Тони Блер: Ерата на доминација на Западот се ближи кон крајот


Поранешниот британски премиер Тони Блер предупреди дека ерата на западната политичка и економска доминација се ближи кон крајот поради рускиот напад врз Украина и подемот на Кина како „втора суперсила“ во светот. Тој рече дека западните сили мора да ги зголемат трошоците за одбрана за да ја задржат својата воена надмоќ. Според Блер, „бруталната и неоправдана“ инвазија на Владимир Путин врз Украина покажа дека Западот […]

Г20 со „силен консензус“ за глобалната безбедност на храната, но без конечна изјава


Министрите за финансии на 20-те најголеми светски економии (Г20) постигнаа „силен консензус“ на дводневниот состанок во Индонезија за прашања како што е глобалната безбедност на храната, но беа поделени во нивниот став за руската инвазија на Украина. Џенет ЈеленАмериканската министерка за финансии Џенет Јелен изјави дека поради разликите во ставовите, министрите за финансии и гувернерите […]

Пожарите продолжуваат да се шират на југозападот на Франција, изгореа 10.000 хектари


Шумските пожари во југозападна Франција денеска се проширија на речиси 10.000 хектари во провинцијата Жиронд, додека во петокот беа 7.300 хектари. Повеќе од 12.200 луѓе се евакуирани од областа до сабота наутро, а повеќе од илјада пожарникари се обидуваат да ги локализираат пожарите, се вели во соопштението на властите на провинциите Нова Аквитанија и Жиронд. […]

Зеленски: Руското општество ќе биде оштетено со децении поради војната во Украина


Руското општество ќе биде оштетено со децении поради војната во Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во своето традиционално полноќно видео обраќање, Зеленски истакна дека Украина ќе ги заштити „човештвото и цивилизацијата“. – Образовните институции уништени од руските напади во Украина ќе бидат обновени. Сепак, руското општество, со толку многу убијци и џелати, ќе остане […]

Нормализирана работата на аеродромот во Сан Франциско


 Меѓународниот аеродром во Сан Франциско соопшти дека ја обновил нормалната работа откако меѓународниот терминал беше евакуиран доцна синоќа по закана за бомба. „Полицијата го прегледа меѓународниот терминал. СФО продолжува со нормална работа“, објави денеска Аеродромот на Твитер. Терминалот беше евакуиран доцна во петокот, откако полицијата пронашла сомнителен предмет на аеродромот по закана за бомба, соопшти […]

Проекција на прогнозата за 2050 година во Британија, веќе се остварува – температури близу 40


Пред две години прогностичарите во Обединетото Кралство спроведоа интересен експеримент. Истражија како нивните прогнози за времето може да изгледаат во 2050 година? Климатската криза доведува до екстремни временски услови во целиот свет, а температурите на северните географски ширини посебно се осетливи на промени. Затоа метеоролозите од Метеоролошката канцеларија на Британија во 2020 година истражија долгорочни […]

Руските сили го гранатираа јужниот украински град Никопол


Руските сили денеска го гранатираа јужниот украински град Никопол, што е последно гранатирање на градски области, при што загинаа најмалку 37 луѓе, а многу беа ранети во последните три дена. Украинските служби за итни случаи соопштија дека две лица се ранети, а две се затрупани под урнатините во Никопол, кој се наоѓа на реката Днепар. […]

Шојгу нареди да се ​​интензивираат операциите во сите правци


Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ги прегледа војниците на Југот и Центарот кои учествуваат во специјалната воена операција во Украина и нареди да се интензивираат акциите во сите оперативни правци, соопшти Министерството за одбрана на Русија. Шојгу ги дал потребните инструкции за дополнително зајакнување на акциите на единиците во сите оперативни правци со цел […]

Од петте гасоводи кои носат руски гас во Европа, само еден е во функција


На Европа очајно и треба руски гас, а добива се помалку од него, што деновиве предизвика голема загриженост. Имено, српскиот експерт за енергетика Милош Здравковиќ во авторски текст за порталот Енергија Балкана изјавил дека од петте гасоводи кои носат природен гас од Русија во Европа, моментално е во функција само Турски тек. Тој прецизираше дека […]

Чешка ќе почне да нуди втора засилена доза на вакцини против Ковид-19


– Чешка од 18 јули ќе почне да нуди втора засилена доза на вакцина против Ковид-19, препорачувајќи ја за луѓе постари од 60 години и за оние во ризични групи, соопшти Министерството за здравство. Бустер дозите ќе бидат достапни за сите постари од 18 години и ќе бидат доброволни, наведуваат здравствените власти. „Сакам сите кои […]

