Гутереш: Опстанокот на човештвото зависи од управувањето со водните ресурси


САД – Опстанокот на човештвото зависи од тоа како луѓето управуваат со водата, изјави синоќа генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на крајот од тридневната конференција за светските водни ресурси. – Сите надежи на човештвото за иднината некако зависат од трасирање на нов пат кон одржливо управување и зачувување на водите, рече Гутереш во својот […]

Борел: Партнерството меѓу Русија и Кина има ограничувања


Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија Жозеп Борел изјави дека руско-кинеското партнерство има граници и дека Европа треба да ги поздрави сите обиди на Пекинг да се дистанцира од Москва. Борел посочи дека Кина, иако има воспоставено блиски дипломатски и економски врски, не формирала воен сојуз, ниту испорачувала оружје на Русија. […]

САД: Зголемен бројот на жртви од контаминирани капки за очи


Бројот на смртни случаи поради употреба на контаминирани капки за очи во САД се зголеми од едно на три лица, покажуваат новите информации на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), јави Еј-Би-Си Њуз. Најмалку осум лица ослепеа, а на четворица мораше хируршки да им се отстранат очните јаболка. ЦДЦ известува дека капките […]

Бајден најави договор со Канада за борба против илегалната имиграција


 Американскиот претседател Џо Бајден денеска соопшти дека склучил договор со Канада за борба против илегалната миграција. Во говорот пред канадскиот парламент, Бајден ја поздрави посветеноста на северниот сосед на САД да прифати 15 илјади мигранти од американскиот континент. Американскиот претседател Џо Бајден и канадскиот премиер Џастин Трудо постигнаа договор со цел да ги спречат барателите […]

Нордиските земји создаваат обединета воздушна одбрана против заканата од Русија


Данска – Командантите на воздухопловните сили на Шведска, Норвешка, Финска и Данска денеска соопштија дека потпишале писмо со намери за создавање обединета нордиска противвоздушна одбрана со цел да се спротивстават, на како што наведоа, „растечката закана од Русија“. Британските медиуми најавуваат дека намерата на нордиската противвоздушна одбрана е да се дејствува врз основа на веќе познатите […]

Европа поделена во однос на летното сметање на времето


 Основната идеја зад воведувањето на летното сметање на времето, кое почнува за два дена оваа година, в недела на 26 март, е да се заштеди енергија, но во пракса, таа идеја не ги исполни целосно очекувањата, па во Европа се зголемува дебатата за тоа дали сепак треба да се прилагодуваат часовниците двапати годишно. Истражувањето на […]

САД и ЕУ одржаа воено-поморски вежби за безбедност во индо-тихоокеанскиот регион


САД – САД и ЕУ вчера и денеска одржаа заеднички воено-поморски вежби а според одлуката донесена на ЕУ-САД консултациите на високо ниво за индо-тихоокеански регион од 2 декември, 2022 година, соопштија од Стејт департментот.  -Вежбите формираат дел од споделените заложби на ЕУ и Соединетите Држави да работат во правец на практична морска соработка и подршка за […]

Европа поделена во однос на летното сметање на времето


Англија – Основната идеја зад воведувањето на летното сметање на времето, кое почнува за два дена оваа година, в недела на 26 март, е да се заштеди енергија, но во пракса, таа идеја не ги исполни целосно очекувањата, па во Европа се зголемува дебатата за тоа дали сепак треба да се прилагодуваат часовниците двапати годишно. […]

Во пожар во Шпанија изгоре област со големина од 4.000 фудбалски игралишта


Првиот голем пожар во Шпанија годинава опустоши повеќе од 3.000 хектари на истокот на земјата и принуди евакуација на речиси 1.500 луѓе, објави денеска државната телевизија РТВЕ. Пожарот ја зафатил граничната област меѓу Арагон и Валенсија. Вчера и денеска се евакуирани луѓе, јавува телевизијата, која се повикува на официјални извештаи. Spain: There is a new […]

Голем пожар во Хонг Конг, евакуирани 3.400 лица


Пожарникарите во Хонг Конг се уште се борат со пожарот што избувна во магацин, и поради кој се евакуирани 3.400 луѓе, соопшти денеска полицијата. Противпожарните екипи се на местото на пожарот и ги евакуираа околните згради, вклучително и училиштата, а засега нема информации за жртви. На две лица кои работеле во близина на локацијата каде […]

