Русија го гори гасот кој би се извезувал во Германија, додека цените вртоглаво растат


  Додека енергетските трошоци во Европа растат со ракетна брзина, Русија согорува големи количини природен гас, според анализата споделена со Би-Би-Си. Експертите велат дека гасот претходно би се извезувал во Германија. Тие велат дека централата, во близина на границата со Финска, секојдневно согорува гас во вредност од околу 10 милиони долари. Научниците се загрижени за […]

НАТО во истрага за хакирани воени податоци што се продаваат на интернет


НАТО покрена истрага за кражба на податоци од доверливи воени документи кои хакерска група ги понудила на продажба на интернет, јави Би-Би-Си. Податоците вклучуваат нацрти за оружје што го користеа сојузниците на НАТО во конфликтот во Украина, а хакерите го продаваа преку интернет откако украле податоци од големиот европски производител на оружје, МБДА Мајкл Системс, […]

Киев отстранува руски и советски траги од имињата на улиците


Главниот град на Украина, Киев, смени имиња на 95 улици како дел од кампањата за „прочистување“ од руските и советските називи, објави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. „Новите имиња треба да го овековечат сеќавањето на значајните историски настани на Украина, како и на познати личности и херои кои ја прославија Украина и се бореа за […]

Папата Франциско утре востоличува нови кардинали


Папата Франциско, кој неодамна изјави дека може да се пензионира поради своето здравје, утре ќе устоличи 20 нови кардинали, од кои многумина еден ден може да го изберат неговиот наследник. Тоа ќе биде осмиот состанок на кардиналскиот совет откако 85-годишниот Франциско е избран во 2013 година и внимателно се следи за да се види дало […]

Во Австралија запленија дрога вредна 1,1 милијарда долари


Австралиската полиција денеска соопшти дека запленила дрога метамфетамин, вредна околу 1,1 милијарда американски долари, била скриена меѓу мермерни плочи во неколку бродски контејнери, што е најголемата заплена на наркотици во таа држава. Повеќе од 1.800 килограми метамфетамин биле пронајдени скриени во мермерни плочи во контејнери кои пристигнале од Блискиот Исток во последните недели во пристаништето […]

Полска следната недела ќе поднесе извештај во кој ќе бара репарации од Германија за Втората светска војна


Полската влада следната недела ќе го претстави извештајот за пустошот што и го нанесе на земјата нацистичката окупација за време на Втората светска војна, јави ДПА, повикувајќи се на парламентарната администрација во Варшава. Експертскиот извештај ќе биде претставен во Варшава на 1 септември – датумот на германската инвазија во 1939 година. Тој датум, исто така, […]

Русија добила беспилотни летала, тврдат западни разузнавачи


Русија набави стотици ирански беспилотни летала кои би можеле да се користат во војната против Украина, и покрај предупредувањата на САД до Техеран да не ги испраќа, јавија американски медиуми повикувајќи се на западни разузнавачи. Не е јасно дали Русија почнала да ги користи беспилотните летала против украински цели, но најверојатно тие се во состојба […]

Абортусот забранет во уште три американски држави


Законот за забрана за абортус денеска стапи во сила во уште три американски држави. Со ова, дополнително се ограничува пристапот до абортус во САД, два месеца по одлуката на Врховниот суд да го прекине тоа право. Како што пишува Вашингтон пост, сега на 21 милион жени им е забранет абортусот или пристапот им е значително […]

Тедрос: Од почетокот на годината надминавме милион смртни случаи од Ковид-19


Пандемијата на Ковид-19 усмрти еден милион луѓе во светот од јануари, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО), повикувајќи ги владите да ја забрзаат вакцинацијата бидејќи една третина од светската популација не е вакцинирана. „Од почетокот на годината ја надминавме трагичната бројка од еден милион смртни случаи поради Ковид-19“, рече на прес-конференција генералниот директор на СЗО, […]

Путин ја зголеми руската армија за 10 отсто


  Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за додавање на повеќе од 137.000 службени лица во вооружените сили на земјата. Во моментов Русија има нешто повеќе од еден милион воен персонал и речиси 900.000 цивилен персонал. Уредбата доаѓа во време на трката за регрутирање низ целата земја, со понудени големи парични стимулации. Западните власти велат […]

Шолц се качи на тенк за време на посетата на украинските војници (ВИДЕО)


  Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети украинските војници кои се во Германија на обука за управување со германските тенкови. По тој повод, Шолц вети дополнителна воена помош за Украина. „ Германија сака да даде свој придонес војниците во Украина да ја добијат оптималната поддршка што им е потребна“ објасни тој. Шолц го посети […]

Прекин во електроснабдувањето на Запорожје, активирани безбедносните системи на нуклеарката


Руските сили што ја имаат контролата врз украинската нуклеарна централа „Запорожје“ соопштија дека дошло до дефект на безбедносниот систем во централата, што предизвикало испад од системот за напојување со електрична енергија на регионот. Според руските сили, безбедносниот систем се активирал поради пожар што избувнал во близина на централата, последица на гранатирање. Пламенот избувнал поради краток […]

Ултрабогатите во ЕУ ќе мора да ги приземјат приватните авиони


Глетката на ултра-богатите кои летаат низ Франција со приватни авиони создава бурни реакции на социјалните мрежи принудувајќи ги политичарите да преземат нешто околу  поткопувањето на напорите за борба против климатските промени. Министерот за транспорт Клеман Бон сака министрите за транспорт на ЕУ да ги регулираат емисиите на CO2 од приватните авиони на нивниот самит во октомври. […]

Бројот на загинатите од рускиот напад на железничката станица се искачи на 25


  Бројот на загинати во рускиот напад во средата на железничка станица во украинската област Днепропетровск се искачи на 25, соопштија украинските власти. Кирило Тимошенко, заменик-шеф на кабинетот на претседателот рече дека операциите за пребарување и спасување биле завршени на станицата во селото Чаплинe. „Дваесет и пет лица загинаа, меѓу кои две деца, 31 лице […]

Половина Кина е погодена од суша


 Половина од огромната кинеска територија се соочува суша и поради рекордните температури на воздухот ова лето  водата се намалува, вклучително и во Тибет, покажуваат официјалните податоци. Во Кина од 1961 година се собираат метеоролошки податоци, што укажуваат дека земјата никогаш немала толку топло лето со толкав интензитет и траење. Голем број големи градови ги забележаа најтоплите […]

Зеленски: Најмалку 22 загинаа при руски ракетен напад врз железничка станица


Најмалку 22 лица загинаа, а десетици се повредени во руски ракетен напад врз железничката станица во градот Чаплине, централна Украина, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски. Нападот се случи вчера, шест месеци по руската инвазија на Украина и на Денот на независноста на Украина. – Штотуку добив информација за руски ракетен напад врз железничката станица во регионот Днепропетровск, врз […]

Војник од Нов Зеланд убиен во Украина


  Војник од Нов Зеланд, кој беше на одмор без плата од армијата на неговата земја кога беше убиен во Украина, стана последниот странски борец и првиот Новозеланѓанец кој загинал во војната. Наредникот Доминик Абелен (30) се пријавил во меѓународната легија на Украина, придружувајќи им се на илјадници војници од целиот свет кои патувале во […]

Кој победува во војната со санкции?


  Вашата економија ќе се соочи со „разорни“ последици, го предупреди американскиот претседател Џо Бајден рускиот претседател Владимир Путин за санкциите што САД и нивните сојузници би ги вовеле доколку Русија ја нападне Украина. Кога Путин сепак ја нападна Украина, санкциите навистина удрија силно. Сепак, Путин не се повлече. И тој врати џиуџицу со контрасанкциите […]

Вдовицата на Коби Брајант доби 16 милиони долари поради сликите од хеликоптерската несреќа


  Вдовицата на американската НБА-ѕвезда Коби Брајант, доби 16 милиони долари отштета поради протечените фотографии од телата на жртвите од хеликоптерската несреќа во 2020 година, во којашто покрај кошаркарот, погинаа и нивната 13-годишна ќерка Џијана и уште седум други лица. Ванеса Брајант го тужеше Округот Лос Анџелес за нарушување на приватноста, откако, според обвинението, канцеларијата […]

Петтина од населението во Европа би можело да почувствува недостиг на вода до 2050 година


  Новата анализа на Светската организација за заштита на природата (WWF) проценува дека 17 отсто од населението во Европа и 13 отсто од неговиот бруто домашен производ (БДП) би можеле да се соочат со високи до екстремни ризици од недостиг на вода до 2050 година. Таа ситуација би можела да се избегне доколку владите и […]