Амнестија за 7.012 затворенции во Мјанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста


Воената Влада на Мјанмар ќе ослободи 7.012 затворенции по повод одбележувањето на Денот на независноста, објави денеска државниот канал.

Јужноазиската држава се соочи со меѓународна изолација и западни санкции откако војската ја собори демократски избраната премиерка Аунг Санг Су Чи и постави свој народ да управува со земјата.

– Сакам да им се заблагодарам на некои меѓународни и регионални организации, поединци и земји, кои имаа позитивна соработка со нас, сред притисок, критики и напади. Ние тесно соработуваме со Кина, Индија, Тајланд, Лаос и Бангладеш, рече шефот. на Генералштабот, Мин Аунг Хлаинг.

Воената хунта е на власт во Мјанмар од 1 февруари 2021 година, кога ја отстранија Су Чи од власт и ја затворија.