И на Русија ѝ снемува муниција за модерните оружја


  Русија нема модерно оружје и мора да прибегне кон употреба на тешки противбродски ракети во копнените напади против Украина – кои се многу неточни и можат да предизвикаат значителни жртви и колатерална штета, соопшти британското Министерство за одбрана. Видовме пред неколку недели за време на руските напади врз јужниот град Одеса, тие користеа стари […]

Велика Британија ќе пали ковид опрема во вредност од четири милијарди фунти


Англија – Британската влада планира да го запали огромното количество неупотреблива лична заштитна опрема купена за време на пандемијата на коронавирусот. Вредноста се проценува на 4,7 милијарди евра, соопшти вчера  надзорната организација за јавна потрошувачка. Идејата за палење на маски за лице, хируршки наметки и друга лична заштитна опрема не го импресионираше надзорниот одбор. Комисијата истражува […]

Пекинг станува ново „експлозивно“ жариште на Ковид-19


Кина– Најновото жариште на Ковид-19 кое изби во Пекинг, е поврзано со кафулињата во главниот град на Кина и е „експлозивно“ по природа, има силен потенцијал и е сложено, изјави денеска портпаролката на градската управа. Главниот град на Кина регистрира 46 нови случаи на ковид денеска до 15 часот по локално време, изјави здравствениот претставник Лиу Ксијаофенг. Од вкупно 1.946 локални случаи […]

Повеќе од 800 килограми кокаин пронајдени во кутии со банани во супермаркети во Чешка


Чешка– Локалната полиција заплени 840 килограми кокаин пронајдени во гајби со банани во супермаркети во два града во Чешка. Вредноста на дрогата се проценува на 81 милион евра, соопшти вчера чешката полиција. Вработените во супермаркетот во градовите Јичин и Рихнов над Књежној ја известиле полицијата откако пронашле сомнителна содржина во кутиите. Полицијата соопшти дека пребарала и други места каде биле испорачани […]

Фон дер Лајен пристигна во Киев на средби со Зеленски и Шмигал


Украина– Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска пристигна во Киев во уште една посета посветена на амбициите на Украина за пристапување во Европската унија и реконструкција. – Се вратив во Киев за да се сретнам со претседателот (Володимир) Зеленски и премиерот (Денис) Шмигал, им рече Фон дер Лајен на новинарите известувајќи за […]

Австралија ќе плати 555 милиони евра за откажувањето на набавката на француски подморници


Австралија– Австралија ќе плати 555 милиони евра компензација на француската државна Навал група за да стави крај на аферата со подморниците, изјави денеска премиерот Ентони Албанезе. Француската групација ја прифати „фер и правичната спогодба“ од 555 милиони евра (584 милиони долари), изјави новиот шеф на австралиската Влада. Парите ќе бидат исплатени за прекршување на гигантскиот договор од […]

Московскиот суд казни новинар за дискредитација на руската армија во објава на Фејсбук


Русија– Судот во московскиот округ Хамовники вчера му изрече казна од 60.000 рубљи (968 евра) на новинарот Илја Азар поради објава на Фејсбук, која, според обвинението, ја дискредитирала руската армија. Според соопштението на прес-службата на судот, делото за административен прекршок е за објавата на Азар на Фејсбук, посветена на борбите во областа на украинскиот град […]

Трамп ја нападна и сопствената ќерка Иванка за бунтот на Капитол


  Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја нападна неговата ќерка Иванка откако таа се огради од неговите неосновани тврдења за масовна изборна измама. Истрагата за немирите во Капитол на САД во 2021 година во четвртокот емитуваше претходно невидена снимка од г-ѓа Трамп која ги отфрла тврдењата. Доналд Трамп рече дека Иванка не ги гледала резултатите […]

Бајден за Зеленски: „Не ми веруваше дека Русија ќе ја нападне Украина“


  Американскиот претседател Џо Бајден изјави во петокот дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „не сакал да ги слушне“ предупредувањата на САД пред руската инвазија на неговата земја. „Ништо вакво не се случило од Втората светска војна и многумина мислеа дека претерувам“ кога зборував за рускиот напад врз Украина пред да започне, рече Бајден на приемот […]

Во Мариупол избувна епидемија на колера и дизентерија


Украина– Во Мариупол избувна епидемија на колера и дизентерија, изјави градоначалникот Вадим Бојченко и предупреди дека илјадници луѓе би можеле да заболат од колера и други смртоносни болести додека има тела на улица, а летото носи потопло време. Бојченко тврди дека бунарите се загадени со телата на загинатите за време на неколкунеделното руско бомбардирање и опсада и […]

Повеќето од новите државјани на Германија се Сиријци


Минатата година во Германија биле натурализирани 20 отсто повеќе луѓе во однос на претходната година, а најголем дел од новите државјани се од Сирија. Според Централното биро за статистика, во 2021 година германско државјанство добиле 131.600 странци. Вкупно 19.100 сириски граѓани добиле германско државјанство, што е три пати повеќе отколку во 2020 година, соопштија статистичарите […]

Стотици платеници на групата „Вагнер“ убиени во напад во Донбас?


