Најсилните земјотреси во 21 век – во еден од нив загинаа повеќе од 300.000 луѓе


Во земјотресите кои ја погодија Турција и Сирија на почетокот на неделава, до овој момент потврдени се околу 20.000 жртви, а се очекува бројката да расте.

Со тоа, ова е еден од најсмртоносните земјотреси во последниов век. Но, од 2000 година наваму забележани се многу поразорни земјотреси со уште поголем број жртви.

Наити во 2010 година беше погодена од земјотрес со јачина од седум степени по Рихтер. Потресот го погоди главниот град Порт-о-Пренс и уби 316.000 луѓе, а уништи повеќе од 80.000 градби.

Во земјотресот со јачина од 7,8 степени во 2008 година во Кина, загинаа повеќе од 87.000 луѓе.

Индискиот Океан во 2004 година беше потресен од земјотрес со јачина од 9,5 степени според Рихтер. Потресот имаше епицентар кај Суматра, а предизвика цунами, кое ги погоди бреговите на Индонезија, Тајланд, Индија и Шри Ланка. Загинаа најмалку 230.000 луѓе.

Во земјотрес со јачина од 7,6 степени во Пакистан во 2005 година настрадаа 73.000 луѓе, додека во соседна Индија, од истиот земјотрес загинаа повеќе од 1.200.

Иран , пред точно 10 години беше погоден од земјотрес ос јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот беше во југоисточниот дел на земјата, а особено беше погоден градот Бам. Тогаш загинаа околу 31.000 луѓе.