(Видео) Со дрон спасено дете кое се давело во Шпанија


На почетокот на јули во Шпанија благодарение на дрон спасено е 14-годишно момче кое се давело.

Момчето пливало во морето кај брегот Сагунта во Валенсија додека биле истакнати жолти знаменца на предупредување. Но, почнал да се дави, а на помош му притекнале спасувачи кои со дрон му доставиле елек за спасување. Дронот бил во голема предност над вообичаен скутер затоа што не морал да се бори со бранови и така да изгуби драгоцено време.

Момчето не успевало да се врати набрегот поради силните бранови и струи и покажувал знаци на исцрпеност, а во мисијата за спасување заминал дрон и му доставил екел за спасување, кој го одржал на површината. Потоа спасувачите стигнале до момчето со помош на воден скутер со кој донеле носилки.

Момчето по спасувањето е транспортирано во болница каде е прегледано и задржано вотекот на ноќта, а отпуштен е наредниот ден.

Градоначалникот на Сагунта, Дарио морено за „Ел па“ вели дека ова било петто спасување со помош на дрон од јуни. Исто така, исти дронови откриле и подводни дронови кај градот Марбеља со кои се пренесувала дрога низ Гибралтар.

Мотивот за спасување со дронови, делумно бил и случај со жена која починала на воден скутер откако пред тоа покажувала знаци на живот Спасувачите сметаат дека пресудиле секунди и дека тоа направило разлика меѓу животот и смртта.

Дроновите ги произведува комапнијата „General Drones“ основана од поранешен спасувач Адриан Плазас и неговиот колега Енрике Фернандез. Тие со своите дронови обезбеднуваат 20 плажи во регионот на Валенсија.