Претседателот на Шри Ланка спречен да ја напушти државата на аеродром
Претседателот на Шри Ланка остана во сопствената земја откако во понижувачки судир со имиграцискиот персонал на аеродромот на беше пуштен да замине, на сигурно, во странство, велат официјални извори.
Готабај Раџапакса вети дека ќе поднесе оставка во среда и отвори пат за „мирен пренос на власта“ по широките протести против него поради невидената економска криза во земјата.
Раџапакса (73) ја напушти службената резиденција во Коломбо непосредно пред во резиденцијата да упаднат десетици илјади демонстранти, и се обиде да отпатува во Дубаи, наведоа надлежните. Раџапакса како претседател има имунитет од апсење, а се верува дека сака да земине во странство пред да даде оставка за да ја избегне можноста да биде уапсен.

Но, службениците за имиграција не сакале да отидат во ВИП салонот и таму да му удрат печат на пасошот, а Раџапакса рекол дека не сака да оди на шалтер затоа што стравува од одмазда на другите корисници на аеродромот. Претседателот и неговата сопруга преноќиле во воената база покрај главниот меѓународен аеродром откако пропуштиле четири лета кои можеле да ги одведат во Обединетите Арапски Емирати.
Неговиот најмлад брат Базил, кој во април поднесе оставка од местото министер за финансии, го пропушти летот за Дубаи рано утрово по сличен отпор на персоналот на аеродромот. Базил се обиде да ја искористи платената услуга консиерж за деловни патници, но персоналот на аеродромот и имиграцискиот персонал рекле дека се повлекуваат од брзата лента за услуги.
Напната ситуација
„Имаше уште некои од патниците се противеа Базил да се качи на неговиот лет“, вели службеник на аеродромот за АФП. „Ситуацијата беше напната, па тој во брзање го напушти аеродромот“, додава.

Базил е државјанин на САД, но морал да извади нов пасош, затоа што својот го оставил во претседателската палата затоа што семејството Раџапакса набрзина замина за да ја избегнат толпата народ, вели дипломатски извор.
Службени извори веалт дека во вилата оставене ковчег полн со документи заедно со 17,85 милиони рупии во готовина, кои сега се под надзор на судот во Коломбо. Канцеларијата на претседателот не се огласи да каже каде се наоѓа тој сега, но Раџапакса и понатаму е врховен командант на вооружените сили со воени ресурси на располагање.

Сѐ уште на располагање му е воен брод на морнарицата со кој може да отплови во Индија или на Малдивите, вели извор од секторот одбрана. Ако Раџапакса отстапи од функцијата како што вети, премиерот Ранил Викремесинге ќе стане вршител на должност претседател додека парламентот не избере застапник кој ќе го служи претседателскиот мандат до ноември 2024 година.
Шри Ланка, во април, не го плати странскиот долг од 51 милијарди долари и преговара со ММФ за можна финансиска помош. Островот речиси ги исцрпе своите, и онака скудни залихи со бензин. Владата нареди затворање на канцелариите кои не се нужни како и училиштата , за да се намали потребата од патување на работа и да се заштеди гориво.







