Самитот за климата стана пи-ар катастрофа за Египет


ШАРМ ЕЛ ШЕИК, Египет, земја позната по моќната река Нил, не очекуваше дека протокот на отпадна вода, што го поплави местото на конференцијата COP27, ќе  искрата што  настанот ќе го претвори во кошмар за односи со јавноста. Домаќинот на конференцијата требаше да го прикаже Египет како амбициозен шампион во обновливите извори на енергија, туристичка дестинација […]

Иран: Раперот кој протестираше за смртта на Махса Амини се соочува со егзекуција


  Три недели откако беше насилно уапсен во неговиот дом од страна на иранските безбедносни сили, Саман Јасин, млад курдски уметник и рапер, се соочува со егзекуција. Тој е обвинет за водење војна против Бога откако на социјалните мрежи ја објави својата поддршка за демонстрантите против режимот. Неговата судбина, за која во наредните денови ќе […]

Новите руски напади го оставија Киев во мрак


  Во Киев денеска ќе биде воведено вонредно исклучување на електричната енергија поради новите напади од страна на руските сили врз енергетски објекти. Информацијата ја соопшти генералниот директор на енергетскиот оператор ЈАСНО (YASNO), Сергиј Коваленко. – Ноќеска дојде до нови напади на енергетските објекти на Украина. Затоа денеска во Киев ќе има вонредни исклучувања во […]

Институт за воени студии: Украина на пат кон огромна победа во Херсон


Американскиот Институт за воени студии (Institute for the Study of War) во својот најнов извештај наведува дела Украина има иницијатива на фронтот и е на пат да постигне огромна победа во регионот Херсон. – Дополнително, украинското ослободување на Херсон нема да биде последната победа на Украина во војната, оценува Институтот за воени студии. Аналитичарите на […]

Дарманин: Девет европски земји ќе примат мигранти од бродот „Оушн Вајкинг“


 Девет европски земји се обврзаа да прифатат „две третини“ од 234 мигранти кои ги зеде бродот „Оушн Вајкинг“ (Ocean Viking), што денеска треба да пристигне во Тулон во југоисточниот дел на Франција, информираше синоќа францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин. Бродот на невладината организација СОС Медитеран (SOS Méditerranée) ќе пристигне во военото пристаниште во […]

Кина го скрати карантинот за патници


Кина одлучи да ублажи дел од ограничувањата воведени поради коронавирусот, соопштија денеска нејзини здравствени претставници. Меѓу другото, за два дена ќе биде скратен карантинот за блиски контакти на заболените, како и за патниците кои доаѓаат во земјата, а ќе бидат укинати и казните за авиокомпаниите поради донесување заразени патници, јавија дел од британските медиуми. Според […]

Зеленски за Си-ен-ен: Не ја „треснав“ вратата за мировни преговори со Русија


Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека не ја „треснал“ вратата за потенцијалните мировни преговори со Руската Федерација. -Не ја треснав вратата. Реков дека ќе бидеме подготвени да разговараме со Русија – но со друга Русија. Онаа која е навистина подготвена за мир. Онаа која е подготвена да признае дека тие се окупатори… Но само доколку […]

Почнува петтиот Париски мировен форум


  Лидери на голем број меѓународни организации и држави денеска ќе учествуваат на петтиот Париски мировен форум насловен „Излез од повеќекратна криза“. Форумот е посветен на најголемите предизвици на денешницата, меѓу кои влошените климатски промени, брановите на пандемијата на коронавирусот, продлабочувањето на нееднаквоста и геополитичките конфликти со глобални последици. Исто така во фокусот ќе биде […]

Официјално Токио ја потврди првата јапонска жртва во војната во Украина


  Јапонец, кој се бореше на украинска страна, загина во борбите против Русија. Тој е првата позната јапонска жртва во оваа војна, соопшти денеска Владата на Јапонија. Како што појасни портпаролот на Владата, Хироказу Мацуно, се работи за момче во дваесеттите години, убиено во борба во средата. Мацуно додаде дека јапонски дипломати се „во контакт […]

Во Брисел убиен полицаец, втор ранет, се претпоставува дека е терористички напад


  Белгиски полицаец синоќа им подлегна на повредите по напад со нож во близина на железничката станица во Брисел, а инцидентот го истражува Федералното обвинителство задолжено за случаите на тероризам, јави Скај Њуз. Белгиското федерално обвинителство соопшти дека двајца полицајци биле цел на инцидент во близина на северната станица во Брисел. Претставник на судот изјави […]

