Галерија на никаквеци од Европскиот парламент


Освен ако не сте живееле под многу голема карпа, сигурно знаете дека Европскиот парламент е во  центарот на вниманието благодарение на скандалот што го нарекуваме Катаргејт . Станува збор за приказна која наводно вклучува вреќи со кеш и платено влијание од страна на Катар и Мароко,  која се претвора во голем тест за одговорност за Парламентот. Време е да се погледне кој и претходеше на сегашната екипа на ликови во Парламентот.

Огромното мнозинство европратеници се, се разбира, вредни политичари кои работат напорно. Но, заборавете на тие луѓе! Што е со оние кои се малку (или дури и многу) поконтроверзни?

Елмар Брок

До моментот кога се пензионираше во 2019 година, влијателниот Германец беше пратеник во ЕУ цели 39 години. Требаше да именуваат соба по него, или кафуле, или ако не успеат, барем клупа.

Но, тој имаше проблеми. Пред неговото заминување, шестмина поранешни вработени изјавија за ПОЛИТИКО за низа бизарни инциденти, вклучително и за неговата навика да фрла предмети по нив и да пуши во канцеларијата. Запрашан за тоа, Брок негираше дека создал токсично канцелариско опкружување, признавајќи само дека „блиската соработка и стресните денови значи дека има простор за триење“, додавајќи: „Целосно осудувам секаков вид на физичка или емоционална злоупотреба“.
Исто така,  во 2019 година Брок им наплаќал на групите на посетители во неговата канцеларија во Брисел и заработил така најмалку 18.000 евра за себе. Брок, исто така, се соочи со лупа и за други финансиски аранжмани. Со години тој беше на позиција кај германскиот медиумски гигант Бертелсман, од која заработуваше повеќе од 5.000 евра месечно – плус неговата месечна европратеничка плата.

Роберт Рошфор
Францускиот европратеник беше фатен како мастурбира пред двајца тинејџери во продавница за хардвер надвор од Париз во 2016 година. Рошфор и рекол на полицијата дека е „под стрес“ и се пожалил дека се чувствувал загрозен кога сведокот на инцидентот го соборил на земја.

Рошфор се изјасни за виновен бегајќи од јавно судење, а јавните обвинители избраа да не ја објават неговата казна. Рошфор ја загуби својата позиција во француската центристичка партија МоДем, но го отслужи мандатот за европратеник пред да се пензионира пред изборите во мај.

Најџел Фараж

Нема да бидете изненадени кога ќе дознаете дека Фараж го сака тековниот скандал на Европскиот парламент, не можеше да се запре да се смее додека на двајцата гледачи на GB News им кажал дека ова е срамна состојба. Мало изненадување за човек чија партија УКИП доби наредба од лидерите на Европскиот парламент во 2016 година да врати повеќе од 172.000 евра за злоупотребени средства. Фараж, можеби се сеќавате, беше член на парламентарната комисија за рибарство (прилично важен сектор за островска држава како Британија) а  присуствуваше на само еден од 42 состаноци.

Тој, сепак, има право на пензија од ЕУ, чии трошоци се поделени помеѓу Унијата и неговата држава. Притоа, треба да се спомене дека Фараж не успеал да стане британски пратеник повеќе  од седум пати, а во една прилика освоил помалку гласови од човек во костим на делфин.

Кланот Ле Пен
Друг поранешен европратеник кој го дочека со поздрав актуелниот скандал беше шефицата на францускиот Национален фронт Марин Ле Пен. „Тие нè вовлекоа во калта поради целосно транспарентен и легален заем од чешка руска банка“, напиша таа на Твитер, мислејќи на заемот од 9 милиони евра што нејзината партија го обезбеди во 2014 година. „Во исто време Катар испорачува куфери полни со готовина на сите овие корумпирани луѓе кои наводно се во „кампот на добрите“, додаде таа.

Ле Пен, се разбира, имаше комплицирани односи со Европскиот парламент. Судот на правдата на ЕУ одлучи дека таа треба да врати речиси 300.000 евра за злоупотребени средства, вклучувајќи ги и парите што ги користела за да исплати плата на нејзиниот шеф на кабинет Кетрин Грисет, асистентка во Парламентот, и покрај фактот што Грисет не работела таму.

Ле Пен, исто така, го платила својот телохранител Тиери Лежие како асистент во ЕП и била принудена да врати повеќе од 41.000 евра за тој прекршок. И нејзиниот татко – основачот на партијата, Жан-Мари Ле Пен – доби наредба да врати повеќе од 320.000 евра за компензација на асистент за работата за која не можеше да докаже дека е поврзана со неговата улога како европратеник.

Јануш Корвин-Мике

Полскиот поранешен европратеник е толку екстремно десничар колку што можете да бидете без да паднете од работ на рамна земја. За време на дебатата за разликата во платите, тој еднаш тврдеше дека жените треба да заработуваат помалку пари од мажите „бидејќи се послаби, помали [и] помалку интелигентни“.

Тој исто така рече дека зградата на Европската комисија „треба да се претвори во бордел“, но, за жал, не изготви проценка за влијанието на неговите планови.

Бела Ковач

Унгарскиот европратеник, член на екстремно десничарската партија Јобик, го загуби пратеничкиот имунитет во 2015 година, откако беше обвинет за шпионирање на институциите на ЕУ за Русија. Неговата приказна вклучува тајни бракови, повеќекратни идентитети и ненаследни богатства.

Меѓу колегите, тој беше познат по прекарот „КГБела“, што требаше да биде нешто како признание. До моментот кога беше осуден во септември оваа година, унгарските медиуми забележаа дека тој веќе се преселил во Москва.

Бруно Голниш

За Бруно Голниш може да се штиклираат речиси сите полиња за екстремната десница: Прогласен беше за виновен за негирање на холокаустот; Одземен му е пратеничкиот имунитет поради поттикнување расна омраза.

Судот на ЕУ му нареди да врати пари за плаќање на помошник за работа за која не можеше да докаже дека е поврзана со неговата улога како европратеник. На оваа листа доби место поради  акробација пред ЕП во која ги спушти панталоните и го покажа голиот задник за да протестира против државните субвенции што им се даваат на бендовите кои пеат за секс. 

Јозеф Сајер

Се разбира, Сајер треба да биде (и навистина е) предводник на листата на најдобри европратеници ако таа листа се заснова чисто на забавна вредност. Се разбира ако не се земат во обзир 74-те Британци кои го напуштија Парламентот поради Брегзит.  Никој не излезе со поголем “бенг“ од Унгарецот, кој беше близок на Виктор Орбан и ко-основач на партијата Фидес на унгарскиот премиер, а кој, не треба да потсетувате, не е обожавател на ЛГБТК+ заедницата.

Сајер спектакуларно падна во немилост во декември 2020 година, откако присуствуваше на забава како отпор на заклучувањето поради ковид. Полицијата пронашла 25 голи мажи на собирот,  а случаен минувач пријавил дека видел маж како бега покрај олукот, што ја навело полицијата да го уапси Сајер и да најде наркотици во неговиот ранец.Орбан го нарече делото „неприфатливо и неодбранливо“, а Сајер ја напушти партијата и неговата функција во Брисел. Поради некоја причина, нема статуа на овој човек на плоштадот „Луксембург“. (Политико)