Австралија ќе биде погодена од бура со налети на ветер над 285 км/ч


Австралиското биро за метеорологија (БОМ) предвидува дека масивен циклон кој се приближува до западниот брег на Австралија ќе падне на копно како бура од 5-та категорија, најсилната категорија на национално ниво. Се очекува циклонот Илса да го погоди регионот Пилбара во четврток навечер или петок наутро по локално време, со налети на ветер над 285 км/ч.

Службите за итни случаи побарале луѓето да ги стават настрана сите работи што би можеле да летнат, пишува CNN. „Ветровите од оваа јачина се крајно опасни. Не само што можат да уриваат дрвја, далноводи и да оштетат покриви и куќи, туку можат да подигнат и големи неврзани предмети од вашиот двор – чамци, приколки или камп приколки – и да ги кренат во воздух“, рече постар метеоролог на БОМ, Миријам Бредбери.

Најсилниот циклон ја погоди Австралија во 2006 година
Регионот Пилбара е ретко населен, а најголемиот град во близина на бурата е Порт Хедланд, каде живеат околу 16.000 луѓе. Во погоденото подрачје се предвидуваат обилни врнежи и од 200 до 300 мм, па се стравува од поплави. „Поплавите на реките може значително да влијаат на патиштата и пристапните правци, при што многу патеки ќе станат калливи или дури и непроодни во текот на следните денови“, објави Бредбери.

Најсилното невреме што некогаш го погодило било кој дел од Австралија беше циклонот Моника во 2006 година со ветрови од околу 290 км/ч и ја зафати источна и северна Австралија. Тој циклон ги промаши густо населените места, но собори дрвја и предизвика сериозна штета на вегетацијата.