Меркел гледа сличности меѓу политиката и опера од Вагнер


Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел рече, во поткаст објавен денеска, дека гледа паралела меѓу операта „Престен Нибелунга’ на композиторот Рчард Вагнер и политичкиот живот. Во поткастот „Зборуваме ли за убиство?!“ на германската јавна телевизија SWR, Меркел не зборуваше за вистински злосторства, туку за криминалните случаи во четириделната опера на Ричард Вагнер „Престен нибелунга“. Има кражби, […]

Путин: Промените кои се во тек во Русија и во целиот свет сè на подобро


Промените кои се во тек во Русија и во целиот свет сè на подобро, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во видео обраќање на Првиот конгрес на руското движење на деца и млади. „Не само Русија минува низ големи промени во моментов, туку и целиот свет се менува. Верувам дека овие промени се на подобро“, […]

Војната во Украина го удвои производството и извозот на оружје во Чешка


Војната во Украина и несигурноста во светот го удвоија производството и извозот на оружје во Чешка, а половина од испораките одат во Украина, изјави шефот на Здружението за одбрана и безбедносна индустрија Јиржи Хинек. Минатата година Чешка произведе и извезе оружје во вредност од 625 милиони евра, а сега очекува повеќе од 1,2 милијарди, рече […]

Папата Франциск открива дека му недостига слободата да оди по улиците и потпишал писмо за оставка во 2013 година


Папата Франциск во интервју за шпанското издание „A Бе Се“ откри дека му недостасува слободата да шета по улиците. – Контактот со луѓето ме исполнува, затоа не ја откажав генералната ауденција во средата, рече тој. Во интервјуто кое го пренесува ДПА, папата се потсети и на годините што ги поминал како епископ во Буенос Аирес, […]

Москва испраќа музичари на фронтот во Украина за да го подигне моралот на војниците


Руските власти имаат намера да распоредат музичари на првите линии на фронтот во Украина во обид да го подигнат моралот на војниците. Министерството за одбрана на Русија најави формирање на „првата уметничка бригада“, велејќи дека во неа ќе бидат вклучени пејачи и музичари. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ги посети војниците на фронтот во […]

Кисинџер: Соништата за разбивање на Русија може да доведат до нуклеарен хаос


  Се приближува времето за договор за мир во Украина за да се намали ризикот од нова светска војна, а соништата за разбивање на Русија може да предизвикаат нуклеарен хаос, смета искусниот американски дипломат Хенри Кисинџер. Кисинџер, архитект на политиката во Студената војна кон Советскиот Сојуз додека беше државен секретар во мандатот на републиканските претседатели […]

Моравјецки: Полска мора да стави крај на спорот со ЕУ


Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека Полска мора да го запре спорот со Европската Унија за реформите во судството и независноста на судиите, поради што сè уште не добива пари од Националниот план за обнова по пандемијата, бидејќи вистинскиот конфликт беснее на исток од Полска. „Hannibal ante portas (Ханибал е пред вратата). Русија ја загрозува […]

Брнз: Пријателството меѓу Си Џинпинг и Путин има граници


 Кина многу внимателно ги следи лошите воени перформанси на Русија, и ниту еден друг странски лидер не ја следи толку внимателно војната и слабиот воен перформанс на Русија како Си Џинпинг, изјави директорот на Централната агенција за разузнавање (ЦИА) Бил Брнз. Во интервјуto за Пи-би-ес викендов, Брнз укажа дека ЦИА смета дека постојат граници во […]

Најмалку 19 лица загинаа во експлозија на цистерна во тунел во Авганистан


 Најмалку 19 лица загинаа во експлозија на цистерна со гориво во тунелот Саланг во северен Авганистан, изјави денеска официјален претставник за ДПА. Повредени се 32 лица, а се стравува дека бројот на жртвите е поголем, додаде тој. – Телата на жртвите што ги видовме беа целосно изгорени, не беше јасно дали се деца, мажи или […]

Евакуација на туристите заглавени на Мачу Пикчу поради протестите што го зафатија Перу


Околу 200 од туристите кои беа блокирани во познатиот археолошки комплекс во Перу, Мачу Пикчу, се евакуирани од таму поради протестите што го потресуваат Перу околу 10 дена. Евакуацијата е извршена со воз. Туристите биле пренесени во градот Пискакучо. Таму, пак, огромен камен ги блокираше шините и туристите, од кои повеќето Европејци и Северноамериканци, мораа […]

Вонредна состојба во Ел Пасо поради приливот на мигранти преку мексиканската граница


 Градоначалникот на тексашкиот град Ел Пасо прогласи вонредна состојба поради зголемениот број мигранти кои пристигнуваат во градот, од кои илјадници се апсат секој ден, а стотици од нив спијат на улиците на студ. Градоначалникот Оскар Лисер, од редовите на Демократската партија, рече дека прогласувањето вонредна состојба ќе им даде на градските власти ресурси и овластување […]

Евреите ја слават Ханука: Што симболизира овој празник и кои се обичаите?


