САД и официјално – руските сили во Украина извршиле воени злосторства 


 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска и официјално ја изнесе позицијата на САД дека руските сили во Украина извршуваат воени злосторства и дека е потребно формирање на суд што ќе ја утврди одговорноста и ќе ги процесуира овие злосторства.  -Врз основа на расположливи информации денеска можам да објавам дека американската Влада оценува дека припадници на …

САД и официјално – руските сили во Украина извршиле воени злосторства  Read More »

Медлин Олбрајт, првата жена државен секретар на САД, почина на 84 години


  Медлин Олбрајт, првата жена државен секретар на САД, почина од рак, соопшти нејзиното семејство во средата. Таа имаше 84 години. Претседателот Бил Клинтон ја избра Олбрајт за прв дипломат на Америка во 1996 година за време на неговиот втор мандат. Во првиот мандат на Клинтон, кога државен секретар беше Ворен Кристофер, Олбрајт беше американски …

Медлин Олбрајт, првата жена државен секретар на САД, почина на 84 години Read More »

Столтенберг може уште година – две да остане на функција во НАТО


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг би можел да остане на функцијата подолго од планираното, така што нема да биде гувернер на норвешката Централна банка на крајот на годината, соопшти денеска норвешкото Министерство за финансии. – Се подготвуваме за ситуацијата Јенс Столтенберг да остане подолго на чело на НАТО. Не знаеме колку долго би можело …

Столтенберг може уште година – две да остане на функција во НАТО Read More »

Медведев: САД прават планови за дестабилизација на Русија


 Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој моментално е заменик претседател на рускиот Совет за безбедност, ги обвини САД дека прават планови за дестабилизација на Русија и скицираат сценарио кое води до нуклеарна војна. По распадот на Советскиот сојуз, Русија стана цел на „примитивна војна“ во која Русија треба да биде „понижена, исолирана, потресена, поделена и …

Медведев: САД прават планови за дестабилизација на Русија Read More »

Прва проценка на НАТО: Во Украина досега загинале меѓу 7.000 и 15.000 руски војници


Алијансата денеска излезе со првична проценка дека во војната во Украина досега се убиени меѓу 7.000 и 15.000 руски војници. Русија претрпе меѓу 30.000 и 40.000 загуби во персонал, бројка која вклучува жртви, исчезнати, повредени и заробени војници. Ова е прва јавна оценка на НАТО од почетокот на руската инвазија на Украина. Анонимен функционер на …

Прва проценка на НАТО: Во Украина досега загинале меѓу 7.000 и 15.000 руски војници Read More »

Зеленски до француските парламентарци: Животите се поважни од профитот


Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска преку видеоконференциска врска зборуваше пред француското Национално собрание и Сенат, нагласувајќи дека  „Мариупол и другите погодени градови потсетуваат на урнатините на Верден“. Украинскиот претседател, кој продолжува да зборува пред националните парламенти додека неговата земја се соочува со руската инвазија денеска пред францускиот Парламент истакна дека „француските компании мора да го …

Зеленски до француските парламентарци: Животите се поважни од профитот Read More »

Повеќе противвоздушни ракети „Стрела“ се на пат кон Украина


 Повеќе противвоздушни ракети „Стрела“ се на пат кон Украина од Германија, изјави во средата во Берлин германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок. „Понатамошни испораки на Стрела се на пат“, изјави таа пред германските законодавци. Украина досега доби 500 противвоздушни ракети „Стрела“ од Германија, од вкупно очекуваните 2.700. Берлин сега е еден од најголемите снабдувачи …

Повеќе противвоздушни ракети „Стрела“ се на пат кон Украина Read More »

(ВИДЕО) Мариупол како Варшава во 1944 година


На социјалните мрежи се појави снимка направена од дрон од украинскиот град Мариупол кој трпи најмногу бомбардирања и е под опсада на руските сили. Сега борбите се водат низ улиците на градот,а според оценките, од безмилосните бомбардирања се уништени 90 отсто од објектите во него, поради што полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека Мариупол сега …

(ВИДЕО) Мариупол како Варшава во 1944 година Read More »

Сергеј Лавров призна дека Русија била изненадена од обемот на западните санкции


  Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во средата рече дека „никој не можел да предвиди“ дека западните санкции ќе бидат насочени кон централната банка на земјата, во првото големо признание на Кремљ дека Москва е изненадена од трансатлантскиот одговор на инвазијата на Владимир Путин на Украина. „Кога резервите на Централната банка беа замрзнати, …

Сергеј Лавров призна дека Русија била изненадена од обемот на западните санкции Read More »

Франција замрзна 800 милиони евра на руски олигарси


Француските власти замрзнаа имот од 800 милиони долари во сопственост на руски олигарси како дел од санкциите по руската инвазија на Украина, изјави денеска за новинарите во Париз портпаролот на француската влада Габриел Атал. „Овие санкции се чувствуваат во Русија, каде што економијата се тетерави, рубљата пропаѓа, берзата во најголем дел сè уште е затворена, …