Зеленски објави дека се ослободени 41 населби во јужна Украина


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека повеќе од 41 населба во јужна Украина се ослободени по одлуката на Русија да се повлече на источната страна на реката Днепaр. „Денес имаме добри вести од југот – бројот на украинските знамиња кои се враќаат на нивното вистинско место во рамките на тековната одбранбена операција веќе достигна […]

Шпанското село Салто де Кастро се продава за 260.000 евра


Селото Салто де Кастро, кое се наоѓа на северозападот на Шпанија, се нуди на продажба по цена од 260 илјади евра. Селото се наоѓа на границата со Португалија во провинцијата Замора, а од Мадрид е оддалечено 3 часа возење. Селото има многу градби кои вообичаено може да се најдат во мал шпански град, има 44 […]

Трамп гневен на сите освен на себеси околу среднорочните избори


  Висок извор близок до поранешниот претседател Доналд Трамп изјави за Си-Би-Ес дека поранешниот претседател приватно бил гневен поради резултатите од среднорочните избори, и покрај неговите објави на социјалните мрежи кои ги прогласува за победа и „одлична вечер“. Според изворот, поранешниот претседател „ги обвинуваше сите освен себе си“ за резултатите, вклучително и неговите помошници и […]

Еко-борци се залепија за диносаурус во Виена


Изведбата во музејот во Виена треба да ги убеди властите да воведат ограничување на брзината од 100 км/ч на автопатите. Двајца климатски активисти денеска се залепија на штандот за диносауруси во Природонаучниот музеј во австриската престолнина во знак на протест против владините политики за фосилни горива. Додека самиот скелет не претрпел никаква штета, акробацијата набрзо […]

ЕУ бесна – Унгарија ја блокира помошта од 18 милијарди евра за Украина


  Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во четвртокот ја критикуваше Унгарија за блокирање на финансиската помош од 18 милијарди евра на ЕУ за Украина, велејќи дека Будимпешта не треба да „игра покер“ во обид да изврши притисок врз Брисел во посебен спор за владеење на правото. Протестот на Бербок ги повтори апелите на […]

Иран се пофали дека развил хиперсонично оружје


Балистичката ракета наводно има способност да маневрира во и надвор од атмосферата, откри ирански командант. Иран развил балистичка ракета способна да лета со хиперсонична брзина, изјави денеска воен офицер од оваа земја. Системот е дизајниран за да уништува непријателски антиракетни одбрани и може да маневрира и во и надвор од атмосферата, нагласувајќи го неговиот долг […]

За време на Светското првенство во фудбал ќе има директни летови од Тел Авив до Доха


Фудбалските навивачи од Израел и од палестинските територии ќе можат да патуваат во Катар на Светското првенство со директни чартер летови од Тел Авив според договорот објавен денеска од ФИФА. Чартер летови до Доха од аеродромот Бен Гурион во близина на Тел Авив, исто така, ќе бидат достапни за сите Палестинци. Договорот се однесува и […]

Републиканците се поблиску до мнозинството во американскиот Конгрес


Републиканската партија се доближува до бројот на претставници потребни за тесно мнозинство во Претставничкиот дом на среднорочните избори за Конгресот на САД, додека контролата на Сенатот зависи од резултатите од изборите во неколку сојузни држави. Кога станува збор за Претставничкиот дом, републиканците сега се поблиску до мнозинството од 218 места потребно за преземање контрола. Според […]

Аналитичар: Војната ќе заврши кон крајот на летото 2023 година, ќе победи Украина


  Мајк Мартин, виш соработник за воени студии на Кралскиот колеџ во Лондон, вели дека верува оти војната во Украина ќе заврши до крајот на летото во 2023 година. Додава дека може да се насети „дека на крај Украина ќе ја добие војната“. Во интервју за радио Тајмс д-р мартин вели. „кога велам победа, мислам […]

Франција го прекинува прифаќањето на 3.500 бегалци од Италија


 Франција одлучи да го прекине приемот на 3.500 бегалци од Италија во знак на протест поради тоа што земјата не сака да дозволи бродот „Океан Викинг“ да се закотви на нејзиниот брег, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин. Тој потсети дека европскиот механизам овозможува преместување на бегалците во други европски земји и […]