Со заоѓањето на Сонцето, вечерва почнува – Ханука или Хаг Хаурим, празникот на слободата и светлината, кој ќе трае до 26 декември. Ханука се слави во спомен на тригодишната ослободителна војна, односно ослободувањето на Ерусалим во 165 п.н.е., кога беше „повторно запалено кандилото, а идолите беа исфрлени од Храмот“. Прославата трае осум дена, при што […]

(Видео/Фото) Застој на аеродромот во Москва – се откажуваат летови


Повеќе од 50 летови се одложени или откажани на московските аеродроми, покажуваат податоците на онлајн таблите. Причината е големото количество снег. Девет летови се одложени, а два откажани на аеродромот „Шереметјево“, пренесе Тасс. Record snowdrifts have grown in Moscow – from 33 to 38 centimeters, Phobos (Russia's weather investigation center) told #Sputnik #Moscow #Russia #snow […]

Новата влада на Бразил ќе има 37 министри


Владата на новоизбраниот претседател на Бразил Луис Инасио Лула да Силва ќе има 37 министри, односно многу повеќе од владата на Жаир Болсонаро, која имаше 23 министри, соопшти синоќа идниот кабинет на претседателот. Иако бројот на сектори се зголеми за 60 отсто за време на третиот мандат на Лула да Силва, кој започнува на 1 […]

Молдавија затвори шест телевизии поради ширење дезинформации


  Дозволите за емитување на шест телевизиски канали во Молдавија се суспендирани поради обвинувања за дезинформации, неточно покривање на руската војна во Украина и „обиди за манипулирање со јавното мислење“, соопштија властите. Одлуката за одземање на лиценците на каналите Прво во Молдавија, РТР Молдавија, Акцент ТВ, НТВ Молдавија, ТВ6 и Орхеи ТВ беше објавена доцна […]

Северна Кореја истрела две балистички ракети, соопшти јужнокорејската војска


Северна Кореја денеска истрела две балистички ракети кон морето во близина на источниот брег на Корејскиот Полуостров, соопшти јужнокорејската војска. Заменикот-министер за одбрана на Јапонија Тоширо Ино изјави дека севернокорејските балистички ракети се чини дека паднале надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија. Според јапонското Министерство за одбрана, проектилите летале на височина од 550 километри […]

Фијаско на изборите во Тунис, излегле само 9 отсто од гласачите


  Главната опозициска коалиција во Тунис соопшти дека претседателот Каис Саид мора да поднесе оставка откако на парламентарните избори учествуваа помалку од 9 отсто од граѓаните со право на глас. Шефот на Националниот фронт за спас, Неџиб Чеби, рече дека саботното гласање било „фијаско“, повикувајќи на масовни протести со барање за предвремени претседателски избори. Гласањето […]

Европската Унија постигна договор за пазарот на јаглерод


Преговарачите на Европската Унија рано изутринава постигнаа договор за ревизија на нејзиниот пазар на јаглерод, главниот инструмент на ЕУ за борба против климатските промени, објавија чешкото претседателство и Европскиот совет. – Договорот ќе ни овозможи да ги исполниме климатските цели во главните сектори на економијата, истовремено обезбедувајќи најранливите граѓани и микро-претприемачите да добијат поддршка во […]

Кличко: Обновено греењето во Киев


  Греењето во потполност е воспоставено во Киев по најновото бомбардирање на водоводната и енергетската инфраструктура, вели градоначалникот на главниот град н Украина, Виталиј Кличко. „Градот ги обновува сите услуги по последното гранатирање“, рече Кличко во апликацијата за размена на пораки Телеграм. „Конкретно, системот за снабдување со топлина на главниот град во потполност е обновен. […]

(Видео) Шојгу ги посети војниците на првата линија на фронтот


  Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ги посети војниците вклучени, во како што Русија ја нарекува, „посебната воена операција“ во Украина, соопшти утрово Министерството за одбрана. „Челникот на руската војска, со хеликоптер ги посети војниците на местата на кои се распоредени во подрачјето на посебната воена операција“, соопшти Министерствто на апликацијата Телеграм. Москва, инвазијата […]