Дронот кој го користат Русите составен е од делови од 13 американски фирми


Од 52 компоненти на дронот „шахед-136“, кој Русија го користи во Украина, дури 40 се произведени од американски фирми.

Еден од иранските дронови кои ланската есен е урнат во Украина во себе имал голем број делови произведени во Америка и други западни земји, дознава Си-ен-ен.

Оваа информација исплва на виделина откако претседателот на САД, Џо Бајден се зарече дека ќе го прекине нивното производство.

Од 52 компоненти кои Украиците ги зеле од еден од иранските „шахед-136“ дронови кои Русија ги користи во борбите, дури 40 се произведени во 13 различни американски фирми. Преостанатите 12 произведени се во фирми од Канада, Швајцарија, Јапонија, Тајван и Кина, според проценката која ја добиле во Си-ен-ен, пренесе Телеграм.хр.