Франција замрзна 800 милиони евра на руски олигарси Read More »

Како Русите лансираат ракети од брод и од копно (Видео)


  Руското Министерство за одбрана за прв пат објави снимка на која се гледа како брод на руската морнарица лансира во исто време осум крстосувачки ракети „калибар“ кон инфраструктурата на украинските вооружени сили, како и видео на кое се гледаат три ракети „бастион“ кои се лансирани од крајбрежните позиции. „Калибар“, кој може да биде опремен …

Како Русите лансираат ракети од брод и од копно (Видео) Read More »

Руските војници во Украина добија статус на воени ветерани


Државната Дума денеска усвои закон со кој на учесниците во „воената операција“ во Украина им се доделува статус на воени ветерани. Претходно овој статус го имаа ветераните од војните во Авганистан, Чеченија и Сирија, што овозможува различни бенефиции, но и месечни приходи. Нацрт-законот беше предложен од владејачката партија Единствена Русија. Претседателот на Думата, Вјачеслав Володин …

Руските војници во Украина добија статус на воени ветерани Read More »

Советникот на Путин, Анатолиј Чубаис, го напушти Кремљ и замина од Русија


  Претставникот на Кремљ за климата и ветеран реформатор Анатолиј Чубаис се откажа од функцијата и ја напушти Русија поради неговото противење на војната во Украина, објави Блумберг во средата. Експлозивното заминување, според двајца неименувани инсајдери, цитирани од Блумберг, го прави Чубаис најпознатата личност што раскрстила со претседателот Владимир Путин поради неговата одлука да ја …

Советникот на Путин, Анатолиј Чубаис, го напушти Кремљ и замина од Русија Read More »

Каде исчезна рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу?


  Руската инвазија на Украина денеска изгледа дека беше втурната во подлабока криза поради извештаите оти рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу исчезнал од јавноста поради „срцеви проблеми“. Не е виден 12 дена, а на телевизија се прикажуваат стари снимки и слики од него, велат во опозициските медиуми. Тоа доаѓа откако беше откриено дека Путин …

Каде исчезна рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу? Read More »

Русија незаконски префрлила 2.389 деца од Украина на својата територија


Министерството за надворешни работи на Украина соопшти дека руските окупациски сили илегално префрлиле 2.389 деца на територијата на Руската Федерација од привремено окупираните области на регионите Доњецк и Луганск. „Насилното префрлање на цивили, вклучително и деца, на територијата на државата агресор е грубо кршење на меѓународното право, особено на меѓународното хуманитарно право“, велат дипломатите. Со …

Русија незаконски префрлила 2.389 деца од Украина на својата територија Read More »

Полска протера 45 руски дипломати поради шпионажа


Полска  соопшти дека протерала 45 руски дипломати поради шпионажа, обвинение кое рускиот амбасадор во Полска веднаш го отфрли како неосновано.Министерот за внатрешни работи Мариуш Камински го објави ова на Твитер. „Полска протера 45 руски шпиони кои се преправаа дека се дипломати“, напиша тој. „Ја демонтираме мрежата на руските специјални служби во нашата земја“. Рускиот амбасадор …

Полска протера 45 руски дипломати поради шпионажа Read More »

Шолц го предупредил Путин да не користи биолошко или хемиско оружје 


 Во директен разговор, германскиот канцелар Олаф Шолц го предупредил рускиот претседател Владимир Путин да не користи биолошко или хемиско оружје во Украина, објави денеска весникот Ди Цајт. Руските тврдења дека Украина развива такво оружје или дека САД сакаат да го употребат „изгледаат како имплицитна закана дека и самиот Путин размислува да употреби такво оружје“, вели …

Шолц го предупредил Путин да не користи биолошко или хемиско оружје  Read More »

Убиен уште еден руски командант – полковникот Алексеј Шаров


  Руската армија загуби уште еден командант – 15-ти од највисоките воени лидери, кој е убиен додека инвазијата на Украина оди во вториот месец. Полковникот Алексеј Шаров стана последниот висок руски функционер кој загина во она што стана најголемата загуба на воени високи позиции во земјата од Втората светска војна. Неговата смрт беше објавена од …

Убиен уште еден руски командант – полковникот Алексеј Шаров Read More »

Чудни работи со авионот што падна во Кина: пилотите не одговарале на повиците од контролорите


  Инспекторите кои го пребаруваат местото каде што се урна авионот во Кина, при што загинаа сите 132 луѓе во авионот, ја пронајдоа црната кутија. Лиу Лусонг, портпарол на кинеската воздухопловна управа им изјави на новинарите дека рекордерот на летот MU5735 на компанијата „Чајна истерн“ бил пронајден на 23 март. Откритието доаѓа откако шефот на …

Чудни работи со авионот што падна во Кина: пилотите не одговарале на повиците од контролорите Read More »