Два случаја на вирусот Марбург во Гана, 90 лица во карантин


Во Гана се откриени два случаја на вирусот Марбург, хеморагична треска смртоносна колку и еболата. Овие случаи се првите во земјата, соопштија здравствените власти. По сомнение за зараза со вирусот Марбург, на 8 јули се земени примероци крв од две лица во регионот Ашанти. „Ова е првпат Гана да потврди присустно на Марбург вирусот“, се […]

Шолц: Нема укинување на санкциите против Русија за диктиран мир


ЕУ нема да ги повлече санкциите воведени кон Русија поради нејзината агресија врз Украина, доколку Москва и Киев потпишат мировен договор под руски услови, нагласи германскиот канцелар Олаф Шолц. „Дел од новата реалност е дека и ЕУ се консолидираше. Таа реагираше прилично едногласно на руската агресија и воведе досега невидени остри казнени мерки. Од самиот […]

Во Британија денеска се очекува најтоплиот ден во историјата


Велика Британија денеска би можела да го има најтоплиот ден во историјата, бидејќи се очекува температурите да достигнат до 41 Целзиусов степен. Метеоролошката служба издаде црвено предупредување за високи температури во многу делови на Англија – од Јорк и Манчестер до Лондон и југоисточниот дел на државата, јави Би-Би-Си. Највисоката температура некогаш забележана во Британија […]

Над 1.000 градоначалници потпишаа петиција за Драги да остане премиер на Италија


Над 1.000 италијански градоначалници потпишаа петиција со што се бара премиерот Марио Драги, кој во четвртокот понуди оставка, да остане на својата должност. „Владата мора да продолжи“ со работа, се тврди во петицијата, а меѓу потпишаните се и градоначалниците на Фиренца, Рим, Венеција. Претседателот Серџо Матарела не ја прифати оставката на Драги и го повика […]

Зеленски издаде наредби за смена на шефот на ДБ и на главната обвинителка


Украинскиот претседател Володимир Зеленски доцна синоќа издаде наредби за смена на шефот на украинската Служба за државна безбедност и на главната обвинителка. Наредбите за смена на Иван Баканов, пријател на Зеленски од детството, како и на Ирина Венедиктова, која врши напори за процесуирање руски воени злосторства во Украина, објавени се на официјалната веб страница на […]

Во Шри Ланка прогласена вонредна состојба


Вршителот на должноста претседател на Шри Ланка Ранил Викремесинг прогласи вонредна состојба во државата, додека неговата администрација се обидува да ги смири социјалните немири што произлегуваат од економската криза. „Тоа е со цел, во интерес на јавната безбедност, заштита на јавниот ред и одржување на снабдувањето и услугите од суштинско значење за животот на заедницата“, […]

Фон дер Лајен во посета на Баку за зголемување на испораките на природен гас


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ќе отпатува за Баку, во обид да обезбеди значителен увоз на природен гас од Азербејџан. „Бидејќи Русија силно ги користи своите енергетски резерви како оружје, диверзификацијата на нашиот увоз на енергија е приоритет за ЕУ. Претседателката Фон дер Лајен и комесарот за енергетика Кадри Симсон денеска […]

ЕУ разгледува заострување на санкциите кон Русија


Европската унија денеска ќе ја разгледа можноста за заострување на санкциите кон Русија, бидејќи Москва е обвинета дека ја искористила нуклеарната централа во Запорожје, што ја зазема, за складирање оружје и лансирање проектили кон околните региони на јужна Украина. „Москва мора да продолжи да плаќа висока цена за својата агресија“, изјави претседателката на Европската комисија […]

Зеленски ги смени шефот на Службата за безбедност и државниот обвинител


  Претседателот Володимир Зеленски, со свои укази, ги смени од позициите шефот на Службата за безбедност на Украина (СБУ) Иван Баканов и државниот обвинител Ирина Венедиктова. Причините за нивната оставка не се соопштуваат. Баканов е отпуштен според член 47 од Дисциплинската повелба на вооружените сили на Украина поради неправилно извршување на службените должности, што резултираше […]

Медведев повторно се заканува: Ако го нападнете Крим, ќе следи судниот ден


„Некои украински политичари се обидуваат да ѝ се закануваат на Русија, имајќи го предвид на нападот на Крим, но доколку се случи такво нешто, тогаш ќе дојде судниот ден за сите нив“, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев. „Некои возвишени, крвави кловнови кои периодично излегуваат со некои изјави и се […]

Киев потврди дека сите членови на екипажот на авионот што се урна во Грција биле Украинци


