Руски борбен авион се урна на Крим веднаш штом полета (Видео)
Руски борбен авион „Су-25“ се урна веднаш по полетувањето на Крим, предизвикувајќи огромна огнена топка. Авионот, вреден 11 милиони евра, се обиде да полета заедно со друг авион. Откако се одвои од пистата, нагло сврте кон лево, а потоа падна кон земјата.
Украинското Министерство за одбрана соопшти: „Недела наутро на Крим. Уште еден ‘Су-25’ падна. Некомпетентност на сите нивоа. Оружјето во рацете на Русите е опасност, пред сè, за самите нив“.
Причината за инцидентот сѐ уште не е јасна, но украинските извештаи велат дека пилотот изгубил контрола над леталото.
Борбените авиони „Су-25“ беа развиени во 1970-тите во Советскиот Сојуз и се користеа во Авганистанската војна, Сириската граѓанска војна и инвазијата на Украина.
Контра-нападот на Киев продолжува да добива на сила, што ги натера некои да се надеваат дека конечно е постигната пресвртница во војната.
Военото разузнавање соопшти дека голем број московски војници го оставиле оружјето наместо да се борат против трупите кои напредуваат источно од Харков, бидејќи „тие ја разбираат безнадежноста на нивната ситуација“.