  Се смета дека стотици руски платеници на „Вагер“ се убиени откако украинската артилерија разнесе депонија за муниција во Донбас, оставајќи само еден преживеан. Серхи Хаидаи, гувернер на провинцијата Луганск, денеска изјави дека украинските сили ја уништиле базата – лоцирана на спортски стадион во градот Кадиивка – во напад што се случи во четвртокот. Непотврдени […]

САД го укинуваат задолжителниот ковид-тест за патниците во авионите


 САД го укинуваат задолжителното тестирање за Ковид-19 за патниците кои доаѓаат во земјата со авион, соопшти денеска Белата куќа. Соочени со појавата на варијантата омикрон, американските здравствени власти ги заострија процедурите за тестирање за влез во САД во декември 2021 година. Сите патници на возраст над две години мораа да приложат негативен тест за ковид направен […]

Девет земји сакаат да се зајакне источното крило на НАТО


Лидерите на девет земји од Централна и Источна Европа денеска во Букурешт разговараа за зајакнувањето на источното крило на НАТО, соочени со руската агресија врз Украина, а состанокот е одржан пред претстојниот самит на Алијансата закажан за крајот на јуни во Мадрид. – Зацврстувањето на НАТО на источното крило станува сè поитна и позначајна потреба […]

Малезија најави укинување на смртната казна


Малезија денеска најави укинување на смртната казна, која сега е предвидена за многу кривични дела. Министерот за правда, Ван Џунади Туанку Џафар, рече дека Владата ќе разгледа предлози за други казни за 11 кривични дела кои носат смртна казна според важечките закони, како и за 20 други дела, за кои судовите не мора, но можат […]

Украинско разузнавање: Русија со ова темпо може да ја води војната уште една година


  На Русија ѝ снема прецизни ракети и ќе може да ја продолжи војната со сегашното темпо само една година, тврди Украинскиот директорат за одбрана. Главната управа за разузнавање на украинското Министерство за одбрана соопшти дека Русија изведува многу помалку ракетни напади и дека користи ракети Кх-22, за кои рече дека се „стари советски ракети […]

Финска планира да подигне ограда на границата со Русија


  Финска планира да подигне нова ограда на делови од границата со Русија по руската инвазија на Украина, се дознава денеска од Владата. Стравувајќи дека Москва може да ги искористи мигрантите со цел политички притисок, Хелсинки во четвртокот предложи нацрт-амандман за зацврстување на оградата на некои делови од границата долга речиси 1300 км. Неговото стапување […]

Жена и дете ранети во училиште во Германија


  Жена и дете се ранети во уште неразјаснет инцидент во основно училипте во градот Еслинген на југозападот на Германија. Полицијата наведе дека и понатаму се трага по осомничени за овој инцидент во градто во близина на Штудгарт, а во потрагата се користи и јхеликоптер, пренесе АП: До сега не е јасно дали жртвите се […]

Голем американски терминал за ЛНГ затворен поради експлозија, гасот ќе доцни во Европа


Експлозијата во еден од најголемите американски терминали за извоз на течен природен гас (ЛНГ) ќе доведе до намалување на извозот на американскиот гас на светските и европските пазари, кои веќе се под посебен притисок поради напорите на европските земји да запрат увоз на тој енергенс од Русија поради инвазијата врз Украина. Цената на гасот во […]

Зеленски: Руската инвазија на Украина е „Ковид-22“, а оружјето е вакцина


Володимир Зеленски ја спореди руската инвазија со Ковид и ги опиша оружјето и санкциите како вакцина, бидејќи воената позиција на Украина во Донбас се влошува, пишува „Гардијан“. Украинскиот претседател, говорејќи преку видео врска на гала настан по повод 100-те највлијателни луѓе на годината на магазинот Тајм, повторно лобираше за поголема помош однадвор бидејќи „украинската војска […]