Потпишана Заклетвата од Талин – се спрема огромна помош за Украина


Девет земји ветија нова воена помош за Украина пред клучниот состанок за оружје јих би требало да се одржи во Германија утре. Помошта од земјите межу кои и Естонија, Латвија, Обединетото Кралство и Полска вклучува десетици противвоздушни системи „Стингер“, протввоздушни топови S-60, митралези и обука, се наведува во соопштението. „Ги осудуваме нападите со цел тероризирање […]

Полицијата во Париз употреби солзавец против демонстрантите


 Полицијата во Париз употреби солзавец против демонстрантите кои денеска протестираа против пензиските реформи. Солзавецот бил употребен кога некои демонстранти, облечени во качулки и маски кои ги покриваат нивните лица, фрлаа разни предмети кон полицајците. „Фигаро“ пренесува дека демонстрантите фрлале камења кон полицијата. Француските синдикати денеска започнаа голем штрајк против плановите на претседателот Емануел Макрон да […]

Двојка во Британија, изгладнувала деца, ги бањале со врела вода и ги хранеле со сапун


  Двојка од Велика Британија која мачела деца со изгладнување, ги туркала под врела вода и ги хранела со сапун, прогласена е за виновна за повеќекратно злоставување на децата. Децата на Шерил Пиклс (35) и Ендру Хадвин (39) биле толку гладни што би оделе и по повеќе од 6 км за во 4 часот наутро […]

Владата на Тајван поднесе оставка


Тајванскиот премиер Хсу Цен Чан денеска му ја врачи на претседателот Цаи Инг-вен неговата оставка и оставката на Владата пред очекуваните промени во кабинетот. Хсу се повлече по тешкиот пораз на владејачката Демократска напредна партија на локалните избори во ноември минатата година и во момент кога Тајван почнува да се подготвува за претседателските и парламентарните […]

Меѓу загинатите во авионската несреќа во Непал има и американски државјани


САД– Стејт департментот соопшти дека двајца од патниците кои загинаа во авионска несреќа во неделата во Непал се американски државјани, додека други двајца се постојани жители на САД. Авионот на „Јети ерлајнс“ се урна кога се приближуваше до меѓународниот аеродром во подножјето на Хималаите, при што загинаа сите 72 лица во авионот. „Нашите мисли се […]

САД подготвуваат план како Украина да го нападне Крим


  Соединетите Американски Држави ќе ѝ помогнат на Украина да планира нова фаза од армиската контраофанзива, чија цел ќе биде Крим припоен од Русија, пишува „Њујорк тајмс“, цитирајќи претставници на Белата куќа и Пентагон. Состанокот на американската и украинската команда, на кој ќе се разговара за понатамошни воени акции, како и командно-штабни вежби за идните […]

Кремљ му одговори на Зеленски по изјавата дека не е сигурен оти Путин е жив


Кремљ му одговори на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, откако тој рече дека не е сигурен оти Владимир Путин е жив. „Јасно е дека Русија и Путин се голем проблем за Украина и за Зеленски и јасно е дека господинот Зеленски, чисто психолошки, повеќе би сакал ни Русија ни Путин да не постојат“, рече портпаролот […]

Зеленски: Не сум сосема сигурен дека Путин е жив


Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на денешното видео обраќање на Светскиот економски форум во Давос рече дека не е „сосема сигурен“ дека рускиот претседател Владимир Путин е жив и дека носи одлуки во Русија. „Јас навистина не разбирам со кого да разговарам и за што да разговарам. Не сум сигурен дека претседателот на Русија, […]

Бројот на жители во Германија првпат надмина 84 милиони, но поради имиграција


 Германија на крајот на 2022 година имала најмалку 84,3 милиони жители, според прелиминарните проценки направени денеска од Федералниот завод за статистика од Визбаден, што е повеќе отколку на крајот на некоја година откако се води статистика. Сепак, причината не е позитивен наталитет, туку рекордната имиграција. Споредено со крајот на 2021 година, бројот на жители се […]

Пронајдено второто скривалиште на шефот на Коза Ностра, Денаро


Во сицилијанското село Кампобело ди Макара, откриено е второто скривалиште на мафијашкиот бос Матео Месина Денаро. Тоа скривалиште се наоѓа на само еден километар од првото во Виа Сем Вито во Палермо, каде Денаро ги минал последните месеци во бегство, пренесува „Кориере дела Сера“. Второто засолниште е еден вид блиндирана соба и во него се […]

