Во Кина најголем дневен пораст на заразени со корона вирус по повеќе од 20 месеци


  Кина забележа најголем дневен пораст на случаи со Ковид-19 во 21 месец, откако бројот на заразени двојно се зголеми во северозападниот град Џиан, најново жариште на болеста. Градот со 13 милиони жители, кој влезе во четвртиот ден од локадаунот, во саботата откри 155 локално пренесени инфекии со потврдени симптоми, што е 75 повеќе од …

Во Кина најголем дневен пораст на заразени со корона вирус по повеќе од 20 месеци Read More »

Поради голем снег се откажуваат летови во Јапонија


Повеќе од 100 домашни патнички летови во Јапонија се откажани поради обилни врнежи од снег, соопштија две јапонски авио-компанија. Компанијата АНА Холдингс откажа 77 летови со што се погодени 5.100 патници, рече Јутака Китахара, оперативен директор на компанијата. „Со оглед на временските прилики на североистокот на Јапонија кои и понатаму се неповолни, можни се дополнителни …

Поради голем снег се откажуваат летови во Јапонија Read More »

Шестмина загинати во пукање за време на прослава на Божик во Бразил


 Шест лица загинаа, а пет се повредени во пукање во Бразил за време на прослава на Божиќ на фудбалски терен, јавија локалните медиуми. Инцидентот се случил во градот Фотралеза, во североисточниот дел на Бразил, а службата за јавна безбедност во државата Сеара соопшти дека загинатите се луѓе на возраст меѓу 15 и 26 години. Десет …

Шестмина загинати во пукање за време на прослава на Божик во Бразил Read More »

Почина јужноафриканскиот надбискуп Дезмонд Туту, борец против апартхејдот


Јужба Африка–  Надбискупот Дезмонд Туту, добитник на Нобеловата награда за мир и истакнат ветеран во борбата против апартхејдот во Јужна Африка, почина на 90-годишна возраст, објави во неделата јужноафриканскиот претседател. „Смртта на мирниот надбискуп Дезмонд Туту е уште едно тажно поглавје во збогувањето на нашата нација со членовите на генерацијата Јужноафриканци кои не задолжија и …

Почина јужноафриканскиот надбискуп Дезмонд Туту, борец против апартхејдот Read More »

Бајден им се заблагодари на американските војници ширум светот 


САД – Американскиот претседател Џозеф Бајден го одбележа својот прв Божик на функцијата разговарајќи, преку видео врска, со припадниците на американската армија стационирани ширум светот, заблагодарувајќи им се за нивната храброст со пораката дека тие се „цврстиот, челичен рбет на нацијата“. Во присуство на неговата сопруга Џил, претседателот и врховниот командант на САД денеска преку видео …

Бајден им се заблагодари на американските војници ширум светот  Read More »

Се тресеше Европа од серија земјотреси


  Утрово се затресе ширум Европа, па и на некои места каде можноста за земјотрес е многу мала. Земјотрес во Словенија, близу границата со Хрватска се случи утринава, а жителите на северозападна Хрватска се разбудија од потресот. Но, тој не е единствениот што се случи утрово. Напротив, беше еден од послабите, пренесе РТЛ. Жителите на …

Се тресеше Европа од серија земјотреси Read More »

Масакр во Мјанмар, армијата тврди дека елиминирала терористи


Повеќе од 30 цивили, меѓу кои и жени и деца се убиени, а телата им се запалени во мјанмарската сојузна држава Кајаха. Локалните жители и организациите за заштита на човековите права потврдија дека во близина на селото Мо Со пронајдени се изгорени тела на внатрешно раселени лица, кои биле убиени од припадници на армијата на …

Масакр во Мјанмар, армијата тврди дека елиминирала терористи Read More »

Која маска е најприфатливо да ја носите по појавата на Омикрон?


  Додека сојот омикрон се шири, некои научници сметаат дека мора да се разгледа кои маски се носат во моментот. Тоа пред сѐ се однесува на маските од ткаенина. „Маските од ткаенина не се ништо повеќе од декор на вашето лице. Тие веќе не се прифатливи откако се појави омикрон сојот. Всушност, научниците и здравствените …

Која маска е најприфатливо да ја носите по појавата на Омикрон? Read More »

Русија: Поради уринирање по портрет на воен ветеран студент осуден на 4 години затвор


Судот во Москва го осуди студентот Матвеј Јуферов на четири години затвор откако е снимен како уринира на споменик на кој имало портрет на руски ветеран од Втората светска војна. Подоцна видеото го објавил на својот Инстаграм налог. Јуферов, кој студира на Рускиот државен универзитет за хуманистички науки, прогласен е за виновен за „рехабилитација на …

Русија: Поради уринирање по портрет на воен ветеран студент осуден на 4 години затвор Read More »

Русите не му веруваат на „Спутник“, бројот на мртви од ковид речиси милион


Русија ја започна годината со помалку ограничувања за ковид епидемијата од Западот и сo верувањето дека нејзината новорегистрирана вакцина „Спутник V“ ќе ја остави зад неа пандемијата. Но, новиот бран на коронавирусот во текот на летото беше проследен со уште поразорен бран есента, поттикнат од варијантата Делта, што предизвика  рекордни бројки на смртни случаи и …

Русите не му веруваат на „Спутник“, бројот на мртви од ковид речиси милион Read More »

