Северна Кореја тестираше офанзивен подводен дрон со нуклеарно оружје


Пјонгјанг тестираше нов подводен дрон со нуклеарно оружје, објавија државните медиуми, а севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун предупреди дека заедничките воени вежби меѓу Јужна Кореја и САД треба да завршат. За време на тестирањето, новиот севернокорејски дрон вчера се движеше под вода на длабочина од 80 до 150 метри повеќе од 59 часа и детонираше ненуклеарен […]

Кој всушност користи муниција со осиромашен ураниум и колку е таа опасна?


  Заменичката на британскиот секретар за одбрана Анабел Голди потврди дека Лондон испраќа артилериски гранати со јадра со осиромашен ураниум во Украина. Нејзината изјава предизвика исклучително остра реакција на руските власти, вклучително и на претседателот Владимир Путин. Но, како што пишува Би-Би-Си Русија, украински и руски експерти за оружје објавија дека муниција со збогатен ураниум […]

Хакери украле податоци на вработени во Британскиот фонд за заштита на пензиите


Англија – Хакерската група Ци0П (Ci0P) се стекнала со податоци за вработени во Британскиот фонд за заштита на пензиите користејќи услуга за пренос на податоци од трета страна, објави Блумберг. Фондот управува со имотот од 39 милијарди фунти од своите 295.000 членови и ги штити луѓето со пензија кога работодавецот ќе стане несолвентен. Во соопштението на Фондот се наведува дека хакерите […]

Лајен најави конференција на ЕУ за враќање на украинските деца од Русија


Белгија – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен синоќа најави дека Европска Унија ќе организира конференција за обезбедување на враќање на украинските деца, кои беа однесени во Русија за време на војната. – Тоа што се случува таму е страшен потсетник на најмрачните времиња во нашата историја, да се депортираат деца. Ова е воено злосторство, изјави Лајен на крајот од првиот […]

Земјотрес од 5,4 по Рихтер регистриран во Јапонија


Јапонија-  Земјотрес со интензитет од 5,4 степени по Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на брегот на Јапонија. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 60 километри и 621 километар југоисточно од градот Јокосука на островот Хоншу. Засега нема информации за материјална штета и опасност од цунами. 

Извршниот директор на ТикТок сослушан од американскиот Конгрес


Пратениците на американскиот Конгрес на денешната седница го обвинија извршниот директор на ТикТок, Шу Зи Чу, дека апликацијата овозможува достапност на штетна содржина и предизвикува „емоционална вознемиреност“ кај младите корисници. Републиканската пратеничка Кети Мекморис Роџерс на почетокот на сослушувањето во Конгресот рече дека за неколку минути по отворањето нов налог на ТикТок, алгоритмот на апликацијата […]

Парламентот на Данска изгласа приклучување кон Европската агенција за одбрана


Парламентот на Данска денеска изгласа поддршка за пристапувањето на земјата во Европската агенција за одбрана и Постојаната структурирна соработка, јави ДПА. Одлуката е донесена откако 30 години Данска одбиваше да учествува во одбранбената соработка во Европската Унија. Европската агенција за одбрана е основана во 2004 година со седиште во Брисел и ги покрива сите земји […]

За обновата и закрепувањето на Украина се потребни 383 милијарди евра


Белгија– Трошоците потребни за реконструкција и закрепнување на Украина, која е цел на руската инвазија, се зголемија на 411 милијарди долари (383 милијарди евра), проценија украинската Влада, Светската банка, Европската комисија и Обединетите нации. Според новата проценка објавена денеска, а која го опфаќа периодот од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 […]

Истражување : Младите од Лондон, Париз и Берлин критички настроени кон САД и Кина


САД – Младите во три европски земји се крајно критички кон двете светски сили, САД и Кина, се вели во студија на американскиот истражувачки центар Пју (Pew Research Center). Истражувањето покажа дека младите се загрижени поради улогата на САД како „светски полицаец“ и растечката економска моќ на Кина. Студијата се базира на фокус групи со околу 120 учесници на возраст од 18 до 29 години, со различни […]

Нетанјаху ги повика лидерите на опозицијата да ги запрат протестите


  Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги повика денеска лидерите на опозицијата „веднаш да ја запрат анархијата“ по, како што рече, нападот врз министерот за земјоделство Ави Дихтер, за време на денешниот протест против планот за реформи во правосудството. На видео снимките на социјалните мрежи се гледа како жена демонстрант замавнува со копје од знаме кон […]

