Рускиот патријарх Кирил повика на Божикно примирје
Патријархот Кирил, водачот на Руската православна црква, повика на привремен 36-часовен прекин на огнот во Украина по повод одбележувањето на православниот Божик.
„Јас, Кирил, патријархот на Москва и на цела Русија, апелирам до сите страни вклучени во меѓусебниот конфликт со апел за прекин на огнот и воспоставување Божикно примирје од 12:00 часот на 6 јануари до 24:00 часот на 7 јануари, за православните да можат да присуствуваат на богослужбите на Бадник и на Божик“, се вели во соопштението на прес-службата на Московската патријаршија.
Кирил беше гласен поддржувач на војната во Украина и одржа проповед во која рече дека „воената должност ги мие сите гревови“.
Водачот на Руската православна црква, исто така, е во расправија со папата Франциско, кој ја опиша инвазијата на Украина како руски „експанзионизам и империјализам“.
Во мај, папата го повика патријархот Кирил „да не стане олтар момче на Путин“.
Во ноември, огранок на украинската православна црква објави дека ќе им дозволи на нејзините цркви да го слават Божик на 25 декември, наместо на 7 јануари, како што е традиционално во православните собранија.
Соопштението на Православната црква на Украина, со седиште во Киев, го прошири јазот меѓу Руската православна црква и другите православни верници, кој се продлабочи поради руската инвазија на Украина.
Во последниве години, голем дел од православната заедница во Украина се оддалечи од Москва, движење забрзано од конфликтот што Русија го поттикна во источна Украина, почнувајќи од 2014 година.