Страшна снимка на Си-Ен-Ен: Руски војници убиваат цивили во авто салон во Киев


Руските војниви разговараат со двајцата цивили неколку моменти пред да ги убијат

 

Руските војници застрелаа двајца невооружени цивили додека се оддалечуваа по конфликтот во предградијата на украинскиот главен град Киев.

Си-Ен-Ен доби снимка од инцидентот, кој украинското обвинителство сега го истражува како воено злосторство.

Двајцата цивили загинале по пукањето, што е спротивно на таканаречените правила на војна, кои забрануваат пукање во цивили. Си-Ен-Ен ги идентификуваше жртвите. Едниот бил сопственик на ограбен салон за автомобили, чие семејство не сака да биде именувано. Другиот бил Леонид Олексиевич Пљац (68) кој работел таму како чувар.

Неговата ќерка Јулија не можеше да ја гледа снимката, но ја чува за да може да им ја покаже на своите деца еден ден за да не заборават колку диви биле напаѓачите.

„Тие се крвници“, изјави таа за Си-Ен-Ен. „Ова е ужасно бидејќи татко ми беше цивил, имаше 68 години, мирен и невооружен човек“.

Но, она што се случи пред автосалонот на 16 март не беше борба меѓу војници или дури војници со вооружени цивили.

Видеото го потврди Си-Ен-Ен. Составено е од бројни камери околу имотот и, иако нема звук, сликите се јасни. Тоа беше кукавичко, ладнокрвно убиство на двајца невооружени мажи.

На снимката се гледа како пет руски војници доаѓаат и се обидуваат да упаднат во деловни објекти, пукаат во брави и кршат стакло.

Додека сопственикот се приближува со кренати раце, го запираат и го претресуваат да видат дали има оружје. Потоа доаѓа Пљац кого исто така го претресуваат. Изгледа дека имало разговор пред војниците да се свртат и двајцата цивили да почнат да се враќаат назад кон својата стражарска станица.

Потоа најмалку двајца војници доаѓаат зад мажите и отвораат оган. Двајцата цивили паѓаат на земја.

Си-Ен-Ен побара коментар од руското Министерство за одбрана, но се уште не добиле одговор.

По гледањето на видеото, главниот украински обвинител рече дека инцидентот се истражува како воено злосторство.

Покрај убиството, на видеото се гледа и многу непрофесионално однесување на група од пет војници, кои по униформите беа идентификувани како припадници на руските сили. Анализата се заснова на податоци за тоа кој ја контролирал областа во тоа време и изјавите на сведоците.

Руските војници и застреланите цивили

Додека војниците ограбуваа деловни објекти, Пљац сè уште беше жив. На снимката се гледа како тој се мачи да стане, врзува нешто околу бутот и куца назад кон стражарското место.

Таму зема телефон да повика помош.

Тој повик беше упатен до неговите сонародници.

Силите на украинските доброволци се обидоа да го спасат Пљац, разменувајќи оган со руските сили додека се мачеа да стигнат до него, изјави командантот на групата, кој не сакаше да биде идентификуван за да ја заштити својата безбедност.

Надзорните снимки покажуваат како Пљац паѓа во стражарска колиба кога Украинците стигнуваат до него. Го извлекуваат надвор, оставајќи локва крв. Тој почина таму пред стражарската колиба. Командантот рече дека искрварил до смрт бидејќи цивилните борци првично морале да се повлечат, тие едноставно немале огнена моќ да ги потиснат тенковите и топовите што ги имаа Русите во областа.

Цивилниот командант рече дека Пљац и сопственикот на автосалонот биле предупредени дека Русите се приближуваат, но решиле да останат. Ќерката на Пљац рече дека верувал во исполнувањето на својата должност, па тој отишол на работа. Се чинеше дека никој немаше поим како ќе се однесува со нив додека се приближуваа до војниците.