Три дена. Единаесет гласања. Сѐ уште нема спикер на Претставничкиот дом на САД

Ваков долготраен ќор-сокак во изборот на мочната личност немало од 1860 година. Кевин Мекарти под блокада на 20 тврдокорни републиканци

Републиканскиот лидер на Претставничкиот дом, Кевин Мекарти, не успеа во неговиот последен обид да биде избран за спикер во парализата на американската влада што не е забележана од ерата пред Граѓанската војна.

Група десничари во неговата партија го исфрли од колосек единаесеттиот обид да го изберат на третиот ден од гласањето.

Републиканците го презедоа Претставничкиот дом на среднорочните избори во ноември, но ќор-сокакот ја остави комората неспособна да положи заклетва или да усвои закони.

Домот го одложи заседанието за петок.

Уште од 1860 година, кога унијата на Соединетите Американски Држави се нишаше околу прашањето за ропството, Долниот дом на Конгресот не гласаше толку многу пати за да избере спикер. Тогаш беа потребни 44 круга гласање.

Група од 20 тврдокорни републикански пратеници одбиваат да му ги дадат на Мекарти потребните 218 гласови.

Бунтовниците се скептични во однос на конзервативната искреност на конгресменот од Калифорнија, и покрај поддршката за него од поранешниот претседател Доналд Трамп.

Еден од дисидентите, Ралф Норман од Јужна Каролина, изјави за Би-Би-Си дека едноставно не му верува на Мекарти.

Конгресмен рече дека тимот на Мекарти им се заканувал со политичка одмазда против нив ако не застанат во редот во неделите кои му претходеа на овој ќор-сокак.

„Ќе бидеме исфрлени од комитетите“, рече г-дин Норман. „Ќе ја изгубиме секоја привилегија што ја имавме“.

„И ние во основа им кажавме: ‘Ако не можеме да поставуваме прашања, ако не можеме да ја провериме најмоќната личност што се подготвуваме да ја поставиме на функција, тогаш сме надвор’“.

Во меѓувреме, малцинските демократи продолжија да гласаат едногласно за нивниот лидер, њујорчаневот Хаким Џефрис, првиот црнец кој некогаш водел партија во Конгресот. Но, се чини малку веројатно дека тој би можел да придобие шест републикански дезертери за да стане спикер.

Пратениците во остро поделениот дом повторно ќе се состанат напладне (18 часот по средноевропско време) во петок, на втората годишнина од немирите на поддржувачите на Трамп во американскиот Капитол.

И покрај пречките, Мекарти – кој служеше како врвен републиканец во Домот од 2019 година – доби поддршка од повеќе од 200 републиканци, над 90% од неговата пратеничка група. Тие стануваат сѐ понестрпливи додека нивната агенда запира.

„Многу сум загрижен поради тоа и сум во комисијата за разузнавање“, изјави републиканецот од Пенсилванија, Брајан Фицпатрик. Тој додаде дека тој и другите членови на комисијата не можат да добиваат доверливи брифинзи додека пратениците не положат заклетва.

Правилата не налагаат спикерот да биде член на Домот, а во четвртокот, републиканскиот бунтовник од Флорида, Мет Гаец, имаше протестен глас за Трамп да ја има таа улога.

„Ова завршува на еден од двата начини: или Кевин Мекарти ќе се повлече од трката или создаваме лудачка јакна што тој не е подготвен да ја избегне“, рече тој.

Републиканката од Колорадо, Лорен Боберт, номинираше пратеник од Оклахома, велејќи им на своите колеги да се откажат од Мекарти.

„Тоа не се случува“, рече таа, додавајќи дека републиканците „треба да стигнат до точка каде што ќе почнеме да оценуваме како изгледа животот по Кевин Мекарти“.

Макарти им понуди бројни отстапки на бунтовниците, вклучувајќи место во влијателниот комитет за правилата, кој ги поставува условите за дебата во законодавството на Домот. Тој, исто така, се согласи да го намали прагот за активирање на гласањето дали да се смени претседателот, на само еден член на Претставничкиот дом.

За време на осумчасовната сесија во четвртокот, тој беше виден како се консултира со помошниците и како има анимирани разговори еден на еден со колегите.

Претседателот на Домот е втор во редот за претседателската функција, по потпретседателката Камала Харис. Тие го поставуваат дневниот ред во Домот и таму не може да се води легислативна работа без нив.

Во ноември, републиканците го освоија Домот со мала разлика од 222 спрема 212 во 435-члената комора. Демократите ја задржаа контролата врз Сенатот.

Во ноември, републиканците го освоија Домот со мала разлика од 222 спрема 212 во 435-члената комора. Демократите ја задржаа контролата врз Сенатот. (Би-Би-Си)