Сите членови на екипажот на украинскиот транспортен авион Антонов-12 што се урна во северна Грција се државјани на Украина, соопшти денеска портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко. Тој на својот Фејсбук профил соопшти дека прелиминарната причина за несреќата во која загинаа сите членови на екипажот е дефект на еден од моторите. Тој додаде дека по инструкции […]

Британски адмирал тврди дека во војната во Украина се убиени или ранети 50 илјади руски војници


Адмиралот на британското Министерство за одбрана, Тони Радакин изјави дека 50.000 руски војници или загинале или се ранети, и додаде дека поради тоа, украинската армија апсолутно верува дека ќе ја добие војната. – Целосно е јасно тие планираат да ја вратат целата своја територија, сведочат на Русија која се мачи, Русија за која се проценува […]

Британско разузнавање: Русија ги зајакнува своите позиции во областите што ги зазема во Украина


Британското Министерство за одбрана денеска соопшти дека Русија ги зајакнува своите одбранбени позиции во областите што ги окупира во јужна Украина. Според разузнавачкиот извештај објавен на Твитер, руските сили преместуваат персонал и опрема и одбранбени залихи меѓу Мариупол и Запорожје, и во Херсон, притоа ги зголемуваат безбедносните мерки во Мелитопол. – Руските одбранбени потези веројатно се одговор […]

Разорните шумски пожари се шират низ Португалија, Шпанија и Франција


Илјадници пожарникари продолжуваат да се борат со пожарите во Португалија, Шпанија и Франција, бидејќи топлотниот бран не покажува знаци на намалување, јави Би-Би-Си. Во северниот дел на Португалија, пилот загина во противпожарен авион во област во близина на границата со Шпанија. Португалските власти соопштија дека најмалку 238 лица починале од горештините во текот на изминатата […]

Портокалово предупредување за екстремни горештини во Англија


Во Англија и делови од Велс денеска стапи во сила портокалово предупредување за екстремни горештини, додека Велика Британија се подготвува за рекордно високи температури. Како што јавува Би-Би-Си, британската метеоролошка служба ќе го прошири предупредувањето на јужна Шкотска од понеделник до вторник, додека метео предупредувањето во Англија за првпат ќе биде подигнато на црвено ниво. Сообраќајните власти во Лондон […]

Киев: Русија се подготвува за следната фаза од офанзивата во Украина


Русија се подготвува за следната фаза од офанзивата против Украина, изјави денеска украински воен претставник, откако Москва објави дека руските вооружени сили ќе ги интензивираат воените операции во „сите оперативни области“. Киев тврди дека руски ракети и проектили гаѓале украински градови во последните денови, а во нападите се убиени десетици луѓе. – Тоа не беа само ракетни напади од […]

Унгарија: Петти ден протести поради новите даноци на Орбан


  Илјадници луѓе протестираа во Будимпешта во саботата по петти ден по ред против владата на Виктор Орбан, додека гневот се продлабочува поради даночните промени кои критичарите велат дека ќе им наштетат на малите бизниси. Унгарците излегоа на улиците откако парламентот во вторникот ја одобри промената на законот што ќе влијае на стотици илјади сопственици […]

Поранешен шеф на украинското разузнавање уапсен за предавство на Крим


Украинските сили го уапсија поранешниот шеф на Службата за безбедност на Украина (СБУ) Олег Кулинич, кој е обвинет за предавство, пренесува „Украинска правда“. По апсењето, СБУ објави дека една од нејзините главни задачи е да ги спречи обидите на Русија да ја прошири својата мрежа на агенти меѓу украинските државни службеници. – Во вакви случаи […]

„Чист пекол“: Пет земји во Европа кои најмногу страдаат од жештината


  Во Обединетото Кралство, во саботата беше свикан итен состанок на кабинетот за да се разговара за првото предупредување за „екстремно црвена“ топлина во Велика Британија. Во Франција, еден пратеник го опиша времето како „пекол“. Во Португалија, премиерот ги следи опасните шумски пожари. Со оглед на тоа што температурите во Западна Европа ќе се искачат […]

Беснеат пожари низ Европа, во тек евакуации: „Ова е постапокалиптично“


  Илјадници пожарникари се борат со огнот низ Европа. Големи шумски пожари беснеат во Португалија, Шпанија, Франција, Грција и други европски земји. Шумски пожари се проширија на југозападот на Франција на речиси 10.000 хектари. До денеска од покраината Жиронд евакуирани се повеќе од 12.000 луѓе, а повеќе од 1.000 пожарникари се обидуваат да ги изгасат […]