Фијон влезе во бордот на руски петрохемиски гигант


Поранешниот француски премиер Франсоа Фијон неодамна станал член на бордот на  директори на рускиот петрохемиски гигант Сибур. Конзервативецот, кој се кандидираше за претседател во 2017 година по речиси петгодишен мандат како премиер на поранешниот претседател Никола Саркози, се приклучил на руската компанија како „независен директор“ на 17 декември. Со групата претседаваат руските олигарси Леонид Микелсон …

Фијон влезе во бордот на руски петрохемиски гигант Read More »

Научниците прогласија крај на ерупцијата на вулканот Кумбре Виеха


Научниците денеска прогласија крај на ерупциите на вулканот Кумбре Виеха на шпанскиот остров Ла Палма, кои треја близу 100 дена. Откако проработе на 19 септември, вулканот се стиши на 13 декември, но властите, загрижени да не дадат лажна надеж на населението, чекаа до Божик да прогласат крај на ерупциите, пренесе Ројтерс.   „Тоа што сакам …

Научниците прогласија крај на ерупцијата на вулканот Кумбре Виеха Read More »

Талибанците забранија музика во автомобилите


 Талибанците забранија да се слуша музика во автомобилите, како и жените да не можат да се возат без хиџаб. Авганистанското Министерство за исламска ориентација издаде пишана препорака до возачите да не вклучуваат музика и да не примаат во возилата жени без хиџаб. Талибанците го зазедоа Кабул на 15 септември и ја презедоа власта во Авганистан, …

Талибанците забранија музика во автомобилите Read More »

Во Франција 94.000 новозаразени, болниците под голем притисок


Франција, на Бадник, надмина праг од 94.000 нови дневни случаи со Ковид-19, најмногу од почетокот на епидемијата во март 2020 година, според податоците на француското јавно здравство. Во 24 часа, забележани се 94.124 нови случаи во петтиот бран од епидемијата, зајакнато со омикрон сојот. Последните седум дена просечно дневно имало 66.417 нови случаи Претходниот рекорд …

Во Франција 94.000 новозаразени, болниците под голем притисок Read More »

Турција и Катар постигнаа прелиминарен договор со талибанската администрација за аеродромот во Кабул


 Турција и Катар постигнаа прелиминарен договор со талибанската администрација за аеродромот Хамид Карзаи во Кабул и уште четири аеродроми во Авганистан, јави Анадолија. Турско-катарската делегација, која вчера   пристигна во Кабул, постигнала начелен договор со авганистанската страна за управување со аеродромот Хамид Карзаи и четири други аеродроми во земјата, јави агенцијата повикувајќи се на извори. „По …

Турција и Катар постигнаа прелиминарен договор со талибанската администрација за аеродромот во Кабул Read More »

Дали Исус беше левичар или десничар?


  Како Исус станал поврзан со десницата? Тој беше син на бегалци кој се залагаше за сиромашните и ги повика своите следбеници да не го фрлаат првиот камен. Но, кога станува збор за гласачките кутии, Исус стана политичка сопственост на тврдокорните конзервативци и антимиграциските популисти кои се помалку склони да го свртат другиот образ отколку …

Дали Исус беше левичар или десничар? Read More »

Истражување: Згаснаа речиси половина од авганистанските медиуми


Авганистанските медиуми се на работ на колапс бидејќи имаат проблем со финансирањето откако талибанците ја презедоа власта во август оваа година. Истражување на Новинари без граници (РСФ) и Здружението на авганистански независни новинари (АИА) покажа дека околу 43 отсто од авганистанските медиуми престанале да работат, оставајќи речиси 60 отсто од новинарите без работа. Студијата заклучува …

Истражување: Згаснаа речиси половина од авганистанските медиуми Read More »

Полска ќе го намали ДДВ-то за некои прехранбени производи на нула


Полската влада има намера да го намали ДДВ-то за некои прехранбени производи на нула од 1 февруари, како дел од програмата за даночни намалувања и парични средства кои треба да го ублажат влијанието на спиралната инфлација врз потрошувачите. Полска побара одобрение од Европската унија за промена на даночните регулативи за намалување на ДДВ на храната, …

Полска ќе го намали ДДВ-то за некои прехранбени производи на нула Read More »

Светот во 2021: Упад во Капитол – речиси една година подоцна


САД– 6 јануари 2021 година ќе остане забележан како мрачен ден во американската историја. И речиси една година подоцна, бавните тркала на правдата продолжуваат да се вртат додека Американците чекаат да видат што ќе се случи следно. Во меѓувреме, властите минуваат низ една од најголемите кривични истраги во американската историја – па можеби ќе помине …

Светот во 2021: Упад во Капитол – речиси една година подоцна Read More »

Светот во 2021: Тешка година за Аунг Сан Си Чи и демократијата во Мјанмар


Мјанмар– „Не ги расипува луѓето моќта, туку стравот. Стравот од губење на моќта ги расипува оние кои се на власт, а стравот од злоупотреба на моќта оние со кои се владее“. Со овие зборови нобеловката од Мјанмар, Аунг Сан Су Чи, го почна својот говор во 1990 година кога како млада жена, активистка, политичарка, демократка …

Светот во 2021: Тешка година за Аунг Сан Си Чи и демократијата во Мјанмар Read More »