Научници: Ни се заканува суша, загрозено е снабдувањето со храна и вода


Климатските промени може да бидат разорни за животите на милиони луѓе на источното Средоземје и на Блискиот исток, каде температурите растат двојно побрзо од глобалниот просек, предупредуваат научници. Во тоа подрачје температурите може да пораснат за дури пет степени Целзиусови до крајот на векот, се наведува во заедничкиот извештај на Кипарксиот институт и Институтот „Макс Планк“ за климатски и атмосферски истражувања.

За источниот Медитеран и Блискиот исток се предвидува речиси двојно поголем пораст на температурите отколку во другите населени делови на светот. Извештајот ќе биде претставен на климатската конференција на ОН (COP27) во ноември во Египет.

Научниците предупредуваат на големи суши и загрозеност на снабдувањето со храна и вода

Компбинацијата од помалку врнеќи и раст на температурите ќе предизвика големи суши и ќе го загрози сигурното снабдување со храна и со вода. Покрај тоа, многу земји нема да бидат подготвени за порастото на нивото на морето, предупредуваат научниците.

„Таквото сценарио ќе резултира со бројни предизвици за крајбрежната инфраструктура и земјоделството и може да доведе до салинизација на крајбрежните водоносите, вклучувајќи ги и оние во густо населените подрачја како делтата на Нил“, вели авторот на извештајот д-р Џорџ Цитис од Кипарскиот институт.

Климатските промени не познаваат граници

Водононосите се подземни пропусни слоеви од кои може да се црпи вода. Научниците препорачуваат брза имплементација на сѐ што е договорено со Париската спогодба со кој се настојува порастот на температурите да се намали на помалку од два степена Целзиусови.

„Бидејќи климатските промени не познаваат граници и многу регионални проблеми може да се прошират, нужно е државите меѓусебно повеќе да соработуваат во борбата со климатските промени и да ги ублажат нејзините последици“, вели Џос Леливелд од Институтот „Макс Планк“ и координатор на ова истражување.