Торнадо ги зафати Алабама и Кентаки, уништени куќи и далноводи


Во американските држави Алабама и Кентаки, силно торнадо денеска оштети куќи, урна далноводи и корнеше дрвја, соопшти Националната метеоролошка служба во Бирмингем и Луисвил. Градоначалникот на градот Селма, Џејмс Перкинс изјави за VSFA дека најмалку едно лице се верува дека е заробено во зграда, а можно е уште едно лице да се води за исчезнато, […]

Неволји за Бајден: Специјален советник ќе истражува за класифицираните документи


  ВАШИНГТОН – Јавниот обвинител на САД, Мерик Гарланд, во четвртокот назначи специјален советник да го истражи присуството на документи со доверливи ознаки пронајдени во домот на претседателот Џо Бајден во Вилмингтон, Делавер, и во канцеларија во Вашингтон. Објавата уследи по признанието на Бајден во четвртокот наутро дека документ со доверливи ознаки од неговото време […]

Повеќе од 70.000 вработени во универзитетите во Велика Британија ќе штрајкуваат 18 дена


Повеќе од 70.000 вработени во 150 универзитети ширум Велика Британија ќе штрајкуваат 18 дена меѓу февруари и март доколку во меѓувреме не се постигне договор за зголемување на платите и подобрување на условите за работа, соопшти денеска Синдикатот на универзитетите и колеџите. Од синдикатот изјавија дека се ближи рокот во кој универзитетскиот сектор треба да […]

Шпанија се откажа од обвиненијата за бунт против поранешниот каталонски лидер Пуџдемон


Шпански суд се откажа од обвиненијата за бунт против поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон за неговата улога во организирањето на референдумот за независност во 2017 година, кој ја втурна Шпанија во голема политичка криза. Судијата на Врховниот суд Пабло Ларена, исто така, ги отфрли обвиненијата за бунт против четворицата каталонски сепаратисти вклучени во немирите во […]

Во Шведска пронајдено наоѓалиште на ретки земјени метали


Шведската компанија ЛКАБ денеска соопшти дека открила наоѓалиште на ретки земјени метали во областа Кируна. – Тоа е најголемото познато откритие на ретки земјени метали во нашиот дел од светот и може да биде значајно за развој на критичните суровини кои се апсолутно клучни за да се овозможи зелена транзиција, изјави Јан Мостром, претседател и […]

Класифицирани документи пронајдени и во домот на Џо Бајден во Делавер


  Соработниците на претседателот Џо Бајден пронашле документи со доверливи ознаки на две локации во неговиот дом во Вилмингтон, Делавер, се вели во соопштението на канцеларијата на советникот на Белата куќа во четвртокот. Документите биле лоцирани во складиште во гаражата, а потоа и во соседната просторија, се наведува во соопштението. Документите беа пронајдени по претресот […]

„Зошто се правиш луд?“: Путин се изнервира на средба со министрите (Видео)


  Се чини дека Путин накратко ги загуби нервите за време на состанокот со владините претставници во средата. Врвната точка дојде кога вицепремиерот Денис Мантуров јавно го коригира Путин, откако тој се пожали дека некои компании сè уште немаат обезбедено договори за изградба на нови авиони оваа година – тешка задача имајќи предвид дека Русија […]

Русија губи по 160 милиони евра дневно од ограничувањата на извозот на нафта


  Приходите на Русија од извозот на фосилни горива паднаа во декември, според новиот извештај, значително попречувајќи ја способноста на претседателот Владимир Путин да ја финансира војната во Украина.   „Забраната на ЕУ за нафта и ограничувањето на цената на нафтата конечно започнаа да даваат ефект при што влијанието е толку значајно колку што се […]

Унгарија ќе ја тужи ЕK поради намалувањето на средствата за образование


 Унгарија ќе покрене правна постапка против Европската комисија доколку не се постигне договор за европско финансирање на универзитетските студии во странство, изјави денеска шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Гергељ Гуљаш. Гуљас на прес-конференција во Будимпешта рече дека неодамнешната одлука на Европската комисија за намалување на финансирањето на програмата за размена на студенти Еразмус на […]

Експертите очекуваат распад на Русија до 2033 година, нова силна пандемија


Русија каква што ја знаеме можеби нема да постои до 2033 година, покажа истражување на Атлантскиот совет, во кое учествуваа 167 глобални експерти, кои дадоа свое мислење за тоа како геополитиката, социјалните и политичките движења, како и ситуацијата во други области, би можеле да изгледаат во следните 10 години. – Во следната деценија, светот може да се соочи со голема економска криза, како онаа во […]

