Бикнијус: Нема непосредни докази дека експлозијата на гасоводот што ги поврзува Литванија и Летонија е резултат на напад


  Извршниот директор на „Амбер Грид“, компанијата задолжена за транспорт на гас од Литванија, Немунас Бикнијус, денеска соопшти дека нема непосредни докази дека експлозијата на гасоводот што ги поврзува Литванија и Летонија е последица на напад. – Според првичната проценка, не гледаме напад како причина за експлозијата, но истрагата ќе ги вклучи сите можни опции, […]

Американската војска минатата година видела над 500 НЛО, но не од вонземјани


Објавен е новиот извештај на американската влада за забележани НЛО пријавени од американски војници. Новите документи откриваат дека минатата година имало стотици вакви нови случаи. Националната разузнавачка служба на САД сега знае за 510 пријавени НЛО, што е зголемување од 144 собрани во првата проценка од 2021 година, пишува Би-Би-Си. Речиси половина од новите видувања […]

Бајден на 7 февруари ќе одржи говор за состојбата на нацијата и општата политика


  Американскиот претседател Џозеф Бајден на 7 февруари пред Конгресот на САД ќе има традиционално обраќање за состојбата на нацијата и општата политика. Во согласност со традицијата, претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, републиканецот Кевин Мекарти, денеска со писмо го покани Бајден да се обрати на заедничката седница на двата дома на Конгресот. Прес […]

Зошто Соледар е важен за Русија?


  Русија во петокот соопшти дека нејзините сили го зазеле Соледар, град до рудник за сол во источна Украина, што би претставувало симболична ако не и стратешка победа за Москва по неколкумесечни неуспеси на бојното поле. Сепак, Киев го отфрли тврдењето. Преземањето на Соледар, исто така, би претставувало симболична ПР-победа за човекот што го води […]

Експлодира гасоводот што ја поврзува Литванија со Летонија


Гасоводот што ја поврзува Литванија со Летонија експлодирал во областа Пасвалски во Литванија, а според првичните информации нема повредени, јави порталот ЛРТ, повикувајќи се на полицијата. Во 16 часот и 57 минути, окружната полиција на Паневезис пријавила експлозија на гасовод во улицата Јонишкеле во селото Виенкиемиу. Според прелиминарните податоци, нема жртви, се наведува во соопштението, […]

Гринпис бара од ЕУ забрана за приватни авиони пред состанокот во Давос


  Гринпис повика на забрана за летови со приватни авиони кои емитуваат јаглерод непосредно пред годишниот Светски економски форум во Давос, на кој се собира светската деловна и политичка елита. Комисијата на ЕУ треба да го отвори патот за таква регулатива во сегашната ревизија на Регулативата за воздушниот сообраќај, соопшти денеска еколошката организација. Бројот на летови на кратки релации […]

Извлечена жрепката за клупското СП во фудбал


  Во фудбалската академија „Мохамед VI“ во градот Сале денеска се одржа жрепката за Светското клупско првенство, кое од 1 до 11 февруари ќе се одигра во Мароко. На Светското клупско првенство во организација на ФИФА ќе настапат седум екипи, победници на најсилните континентални натпреварувања (Реал Мадрид, Фламенго, Казабланка, Сиетл, Оукленд), африканскиот вицешампион Ал Ахли […]

Германија ќе го укине носењето маски во меѓуградските возови и автобуси


Носењето маска од 2 февруари повеќе нема да биде задолжително во Германија во меѓуградскиот превоз – возови и автобуси, бидејќи ширењето на коронавирусот забавува, соопшти денеска Министерството за здравство. Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах ги повика луѓето со чувствително здравје да продолжат да користат маска врз основа на лична одлука. Според сегашниот закон за […]

Град во Индија потона 5 см во две недели


  Во градот Јошимата на северот на Индија, дел од жителите се евакуирани откако во нивните домови последните недели се појавиле алармантни пукнатини. Досега 600 луше од 145 семејства се преместени во хотели и училишта, откако пукнатините настанале во 750 згради во градот кој има 20.000 жители. Индиската организација за истражување на вселената објави дека […]

Руската војска го зазеде Соледар


  Руската војска воспостави целосна контрола над градот Соледар во областа Донецк во Украина, кој беше предмет на жестоки борби во последните недели. Ова се наведува во дневниот извештај на руското Министерство за одбрана. Според Москва, „ослободувањето“ на Соледар било завршено вечерта на 12 јануари. Киев не коментираше за заземањето на градот. Утрото на 13 […]