Осудениот херој од филмот „Хотел Руанда“ ќе биде пуштен на слобода


Пол Русабагина, херојот од  холивудскиот филм „Хотел Руанда“, кој отслужува 25-годишна затворска казна во Руанда под обвинение за тероризам, во сабота ќе биде ослободен, јави денеска владин извор, пренесува Хина. Русебагина во септември 2021 година беше осуден на драконската казна заради негови наводни врски со организација која се спротивставува на владеењето на претседателот Пол Кагаме. Тој […]

Маж со својот автомобил прегази пешаци на аеродромот во Келн, повредени шест лица


Страшен инцидент се случи денеска пред аеродромот во Келн Бон во Германија. Маж влетал со изнајмен автомобил на паркинг и удрил во неколку пешаци и автомобили. Полицијата соопшти дека тој се однесувал сомнително. Инцидентот се случил на паркингот на аеродромот Келн Бон во Германија. Соопштено е дека се повредени околу 6 лица, а не е […]

Француската Влада забрани ТикТок и Нетфликс за сите службеници во јавната управа


Француската Влада денеска им забрани на сите државни службеници инсталирање и користење на апликации за забава како што се социјалната мрежа ТикТок, американската стриминг платформа Нетфликс или играта Кенди креш. Неименувани соработници на министерот за јавна администрација Станислас Гуерини истакнаа дека тие апликации носат „ризици во однос на кибер безбедноста и заштитата на податоците на јавните службеници и администрацијата“. […]

Три години затвор за жената што влезе во канцеларијата на Пелоси на 6 јануари


  Жена од Пенсилванија поврзана со екстремно десничарско екстремистичко движење во четвртокот беше осудена на три години затвор за упад во американскиот Капитол, каде што ја нападна канцеларијата на тогашната претседателка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси со други бунтовници. Рајли Џун Вилијамс (23) од Харисбург, Пенсилванија, беше обвинета, но не и осудена за помагање во […]

Катедралата Нотр Дам ќе биде отворена на крајот на 2024 година


Франција– Иако француската влада се обиде да го отвори саканото место за богослужба во Париз, катедралата Нотр Дам за посета на јавноста пред Летните олимписки игри 2024 година во Париз, тоа нема да се случи. Како што беше официјално соопштено на почетокот на месецов, а како што пренесува „Артњуз“, обемното реновирање на зградата по разорниот […]

И Ерменија се приклучи на земјите кои би го уапсиле Путин


  Уште една постсоветска земја, дел од воениот блок на Кремљ, им се придружи на државите од кои ќе се бара да го уапсат рускиот претседател Владимир Путин по налог издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС). Во петокот, на 24 март, Уставниот суд на Ерменија ја одобри ратификацијата од страна на парламентот на Римскиот статут, […]

Протестите ја одложија посетата на британскиот крал Чарлс на Франција


Франција– Посетата на британскиот крал Чарлс на Франција е одложена откако француските синдикати повикаа на штрајкови и протести за време на неговиот престој, соопшти денеска Елисејска палата. Кралот Чарлс в недела требаше да ја оствари својата прва државна посета на Франција како монарх. Предвидено беше посетата да трае три дена. Со оглед на вчерашната најава за национални […]

Естонија протерала руски дипломат


Министерството за надворешни работи на Естонија соопшти дека денеска го повикало вршителот на должноста на руската амбасада во Талин и му врачило дипломатска нота дека вработен во руската амбасада со дипломатски статус е прогласен за „персона нон грата“.  Според извештаите, Министерството за надворешни работи на Естонија смета дека активноста на рускиот дипломат била спротивна на […]

Макрон се соочи со силината на францускиот гнев


  Емануел Макрон ја почувствува целата сила на францускиот гнев во четвртокот додека демонстрантите се собраа низ целата земја за да го покажат своето противење на зголемувањето на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. Синдикатите тврдеа дека 3,5 милиони луѓе излегле низ целата земја, додека властите сугерираа дека бројката е многу помала, […]

(Видео) Шверцувале гориво од Хрватска во Италија. Во подот на фирмата биле скриени милиони евра


Европското јавно обвинителство во Болоња и италијанската финансиска полиција на Парма (Guardia di Finanza) вчера извршија наредба за замрзнување имот во износ до 149 милиони евра, соопшти европското обвинителство. Се работи за истрага на криминална група која шверцувала гориво од Хрватска и Словенија во Италија. „Наредбата за замрзнување ја издаде истражниот судија на Парма, на […]