Маж во Германија кој уби работник на бензинска поради маска, доби доживотен затвор


 

Мажот кој во Германија уби вработен во бензинска пумпа, откако тој го преупреди дека мора да стави заштитна маска доби доживотна казна затвор.

Убиството на 20-годишниот студент, кој работеше на бензинска, се случи лани на 18 септември. Тој замоли 49-годишен потрошувач да стави заштитна маска на лицето, според мерките за заштита од пандемијата од корона вирус. Но, обвинетиот замина дома и се врати со маска, по што на каса повторно ја извадил и повторно бил предупреден од младото момче. Тој го застрела момчето.

Според полицијата, обвинетиот постапувал во состојба на бес и за себе тврдел дека не се сложува со мерките за заштита од корона вирус. Откако го убил студентот, тој побегна, а подоцна се предаде на полицијата, пишува Tagesschau.

Во текот на судењето адвокатите ја отфрлаа тужбата за убиство и заговараа убиство од немарност. Но, судот заклучи дека сепак се работело за убиство и на 50-годишникот му одреди казна од доживотен затвор.

Обвинетиот призна дека од дома зел пиштол затоа што го налутило момчето и не сакало да му продаде пиво, ако на лицето нема маска. Тој немал дозвола за поседување на оружјето.