Бајден: Путин „се обидува да најде малку кислород“ со наредбата за прекин на огнот


 

Американскиот претседател Џо Бајден изрази скептицизам во врска со прекинот на огнот нареден од рускиот претседател Владимир Путин во Украина за божикните богослужби на православните христијани на 6 и 7 јануари.

„Не сум подготвен да одговорам (на) сѐ што ќе каже Путин. Тпа ми изгледа интересно. Тој беше подготвен да бомбардира болници, градинки и цркви на 25 и на Нова година“, изјави Бајден за новинарите во четвртокот.

„Мислам, мислам дека тој се обидува да најде малку кислород“, додаде тој.

Путин во четвртокот му нареди на својот министер за одбрана да нареди прекин на огнот во Украина во времетраење од 36 часа, почнувајќи од пладне на 6 јануари. Паузата ќе им овозможи на православните христијани да присуствуваат на божикните служби, се вели во соопштението од Кремљ.