(Видео) Воз удри во камион што превезувал автомобили – тие летале на сите страни


Во САД утрово по локално време воз удри во камион кој превезувал автомобили. Несреќата се случила во Флорида.

Како што може да се види на видеото на еден од очевидците, камионот натоварен со автомобили бил делумно на шините и практично не се движел во моментот на ударот.

Возот со значителна брзина удрил и одвоил дел од камионот, а наоколу летаа автомобили.

Во несреќата нема повредени.