Градоначалникот на Лондон вели дека Брегзит не функционира


Англија– Градоначалникот на Лондон Садик Кан денеска ќе ја повика британската влада да ја признае „огромната штета“ предизвикана од излегувањето на Велика Британија од Европската унија и да признае дека Брегзит не функционира. – По две години негирање и избегнување, сега мораме да се соочиме со тешката вистина: Брегзит не функционира, вели Кан, долгогодишен противник […]

Во Кина дневниот број на заразени лица со Ковид-19 неделава би можел да се искачи на 3,7 милиони луѓе


  Дневниот број на нови случаи на заразени со коронавирус во Кина утре може да достигне рекордни 3,7 милиони, наведува лондонската аналитичка компанија „Ерфинити“ (Airfinity) во својата најнова прогноза. Според истата анализа бројот на смртни случаи од Ковид-19 би можел да достигне 25.000 на ден за 10 дена од сега. Дотогаш, според процените, повеќе од половина милион […]

Во Русија првпат регистриран сојот Кракен


Русија- Новиот подвид на Омикрон, Кракен, првпат е откриен во Русија, соопшти денеска Руската државна служба за заштита на потрошувачите и благосостојба на граѓаните (Роспотребнадзор). Првиот случај на инфекција со сојот XBB. 1.5 е потврден во регионот на Пенза при секвенционирање на геномот на коронавирусот, се наведува во соопштението на „Роспотребнадзор“. Кракен првпат е регистриран на 22 октомври во Њујорк и оттогаш се прошири […]

Во Аргентина се урна покрив од куќа со 5 тони отпад, загинаа четири братчиња


  Четири момчиња на 8 јануари загинаа при уривање на покривот од нивната куќа во Аргентина. Жртвите се четиригодишните близнаци Беницио и Ноа Ниси, како и нивните браќа Лоренцо дел Рио (6) и Сантино Хардој (10). Истражителите претпоставуваат дека до уривање на покривот од куќата, во Ел Јаруел, во провинцијата Буенос Аирес, дошло поради тоа […]

Џил Бајден оперирана од рак на кожа


САД-  Американската прва дама Џил Бајден и беше дијагностициран рак на  базални клетки на , еден од најчестите облици на рак на кожата, а синоќа беше подложена на процедура за отстранување на канцерогените лезии, пренесува AP News. Хирурзите ги отстранија канцерогените лезии над нејзиното десно око, од градите и од левиот очен капак. Се уште […]

Синдикатот на рафинери во Франција повика на штрајкови во јануари и февруари


 Синдикатот во францускиот нафтен сектор денеска повика на штрајк во јануари и февруари во знак на протест против најавената пензиска реформа. Штрајкот ќе го зголеми ризикот од потешкотии во снабдувањето со гориво како што беше случајот во септември кога се одржаа штрајкови и протести. Синдикатот ЦГТ повика на штрајк на 19 и 26 јануари, како […]

Шведска гради нови нуклеарни реактори


  Шведскиот премиер Улф Кристерсон рече дека на парламентот ќе му го претстави новиот закон кој би овозможил изградба на нови нукеларни реактори. Кристенсон, на конференција за новинарите, изјави дека целта им е да го зголемат производството на електрична енергија и да ја зајакнат енергетската сигурност, пренесе „Анадолија“. „Да подготвиме закони кои ќе овозможат изградба […]

Рекорден број поднесени барања за азил во Германија


Германија– Во Германија минатата година драстично се зголеми бројот на баратели на азил кој сега изнесува 217.774, заедно со повеќе од еден милион бегалци од Украина кои не треба да поднесат барање за азил за да добијат заштита. „Во Германија 217.774 лица првпат поднеле барање за азил во 2022 година, што е зголемување за 47 отсто […]

Адвокати пронајдоа нови доверливи документи на Бајден


САД – Адвокатите на американскиот претседател Џозеф Бајден пронајдоа нови доверливи документи, откако пред неколку дена признаа дека минатата есен во неговата приватна канцеларија биле откриени десетина доверливи документи, јави Си-Ен-Ен. Еден од изворите изјави за Си-Ен-Ен дека претресот довел до откривање на дополнителни документи од интерес за истражителите кои работат на случајот. Се уште не […]

Сто илјади работници во јавниот сектор во Велика Британија ќе штрајкуваат на 1 февруари


Британскиот синдикат за јавни и комерцијални услуги денеска соопшти дека 100.000 членови на овој синдикат, вработени во 124 владини сектори, на 1 февруари ќе стапат во штрајк поради незадоволство од платите, пензиите и сигурноста на работните места. – Ја предупредивме Владата дека нашата расправа ќе ескалира доколку не нѐ послушаат, а ние си го држиме […]