Терминал на аеродромот во Сан Франциско евакуиран поради закана за бомба


Меѓународниот терминал на аеродромот во Сан Франциско е евакуиран доцна синоќа, откако полицијата пронашла сомнителен предмет на аеродромот по закана за бомба, соопшти полицијата на Твитер. Полицијата во Сан Франциско објави дека полицајците добиле закана за бомба на аеродромот и во текот на истрагата пронашле сомнителен пакет. „Поради тековните полициски активности, меѓународниот терминал се евакуира“, […]

Смртта на Ивана Трамп последица на повреди на градниот кош


 Првата сопруга на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Ивана Трамп, почина како последица на повреди на градниот кош, соопштија денеска њујоршките лекари. Нејзината смрт била случајна, се наведува во соопштението, во кое не се прецизираат околностите. Доналд Трамп во четвртокот објави дека Ивана Трамп (73) починала „во својот дом во Њујорк“. Според Њујорк Тајмс, истрагата […]

Новиот пакет санкции на Европската унија вклучува забрана за увоз на руско злато


Европската комисија усвои предлог за нов пакет мерки за одржување и зајакнување на ефективноста на шесте пакети санкции што ЕУ ги усвои против Русија, вклучувајќи ја и забраната за увоз на руско злато. Комисијата објаснува дека овој пакет појаснува низа одредби за зајакнување на правната сигурност за спроведување на рестриктивните мерки кои се воведени досега […]

Пожари во Португалија: Се урна канадер, загина пилотот


 Канадер кој гаснеше шумски пожар во Португалија се урна синоќа во близина на Вила Нова де Фоз Кое, во северниот кварт Гарди, при што загина пилотот на авионот, во кој немаше други лица, соопшти цивилната заштита. „Засега немаме детали за тоа што се случило“, изјави командантот на националната цивилна заштита Андре Фернандес. Авионот бил од типот […]

ЕУ ќе го забрани увозот на руското злато, но не и на накитот


  Европската комисија подготви планови за забрана на увоз на руско злато во петокот – но засега го остава накитот надвор од листата на санкционирани стоки, според нацртот што го видел „Политико“. Извршната власт на ЕУ почна да подготвува планови за забрана на златото од Русија, откако економските сили на Г7 минатиот месец објавија дека […]

Огномет за Денот на Бастилја во Франција уби момче и неговата сестра


  Седумгодишно момче и неговата постара сестра загинаа за време на огномет по повод националниот ден на Франција во западниот град Шоле. „Ракета експлодира среде луѓе“, изјави градоначалникот Жил Бурдуле. Тој опиша дека жртвите биле со другите членови на семејството на 50 метри  од местото каде што се пуштал огнометот. Експлозијата ги натера гледачите да […]

Бајден пристигна во Саудиска Арабија, прва средба со престолонаследникот Бин Салман


Американскиот претседател Џо Бајден, кој денеска пристигна во Саудиска Арабија, се сретна со престолонаследникот Мохамед бин Салман. Како што јавија сгтранските агенции, двајцата државници се поздравиле со стиснати тупаници. Првата средба меѓу Бајден и Бин Салман се одржа во палатата на саудиското кралско семејство во западниот град Џеда и беше кратка. За време на кампањата […]

Поранешниот директор на „Отворена Русија“, Андреј Пивоваров, осуден на четири години затвор


  Окружниот суд Ленински во Краснодар, Русија, го осуди Андреј Пивоваров, поранешен извршен директор на „Отворена Русија“, на четири години во казнена колонија, пренесува Интерфакс. Пивоваров беше прогласен за виновен според кривичниот член за активности на „непожелна организација“ (член 284.1 од Кривичниот законик на Руската Федерација). Исто така, осум години му е забрането да се […]

Три земји на ЕУ добиваат 433 милиони евра за помош на украинските мигранти


  Белгија– Белгија, Италија и Луксембург ќе добијат 433,79 милиони евра преку РЕакт-ЕУ за да им се помогне на Украинците кои се наоѓаат во овие земји, јави дописничката на МИА од Брисел. Помошта за украинските мигранти во Белгија изнесува 33,4 милиони евра за да им се помогне да се интегрираат на пазарот на трудот и […]

Дмитриј Рогозин отпуштен како шеф на „Роскосмос“


  Дмитриј Рогозин е разрешен од функцијата шеф на „Роскосмос“. На негово место беше назначен Јуриј Борисов, кој претходно беше вицепремиер на Руската Федерација. Релевантните декрети потпишани од рускиот претседател Владимир Путин се објавени на веб-страницата на Кремљ. Сѐ уште не е објавено новото назначување на Рогозин. Борисов (65) работи како вицепремиер од мај 2018 […]