Можат ли здружените ривали да го соборат Нетанјаху од власт?


  Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се соочува со можноста да се трка против десно-центристичка суперкоалиција на изборите подоцна оваа година, откако двајца од неговите најсилни политички ривали ги здружија силите во обид да го соборат, поканувајќи лидер на трета партија да им се придружи. Во потег што некои аналитичари го споредија со централно-десничарската коалиција што […]

Трамп го нападна водителот на емисијата „60 минути“ затоа што прочита реченица од манифестот на човекот што пукаше


  Претседателот Доналд Трамп ја нападна Нора О’Донел од Си-Би-Ес во интервју во неделата за цитирање од манифестот на осомничениот вооружен човек кој се обиде да упадне на вечерата на дописниците од Белата куќа помалку од 24 часа претходно. Трамп првично изрази чувство на другарство со членовите на прес-комисијата кои го угостија на нивната годишна […]

Кандидатите на Фатах победија на локалните избори во Палестина


  Лојалистите на претседателот Махмуд Абас победија на повеќето трки на палестинските општински избори, соопштија изборните функционери, на гласањето кое за прв пат по речиси две децении вклучуваше град во опколениот Појас Газа. Изборите се одржаа „во многу чувствителен момент среде сложени предизвици и исклучителни околности“, изјави палестинскиот премиер Мохамед Мустафа по објавувањето на резултатите […]

Снежна бура ја погоди Москва


Москва денес беше погодена од доцнопролетна снежна бура, со откажани летови, дрвја искоренети од тежината на снегот, а властите апелираат на претпазливост, објави АФП. Рускиот метеоролошки центар прогласи портокалово ниво на тревога за главниот град, кое е во сила до вторник наутро. Десетици летови на московските аеродроми беа откажани или одложени, а аеродромот Внуково беше […]

Арагчи: „Претераните барања“ на САД ги урнаа мировните преговори


Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека „претераните барања“ на Соединетите Американски Држави довеле до неуспех на мировните преговори одржани во Исламабад. По слетувањето во Русија, Арагчи пред новинарите изјави дека со руските партнери ќе разговара за актуелниот конфликт на Блискиот Исток. Во објава на персиски јазик преку својата сметка на Телеграм, тој […]

Шведска масовно го дигитализираше својот образовен систем, но сега се откажува. „Писменоста е намалена“


  Шведската влада се залага за враќање на физички книги, хартија и моливи во училниците, надевајќи се дека ќе го сврти падот на писменоста кај учениците. Сепак, зголемената зависност од аналогни алатки предизвика критики од технолошките компании, едукаторите и компјутерските научници, кои велат дека таквата промена може да ги загрози изгледите за вработување на учениците, […]

„Видливо вознемирена“: Фотографија од Меланија Трамп за време на пукањето се шири на Интернет


Првата дама на САД, Меланија Трамп, се најде во центарот на драматична ситуација за време на гала вечера во хотелот „Вашингтон Хилтон“, кога ненадејна пукотница предизвика хаос и паника кај стотици гости. Гостите едвај седнале на масите на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа кога се слушнале истрели. Снимките што брзо се проширија […]

Светските трошоци за вооружување лани достигнале 2.887 милијарди долари, најмногу во Европа и во Азија


Стокхолм – Трошоците за вооружување во светот минатата година достигнале 2.887 милијарди долари, што претставува реален раст од 2,9 отсто во однос на 2024 година, се наведува во извештајот на Стокхолмски меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ). Според извештајот, воените трошоци се намалиле во Соединетите Американски Држави, но пораснале за 14 отсто во Европа […]

Европа и Балканот ќе ги зафати необичен студен бран


  Реткото навлегување на арктички воздух кон крајот на април донесе драстичен пад на температурите низ источна и југоисточна Европа, пишува метеоролошката служба Severe Weather Europe. Што предизвикува ненадејна промена на времето? Навлегувањето на студен воздух кон југ се должи на доцното слабеење на поларниот вртлог, што ѝ овозможи на арктичката маса да го заобиколи […]

CNN направи визуелна слика на нападот во Хилтон


Осомничен вооружен човек беше уапсен откако пукаше покрај безбедносен контролен пункт во хотелот „Вашингтон Хилтон“, токму кога започнуваа настаните за годишната вечера на дописниците од Белата куќа. Претседателот Доналд Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс, првата дама Меланија Трамп и многу службеници од кабинетот беа однесени на безбедно место откако се слушнаа истрели пред балската сала во […]

