Експлодира пакет на приватен универзитет во Бостон, повреден еден човек


Експлозивна направа била активирана во вторникот вечерта на Универзитетот Нортистерн во Бостон, при што е повреден четириесет и петгодишен вработен во таа институција.

Полицијата соопшти дека во близина на локалниот музеј бил пронајден уште еден сомнителен пакет, а во истрагата е вклучено и ФБИ.

Пакетот кој експлодирал е еден од двата откриени, додека полицијата успеала да го неутрализира другиот, кој бил пронајден во близина на Универзитетот, во близина на Музејот за ликовни уметности.

Ен-Би-Си објави дека пакетот експлодирал кога бил отворен, во близина на универзитетската сала каде се проучуваат правата на жените, сексуалноста и родовите односи.

Во експлозијата е ранет 45-годишен маж, инаку вработен на Универзитетот.

Наредена е евакуација на зградата каде студентите се подготвуваа за предавање на тема новинарство.

Northeastern е приватен универзитет во Бостон, со околу 16.000 студенти,пренесе Телеграф.рс.