Италија: Спасувачките екипи ги извлекоа телата на тројца студенти затрупани во лавина


Спасувачките тимови ги извлекоа телата на тројца студенти кои беа зафатени од лавина на северозападната граница на Италија со Франција додека тренираа за планински водичи.

Националниот алпски спасувачки корпус вчера ја прекина потрагата поради лошите временски услови по лавина во Вал ди Ремо, во близина на планинскиот венец Гран Парадизо, во долината Аоста, пренесе АП.

Тројца студенти на Националниот совет на италијански алпски водичи тренирале кога се случила лавината, соопшти корпусот.

Во лавината е зафатен и нивниот учител-водич, но тој преживеал и ги алармирал спасувачките екипи.