Норвешките власти нарачаа нови залихи артилериска муниција


Норвешка нарачала нови залихи муниција, конкретно артилериски гранати во вредност од 2,6 милијарди круни (243 милиони евра), соопшти денеска Владата во Осло. Норвешкото Министерство за одбрана потпиша договор со националниот производител на муниција „Намо“, за кој односниот договор ќе значи можност за зголемување на сопствените производствени капацитети. „Постои нова геополитичка ситуација. Во Европа има војна […]

НАТО ги преместува Аваксите во Романија за да ги надгледува руските активности


НАТО ќе премести во Романија неколку свои извидувачки авиони кои моментално се стационирани во Германија, па тие ќе бидат поблиску до Украина, јави ДПА. Извидувачките авиони  АВАКС треба да пристигнат во вторник во Букурешт „за да го поддржат зголеменото присуство на алијансата во регионот и да ја следат руската воена активност“, соопшти денеска НАТО. Авионите […]

Демократи пратеници бараат укинување на визата за престој во САД на Болсонаро


Група од 41 претставник на Демократската партија во Конгресот побара од американскиот претседател Џо Бајден да ја укине визата на поранешниот екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро, кој се наоѓа на Флорида „Не смееме да дозволиме Болсонаро или кој било друг поранешен бразилски функционер да најде засолниште во САД за да ја избегне правдата за секое […]

Маж избодел со нож тројца полицајци во Будимпешта, еден им подлегна на повредите


Маж избоде тројца полицајци синоќа во главниот град на Унгарија, од кои едниот им подлегнал на нанесните повреди, соопшти денеска полицијата во Будимпешта. Инцидентот се случил кога тројцата полицајци интервенирале на дојавен повик за обид за упад во стан, а биле нападнати при обидот да го приведат разбојникот. Во моментот на приведувањето, тој ги нападнал […]

Русија сака директни преговори со Украина, без посредници


  Преговорите за ставање крај на војната меѓу Москва и Киев треба да бидат директни и да исклучат учество на посредници, соопшти руското МНР. „Како што покажува практиката, западните посредници често ги следат сопствените цели и се обидуваат да влијаат на текот на преговорите, не да дејствуваат за да го решат конфликтот, туку во нивните […]

Најголема епидемија на колера во последните две децении во Малави, починати 750 лица


Најголемата епидемија на колера што го погоди Малави во последните две децении однесе 750 животи, рече министерката за здравство на земјата, додека шефот на Светската здравствена организација ја опиша оваа југоисточна африканска земја како една од најтешко погодените во услови на тековни глобални епидемии кои се „пораспространети и посмртоносни од нормалните“. Министерката за здравство на […]

Чесите одат на гласање за нов шеф на државата


Чешка– Повеќе од осум милиони чешки гласачи попладнево и утре ќе излезат на гласање за да одлучат на третите директни избори кој ќе застане на чело на државата. Меѓу осумте кандидати нема личности од калибарот на првите тројца претседатели: Вацлав Хавел, Вацлав Клаус и во последните два мандата Милош Земан. Иако има осум кандидати, само тројца […]

Најмалку седум лица загинаа во торнадо во САД


САД– Најмалку седум лица загинаа, а 12 се повредени во САД како последица на торнадо. Шест жртви има во округот Отога во централниот дел на американската сојузна држава Алабама, а еден загинал во државата Џорџија. Невремето оштети домови и остави десетици илјади клиенти без струја во делови од Џорџија, Мисисипи и Алабама. Моќното торнадо оштети меѓу […]

„Си-Ен-Ен“ се сели од своето долгогодишно седиште во Атланта


САД– Американската компанија „Си-Ен-Ен“ до крајот на годината ќе се исели од „Центарот Си-Ен-Ен“, нејзиното долгогодишно седиште во центарот на Атланта. Водителките на таа кабелска телевизија кои работат во работните денови, веќе се преселиле во Њујорк или Вашингтон, но дигиталните и меѓународните сервиси на „Си-Ен-Ен“ се уште се во Атланта. Портпаролката Бриџит Ланингер потврди дека остатокот […]

Украина објави дека презела противнапад во Соледар (Видео)


  Украинските сили во четвртокот објавија дека извршуваат контранапади во Соледар, источниот град кој е предмет на интензивни руски бомбардирања и напади. „По неколкудневно повлекување, дури и постигнавме одреден напредок“, објави украинската 46. воздухопловна бригада на Телеграм, како што пренесе Си-Ен-Ен. „Железничката станица е наша. Рудникот е наш. Чекаме поддршка. Соледар е Украина“. Кремљ се […]