Кандидатите блиски до Фатах на Махмуд Абас победници на локалните избори на Западниот Брег и во дел од Газа


 Кандидатите на движењето Фатах на претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас, се победници во повеќето места на палестинските територии каде што се одржаа локални избори, вклучувајќи го и градот Деир ал-Балах во Појасот Газа, контролиран од Хамас. Во Газа не се одржани никакви избори од 2006 година, а во останатите окупирани палестински територии од почетокот […]

„Целта беше Трамп, но претседателот беше бестрашен“, тврди Ливит


Портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит денеска го опиша нападот на гала вечерата во Вашингтон како обид за убиство на претседателот Доналд Трамп и високи претставници на неговата администрација. Ливит на социјалната мрежа X објави дека вечерата во саботата „била киднапирана од изопачена луда личност која се обидела да го убие претседателот и да убие […]

Кол Ален напишал објаснување за семејството пред да нападне


Осомничениот за нападот на свечената вечера на Здружението на дописници во Белата куќа, Кол Ален, испратил обемен манифест до членовите на своето семејство само десет минути пред да влезе во хотелот и да отвори оган, објави „Њујорк пост“. Според медиумот, во пораката од повеќе од илјада зборови Ален ги објаснил своите мотиви, изразил извинување до […]

На годишнината од Чернобил Русите и Украинците се убиваат


Шеснаесет лица се убиени во меѓусебните напади на Русија и Украина, соопштија денеска официјални лица во Москав и Киев, на годишнината од нуклеарната катастрофа во Чернобил. Девет лица се убиени во руски напад врз украинскиот град Днепар вчера, изјави шефот на регионот Олександр Ганџа. Едно лице е убиено во украински напад со беспилотни летала врз […]

Поранешните израелски премиери Бенет и Лапид се здружуваат за да го поразат Нетанјаху


 Двајца поранешни израелски премиерти Нафтали Бенет и Јаир Лапид најавија денеска дека ќе ги здружат силите на претстојните избори во заеднички обид да го поразат долгогодишниот премиер Бенјамин Нетанјаху. Нафтали Бенет и Јаир Лапид беа премиери според ротирачкиот договор за коалициска влада што ја формираа во 2021 година. Сега двајцата планираат да ги спојат своите […]

Убиен министерот за одбрана на Мали


Министерот за одбрана на Мали, Садио Камара, е убиен во напад извршен од групата Џамаат Нусрат ал-Ислам вал-Муслимин (JNIM), поврзана со Ал Каеда, врз неговата резиденција во воената база Кати во близина на главниот град Бамако, објави француското радио РФИ. Нападот се случил вчера, а одговорноста ја презеде групата JNIM. Вооружени групи во Мали, кои […]

Иран предага воспоставување механизми за колективна безбедност на Блискиот Исток без учество на САД


Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, повика на воспоставување механизми за колективна безбедност на Блискиот Исток без учество на САД. Тој ја даде изјавата за време на состанокот со оманскиот султан Хајтам бин Тарик Ал Саид во Мускат, главниот град на Оман. – Искуството од 40-дневната војна против Иран покажа дека американското воено присуство […]

Венс евакуиран пред Трамп, кој се сопнал и паднал


Членовите на Тајната служба прво го евакуираа потпретседателот Џ.Д. Венс за време на пукањето на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа, а дури по некое време се вратија по американскиот претседател Доналд Трамп, кој се сопна и падна при неговото излегување. Инцидентот се случи за време на драматичната евакуација од хотелот Хилтон во […]

Кој е Кол Ален, компјутерџијата што наводно сакаше да го убие Трамп?


Според евиденцијата на Федералната изборна комисија (FEC), напаѓачот во хотелот Хилтон во Вашингтон, каде што беше свечената вечера на Доналд Трамп, Кол Ален, донирал 25 долари на ActBlue во октомври 2024 година, со меморандум дека неговиот придонес е „наменет за Камала Харис за претседател“. Ова беше единствената политичка донација наведена на веб-страницата на FEC во […]

Русија се соочува со пролет на незадоволство – а Путин реагира на единствениот начин на кој знае


Четири години по целосната инвазија на Украина, Русија се соочува со пролет на незадоволство. Дигиталните прекини во руските градови допреа до нерв кај обичните граѓани, а се појавува и јавен отпор против рускиот претседател Владимир Путин. Русија ги издржа економските тешкотии од воено време, додека нејзините безбедносни служби ги држат протестите под контрола. Конфликтот на […]