД: Москва може да апси Американци во Русија


САД– Москва може да приведува американски граѓани во Русија, соопшти Стејт департментот, предупредувајќи ги Американците да не патуваат во таа земја. Во препораката за патување се наведува и дека предупредувањето е поради „неиспровоцираната и неоправдана инвазија врз Украина од страна на руските воени сили“, како и поради можноста руските власти да ги вознемируваат американските граѓани. Американците […]

Министрите за здравство на ЕУ размислуваат за заеднички мерки против пандемијата


Белгија – Министрите за здравство на ЕУ денеска изјавија дека сакаат подобро да ги координираат различните национални политики за четврта доза вакцина против коронавирусот и побараа од извршната власт во Брисел да претстави план следната недела. – Денес гледаме земји кои отворија процедура за четврта доза за лица над 75 години, други за над 80 години, како што е случајот […]

Русија „радикално“ ќе ги намали воените активности кај Киев и Чернихив


  По четиричасовните преговори во Истанбул меѓу Русија и Украина сепак има некакви резултати. Заменик-министерот за одбрана на Русија, Александар Фомин, рече дека Москва одлучила „радикално да ја намали воената активност во насока на Киев и Чернихив“ со цел „да ја зголеми меѓусебната доверба и да создаде соодветни услови за идните преговори и да ја […]

Западот е скептичен дека Русија ќе се држи до договереното


  Русија веќе почнува да повлекува дел од своите сили од регионот на Киев, откако најави дека „радикално ќе ја намали“ воената активност на мировните преговори во Турција денеска. Разузнавачите на САД и Велика Британија идентификуваа движења баталјонот на тактичките групи околу Киев, откако заменик-министерот за одбрана Александар Фомин рече дека нивните војници ќе почнат […]

Небулози од Кремљ, Украинците да се разоружаат за да има хуманитарен коридор


Условите за спроведување хуманитарна операција што Франција ја бара за да им се помогне на граѓаните во опколеното украинско пристаниште Мариупол „во оваа фаза не се исполнети“, соопшти кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон откако тој денеска телефонски разговараше со неговиот руски колега Владимир Путин. Макрон ја истакна мисијата што ја бара заедно со Турција и Грција од Путин, кој наведе дека […]

ФДА одобри четврта доза на Фајзер или Модерна за постари од 50 години


САД – Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) одобри уште една засилувачка доза на Ковид-19 од вакцините Фајзер или Модерна за луѓе на возраст од 50 години и постари.  Тоа значи дека лицата од оваа возрасна група ќе можат да примат вакцина најмалку четири месеци од нивното ревакцинирање со треттата доза. Досега, ФДА ја дозволуваше четвртата […]

Дали видеото со руските заробеници прикажува пукање во нозе?


  Украинските власти ги истражуваат видео снимките за кои се тврди дека прикажуваат украински војници како пукаат во нозете на руските воени заробеници. Замаглено видео кружи на социјалните мрежи откако првпат се појави во раните утрински часови во неделата (27 март). Оттогаш, тоа е нашироко повторно објавено од проруски профили на различни платформи. Врховниот командант […]

Белгија и Холандија протеруваат руски дипломати


Белгија –  Белгија протерува 21 руски дипломат поради наводно шпионирање и претставување закани за безбедноста, соопшти Министерството за надворешни работи. Руските дипломати се од амбасадата на Москва во Брисел и конзулатот во Антверпен. – Сите тие беа акредитирани како дипломати, но работеа на операции за шпионирање и влијание, изјави портпаролот на Министерството. Холандското Министерство за […]

Велика Британија го зајакнува военото присуство на Арктикот


Англија – Велика Британија има намера да го зајакне своето воено присуство на Арктикот, изјави денеска во Норвешка британскиот министер за одбрана Бен Волас. Велика Британија воено ќе работи на „подлабока интеграција и интероперабилност со земји како Норвешка“ за да го заштити Северното Море, рече Валас на прес-конференција во Бардуфос на северот на нордиската земја. Британскиот […]

Одеса здивна – руските бродови се повлекоа


  Среде гласните сирени за воздушни напади, неизбежните контролни пунктови и честите патроли кои кружат низ градот и сеприсутните стравови од руски напади, историското и космополитско пристаниште на Украина во Одеса полека се обидува да ја врати својата славна релаксација, како да се работи за уште едно оружје во борбата против Кремљ. „Музиката е живот. […]

(Видео) Објавена снимка од рускиот ракетен напад врз Миколаев


Украинските државни служби соопштија дека три лица загинале во воздушниот напад утринава врз главната владина зграда во Миколаев. Досега, велат, од под урнатините во пристанишниот град се извлечени 18 преживеани. Скај наведува дека се верува дека нападот бил насочен кон локалниот лидер Витали Ким, но тој во тоа време не бил во зградата. На Твитер […]

Oбложувалниците и даваат мали шанси за победа на македонската репрезентација


 Само пет насто се шансите македонските фудбалери да ја совладаат португалската репрезентација вечер во финалето од плејофот за пласман на Светското првенство 2022, според „BETCITY“. Коефициентот за победа се движи околу 18. На Португалија и се даваат 81 насто шанси за победа (коефициент 1,19), додека 14 % е веројатноста натпреварот да заврши без победник (коефициент […]

Кремљ: Наводното труење на Абрамович е дел од „информативната војна“


Наводното труење на рускиот милијардер Роман Абрамович за време на средбите во Киев со украински мировни преговарачи претходно овој месец, нема никаква врска со реалноста, тврди Кремљ. Како што објави Би Би Си, Русија смета дека таквите наводи се дел од „информативната војна“.

Макрон денеска телефонски ќе разговара со Путин


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти Елисејската палата. Портпаролката на француското Министерство за надворешни работи, Ан-Клер Лежандре, изјави дека Макрон за денеска планира повторно да разговара со Путин. Лежандре истакна дека се очекува да се разговара за деталите од планираната хуманитарна операција за евакуација на цивили од Мариупол, […]