Членки на ОБСЕ го активираа Московскиот механизам за Белорусија


Неколку десетици членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа денеска го активираа Московскиот механизам на ОБСЕ за истрага за кршење и злоупотреба на човековите права во Белорусија. Московскиот механизам на ОБСЕ, кој последен пат беше активиран на 28 јули 2022 година во врска со Русија, дава можност земјите-членки на ОБСЕ да испратат експертски мисии за да помогнат во решавањето […]

Унгарија нема да го уапси Путин доколку дојде во земјата


Унгарија нема да го уапси рускиот претседател Владимир Путин доколку влезе во земјата, изјави денеска шефот на кабинет на премиерот Виктор Орбан, Гергели Гуљаш, појаснувајќи дека за тоа не постои правна основа. Унгарија го потпиша и ратификуваше Римскиот статут за основање на Меѓународниот кривичен суд (МКС). Минатиот петок судот во Хаг издаде налог за апсење […]

(Видео) Тотален бунт во Франција, милиони луѓе на улица


  Во цела Франција денеска се одржуваат масовни протести во кои учествуваат милиони луѓе. Сообраќајот беше блокиран во многу градови, работници го блокираа терминалот на парискиот аеродром. Масовните протести продолжија откако претседателот Емануел Макрон вети дека ќе продолжи со пензиската реформа што предизвика критики и го налути населението. Paris airport Charles de Gaulle occupied, roads […]

Путин е разочаран во Пригожин: „Вагнер“ ќе биде испратен во Африка


  Евгениј Пригожин губи и на вистинскиот фронт во Украина и на бирократскиот во Русија. Поради ова, шефот на „Вагнер“ има намера делумно да ги ограничи своите активности на боиштата и повторно да се фокусира на операциите во Африка, каде што веќе создаде меѓународен воено-деловна мрежа. За ова на Блумберг му кажаа луѓе запознаени со […]

Околината на Лос Анџелес ја погоди најсилното торнадо во последните 40 години


Најмалку едно лице е повредено откако торнадо, што е ретка појава во калифорнија, вчера го погоди градот Монтебело, југоисточно од Лос Анџелес. Националната метеоролошка служба му даде оценка на торнадото EF-1 со проценети максимални ветрови од 110 mph (175 km/h), најсилното торнадо што ја погодило областа Лос Анџелес од 1983 година. Портпаролот на градот Мајкл […]

Медведев: Апсењето на Путин би значело објавување војна против Русија


 Апсење на рускиот претседател Владимир Путин врз основа на налогот за апсење издаден минатата недела од Меѓународниот кривичен суд (МКС) би претставувало „објавување војна“ против Москва, предупреди Дмитриј Медведев, член на Советот за безбедност на Русија. „Да замислиме дека шефот на држава на нуклеарна сила оди, на пример, во Германија и е уапсен. Што е […]

Први протести во Франција по законските измени за пензиските реформи


 Француските синдикати, кои од јануари организираат протести против пензиската реформа, за денеска најавија нови протести и тоа ќе бидат први по неодамнешното усвојување на Законот за пензиски реформи. Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека дополнителни 12.000 полицајци и жандарми ќе бидат распоредени низ целата земја, од кои 5.000 ќе бидат во Париз. […]

На американскиот Самит за демократија ќе учествуваат 120 лидери


САД – Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден испрати покани до 120 светски лидери за вториот Самит на демократијата, што е закажан за следната недела. Неименуван претставник на американската администрација изјави дека поканети се и претставници од осум земји кои не беа на првиот Самит на Белата куќа во 2021 година. Босна и Херцеговина, Гамбија, Хондурас, Брегот на Слоновата Коска, Лихтенштајн, […]

Самит на ЕУ посветен на Украина


Белгија – Претседателот на Советот на Европска Унија, Шарл Мишел испрати писмо до лидерите на земјите-членки на ЕУ, во кое ги покани на Самитот закажан за денеска и утре во Брисел. Мишел преку писмо ги информира лидерите на ЕУ дека главна тема на разговор денеска ќе биде Украина. Самитот ќе почне на работен ручек со генералниот […]

Зеленски: Украина ќе возврати на сите напади од Москва


Украина ќе возврати на сите руски напади, изјави вечерва украинскиот претседател Володимир Зеленски. Изјавата доаѓа откако најмалку седум лица загинаа во напад со руски дрон во регионот на Киев и откако станбена зграда во градот Запорожје беше погодена од руски проектил. – Одлучно ќе одговориме на сите напади на окупаторите врз нашите градови (..) Сите […]