Во Франција штрајк поради предлогот за зголемување на старосната граница за пензионирање


Француските синдикати денеска почнаа штрајк против плановите на претседателот Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање. Во новиот Предлог-закон што ќе помине низ Парламентот, ќе пишува дека вработените се пензионираат на 64 години, наместо на 62, колку што е сегашната граница. Градскиот и меѓуградскиот железнички сообраќај е речиси во застој, а многу училишта […]

Речиси осум милиони луѓе од Украина пристигнаа во Европа од почетокот на војната


Швајцарија– Речиси осум милиони бегалци од Украина пристигнаа во земјите од Европа откако во февруари минатата година таа држава влезе во воен конфликт со Русија, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР). Во соопштението се наведува дека во текот на измината недела тој број се зголемил за 10.571. УНХЦР објави дека од 24 февруари 2022 […]

„Немам веќе енергија“: Џасинда Ардерн си заминува од местото премиер на Нов Зеланд


  Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, во четвртокот објави дека ќе се повлече пред изборот на нов лидер за неколку недели, велејќи дека не верува дека има енергија да бара реизбор на изборите во октомври. Говорејќи на прес-конференција, Ардерн рече дека нејзиниот мандат ќе заврши до 7 февруари, кога очекува дека новиот лабуристички премиер […]

Изјавата на Лавров дека Западот бара „конечно решение“ во стилот на Хитлер го налути Израел


  Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во средата ги обвини САД и Европа дека бараат „конечно решение“ за „руското прашање“ споредливо со планот на Адолф Хитлер да ги уништи Евреите во Втората светска војна, предизвикувајќи гнев кај Израел, Германија и некои други западни противници на Москва. „Како што Наполеон ја мобилизираше практично цела […]

Клучен сојузник на Нетанјаху не може да биде министер, одлучи највисокиот суд во Израел


  Највисокиот суд на Израел во средата пресуди со 10 спрема 1 дека на Ариех Дери, лидер на партијата Шас и клучен сојузник на премиерот Бенјамин Нетанјаху, не треба да му биде дозволено да ја извршува функцијата министер во кабинетот поради пресудата во февруари 2022 година за даночна измама. Нетанјаху треба да го отстрани Дери […]

Илјадници медицински сестри повторно штрајкуваат во Велика Британија


По историскиот прв штрајк во декември, илјадници медицински сестри во Англија денеска повторно стапија во штрајк што ќе продолжи и утре. Тие бараат повисоки плати и подобри работни услови во време кога Велика Британија се соочува со висока инфлација. Речиси четвртина од јавните здравствени услуги се засегнати од штрајкот. Медицинските сестри бараат зголемување на платите […]

Трамп побара официјално да се врати на Фејсбук


САД– Поранешниот американски претседател Доналд Трамп официјално побара да се врати на Фејсбук, објавија денеска негови соработници. Скот Гаст, адвокатот на Трамп, упати писмо до основачот на Фејсбук, Марк Закерберг. Во него тој побара средба за да се разговара за брзото враќање на Трамп на социјалната мрежа. Во писмото, адвокатот ја повикува платформата да поттикне вистински […]

ЕП ја повикува ЕК да отвори истрага за работата на комесарот Вархеи


 Резолуцијата на Европскиот парламент за спроведување на надворешната и безбедносната политика на ЕУ, која беше усвоена денеска на пленарна седница, содржи параграф со кој се повикува Европската комисија да започне „независна и непристрасна истрага“ за Оливер Вархеи, со цел да се утврди дали однесувањето на комесарот за проширување и соседска политика „го крши кодексот на […]

Кој беше Денис Монастирски, министерот што ја загуби војната?


Околностите за хеликоптерската несреќа во која загина украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски се уште не се разјаснети, но загубата за државниот врв е голема, бидејќи тој го водеше еден од двата најважни ресори во државата. Кој е Монастирски, министерот кој беше доста цитиран во странските медиуми но никој немаше време да открива со […]

Марк Ангал ја наследи Ева Каили на местото потпретседател на ЕП


Франција – Европскиот парламент го избра луксембуршкиот социјалдемократ Марк Ангал за нов потпретседател, откако неговата претходничка Ева Каили беше уапсена и разрешена под обвинение за примање мито од Катар. Ангал, кој е член на Европскиот парламент од 2019 година, стана еден од 14-те потпретседатели на ЕП, а беше избран по два круга тајно гласање. Тој во првиот круг ја […]