Поранешниот советник на Трамп за национална безбедност ќе биде сослушан од специјалниот обвинител
САД- Поранешниот советник за национална безбедност на Доналд Трамп, Роберт О’Брајан, бил повикан од специјалниот обвинител Џек Смит, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извор. Смит води истрага за доверливи документи пронајдени на имотот на поранешниот претседател на Флорида, Мар а Ларго, како и за обидите на Трамп да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година.
Американскиот јавен обвинител Мерик Гарланд го назначи Смит за специјален обвинител во ноември лани да ја води истрагата против Трамп. Тоа се случи набргу откако Трамп објави дека ќе влезе во трката за номинација на Републиканската партија за повторно да се кандидира за претседател на изборите во 2024 година.
И поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс добил покана од специјалниот обвинител што го истражува поранешниот претседател Доналд Трамп, јави Еј-Би-Си Њуз, повикувајќи се на неименувани извори. Телевизијата не прецизираше за што е доставена поканата.