Која маска е најприфатливо да ја носите по појавата на Омикрон?

Маските од ткаенина не се ништо повеќе од декор на вашето лице. Тие веќе не се прифатливи откако се појави омикрон сојот


Фото: Б. Грданоски

 

Додека сојот омикрон се шири, некои научници сметаат дека мора да се разгледа кои маски се носат во моментот. Тоа пред сѐ се однесува на маските од ткаенина.

„Маските од ткаенина не се ништо повеќе од декор на вашето лице. Тие веќе не се прифатливи откако се појави омикрон сојот. Всушност, научниците и здравствените работници веќе со месеци укажуаат дека маските од ткаенина не одговараат“, вели професорката на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“, д-р Леана Вен.

Образложи кои маски е прифатливо да се носат, односно кои пружаат заштита.

„Потребно е да се носи трослојна хируршка маска. Преку неа може да ставите маска од ткаенина, но не може да носите само маска од ткаенина“, укажа таа.

Како најиделно наведе дека на простор каде има многу луѓе треба да се носат маски KN95 и N95 кои се нешто поскапи, но поделотворни во заштитата од корона вирусот.

Професорката по биологија на Универзитетот во Масачусетс, Дартмут, Ерин Бромаж потцрта дека маските од ткаенини ги филтрираат поголемите капки, додека N95 маските може да филтрираат и помали честички кои го содржат вирусот.

Во американската организација за заштита ACGIH укажаа дека низ ткаенината влегуваат и излегуваат 75 отсто од ситните честички. Од друга страна, N95 маските филтрираат 95 отсто од честичките . Овие податоци се од Националниот институт за безбедност и здравје. Професорката Бромаж укажа на тоа дека хируршките маски пет до 10 отсто се помалку делотворни од маските N95.

Согласно претходно наведеното, заклучи дека од квалитетот на максата зависи колку вирусот ќе се шири.