Идентификуван човекот што ги протече документите: млад гардист со многу низок ранг

Џек Тешеира бил вљубеник во оружјето, кој постојано кажувал расистички антисемтиски навреди


Осомничениот Џек Тешеира

 

Се верува дека човекот кој е одговорен за протекувањето на стотици американски одбранбени документи кои открија воени тајни и ги нарушија односите на Вашингтон со клучните сојузници, е 21-годишен национален гардист од воздухопловството со седиште во Масачусетс.

Џек Тешеира бил водач на група за онлајн разговор кој поставил стотици фотографии од тајни и строго тајни документи, според „Њујорк тајмс“. Онлајн групата се нарекува себеси Thug Shaker Central, составена од 20 до 30 млади мажи и тинејџери кои ја споделуваат својата љубов кон оружјето, расистичките мемиња и видео игрите.

Членовите на групата им кажаа на истражувачката новинарска организација „Белингкет“, „Вашингтон пост“ и „Њујорк тајмс“ дека документите биле споделени на Thug Shaker Central во очигледен обид да се импресионира групата, наместо да се постигне некој конкретен исход во надворешната политика.

„Тајмс“ објави дека видел околу 300 од документите, од кои само мал дел се пријавени досега, што укажува дека штетата на националната безбедност може да биде поголема отколку што досега беше признаено.

Агенти на ФБИ влегоа во четвртокот во домот на Тешеира на Масачусетс. Не беше веднаш дали тој има адвокат кој би можел да зборува во негово име.

Појавата на Тешеира како очигледен главен осомничен сигурно ќе покрене прашања за тоа како највисокото протекување разузнавачки информации во последните години, кое продолжува да се расплетува со речиси секојдневно откривање на високо доверливи документи, можело да биде предизвикано од толку млад, низок член по ранг во службата.

Џо Бајден во четвртокот во Ирска изјави дека американските власти биле блиску до фаќање на одговорното лице.

Говорејќи пред новинарите пред резиденцијата на ирскиот претседател во Ирска, каде што тој е во официјална посета, Бајден рече: „Во тек е целосна истрага, како што знаете, со разузнавачката заедница и одделот за правда“.

Зголемениот обем на докази укажа на тоа дека откривачот е незадоволен млад човек со расистички ставови и преокупиран со оружје, кој тврдел дека работи во воена база.

„Не сум загрижен за протекувањето“, рече Бајден. „Загрижен сум што тоа се случи. Но, нема ништо за кое знам дека е од голема последица“.

И покрај оптимистичката оценка на Бајден за истрагата, федералните власти, наводно, не му се обратиле на важен сведок, тинејџерски член на интернет-групата со која управувал протекувачот. Тинејџерот викендов разговарал со истражувачката новинарска организација „Белингкет“, а подетално со „Вашингтон пост“ во средата.

Тој го опиша откривачот, наведен со иницијалите О.Г., како харизматичен лидер кој раководел со групата, која разговарала на серверот наречен Thug Shaker Central. „Пост“ прегледа видео од маж идентификуван како О.Г. на стрелиште со голема пушка.

„Тој извикува низа расни и антисемитски навреди во камерата, а потоа испука неколку куршуми во целта“, се вели во извештајот. О.Г. им кажал на колегите од истата интернет група дека работел во воена база, која не е именувана во извештајот, каде што неговата работа вклучувала прегледување на големи количини доверливи информации. (Според агенциите)