Низ Варшава помина најголемата воена парада во изминатите децении


Варшава – По тригодишна пауза денеска низ Варшава помина воена парада на Денот на полската армија, најголема во изминатите неколку децении. Со парада, Полска традиционално ја одбележува годишнината од битката кај Варшава, наречена „Чудото над Висла“, кога Полјаците успеаја да го поразат СССР во таканаречената Полско-советска војна од 1919 и 1920 година пред 103 години. […]

Исланд, Данска и Ирска се најбезбедните земји во светот, Македонија на 38. место


Копенхаген– На врвот на листата на најбезбедни земји во светот е Исланд, а зад него се Данска и Ирска, покажува најновата листа на Глобалниот индекс на мирот направена од Институтот за економија и мир. Исланд се смета за најбезбедна земја за туристи кои летуваат, бидејќи е оценет како политички стабилен и има ниска стапка на […]

Тројца Бугари приведени во Велика Британија, осомничени за шпионажа во корист на Русија


Лондон – Тројца бугарски државјани осомничени за шпионирање во корист на Русија се приведени во Велика Британија во рамки на широка безбедносна истрага, јави денеска Би-Би-Си. Тројцата осомничени беа уапсени во февруари и оттогаш се во притвор. Се вели дека работеле за руските безбедносни служби. Тие беа обвинети дека поседувале лични документи кои имале намера […]

Европејците не ја сакаат Украина во НАТО


Луѓето кои се потпираат на моќта не размислуваат за граници. Мисионерскиот дел исто така не мисли на граници. Ако разговарав со Путин, ќе му кажам дека и тој е побезбеден со Украина во НАТО Во повеќе продолженија ви претставуваме големото интервју што Хенри Хисинџер пред неговиот стоти роденеден им го даде на тројца новинари на […]

Сорос се повлекува од Европа


  Фондацијата на Џорџ Сорос, Отворено општество планира да повлече или прекине голем дел од своите активности во рамките на Европската унија бидејќи го префрла својот фокус на други делови од светот, објави Ројтерс. Фондацијата ќе се оддалечи од работата поврзана со домашни европски прашања и ќе се фокусира на регионот во контекст на поголеми […]

Жак Атали: Лошото управување со миграциите ќе доведе до конфликти


Жак Атали, францускиот економист, финансиер и филозоф објави прогноза како ќе се развива човештвото и какви ќе бидат ризиците со кои ќе се соочи Европа од зголемената миграција на континентот. -Сите ги знаеме бројките: до 2050 година се очекува светското население да достигне 9,8 милијарди луѓе и, доколку се задржи неодамнешниот тренд на намалување на  […]

Голем пожар во јужна Франција, се евакуираат кампови со туристи, ангажирани 500 пожарникари


Голем број пожарникари ги гаснат пожарите на југот на Франција, што доведе до евакуација на неколку кампови со многу туристи, јави ДПА. „Голем пожар има во провинцијата Пиринеи-Ориентали“, изјави министерот за внатрешни работи Гералд Дарманин, кој ги повика населението и туристите да бидат крајно внимателни. Распоредена е противпожарна бригада со 13 авиони, три хеликоптери и […]

Од гладни стаорци до експлодирани гуми: Германската влада има проблем со авионите


Испукани прозорци, неисправни радија и кабли изгризани од стаорци – досието на германската влада за испраќање на своите највисоки функционери на дипломатски патувања со авион е, во најдобар случај, непроменливо. Во понеделникот, министерката за надворешни работи Аналена Баербок беше последниот несреќен германски министер кој се соочи со проблеми со авионот. Баербок беше заглавена во Абу […]

Трамп би бил претседател и да оди во затвор, ако биде избран


  Доналд Трамп по втор пат овој месец беше обвинет по обвиненија поврзани со субверзија на изборите во 2020 година, овој пат во државата Џорџија – неверојатен четврти пат оваа година поранешниот претседател да се соочи со кривична обвинувања. Но, дали поранешниот претседател, кој останува фаворит за републиканската претседателска номинација во 2024 година, може повторно […]

Најтежок случај за Трамп; тој и 18 советници обвинети дека се обиделе да го поништат поразот во Џорџија


  Доналд Трамп и 18 негови сојузници беа обвинети во понеделникот во Џорџија за нивните обиди да го поништат неговиот пораз на изборите во 2020 година во државата, при што обвинителите користеше статут што обично се поврзува со мафијаши за да го обвинат поранешниот претседател, адвокатите и другите соработници за „злосторнички потфат“ за да го […]

Ново обвинение против Трамп за субверзија на изборите во 2020 година


Големата порота во сојузната американска држава Џорџија денеска го обвини Доналд Трамп за обид да ги смени резултатите од изборите во САД во 2020 година, јавија британските медиуми. Медиумите забележуваат дека ова е четврто обвинение поднесено против поранешниот американски претседател. Тужбата, поднесена во Окружниот суд Фултон, од обвинителката Фани Вилис, може да ги продлабочи проблемите […]

Пожарите на Хаваите однесоа најмалку 99 животи, има и стотици исчезнати


Најмалку 99 лица загинаа во пожарите на Хаваите, изјави гувернерот Џош Грин, додавајќи дека бројот на жртви може да биде значително поголем. Овие пожари се најсмртоносните во САД во последните 100 години, објави „Гардијан“. Стотици луѓе се уште се водат како исчезнати додека пожарникарите продолжуваат да се борат со пожарите и спасувачките екипи пребаруваат низ […]

Масовни руски ракетни напади врз речиси цела Украина


Во текот на изминатата ноќ Русија изврши масовни ракетни напади врз повеќе места во Украина, соопшти Воздухопловството на вооружените сили на Украина. „Опасност од ракетен напад беше прогласена во Суми, Полтава и источните региони поради лансирање на крстосувачки ракети од стратешките бомбардери Ту-95МС од областа на Каспиското Море“, се наведува во извештајот, пренесува Униан. Во […]

Најмалку 48 загинати во Индија поради поплави и лизгање на земјиштето


Обилните монсунски дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во индиските хималајски региони, при што загинаа најмалку 48 луѓе, а многу други беа затрупани во урнатините, изјавија официјални претставници. Обилните врнежи почнаа викендот во планинската држава Химачал Прадеш, а во поплавите беа уништени куќи. Бројни спасувачи се обидуваат да им помогнат на тие кои се […]

Трагедија во Дагестан: Во пожар на бензиска станица загинаа најмалку 27 лица (видео)


Во пожарот на бензинска пумпа во јужниот руски регион Дагестан загинале најмалку 27 лица, меѓу кои и три деца, јавија утринава руските медиуми, повикувајќи се на регионалните служби за итна медицинска помош. Пожарот, што синоќа избувна во работилница за поправка на автомобили, на работ од автопатот во главниот град на Дагестан, Махачкала, предизвика експлозии што […]

Зеленски ги посети војниците на источниот фронт


Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека го посетил источниот фронт, каде се сретнал со украинските војници кои со големи напори го ослободиле подрачјето на градот Бахмут, разурнат од војната од Русите. „Ги посетив (…) баталјоните кои извршуваат борбени задачи во околината на Доњецк, разговаравме со командантот за проблемите со кои се соочуваат војниците и […]

Италијанската полиција запленила кокаин вреден 35 милиони евра скриен во контејнер со ракчиња, уапсен Албанец


Италијанската полиција запленила 50 килограми кокаин скриен во контејнер со замрзнати ракчиња, натоварен во Еквадор. – Во контејнерот требало да има само еден товар, замрзнати ракчиња од Еквадор, пратка со храна наменета за Тоскана, но меѓу овој товар имало и 50 килограми многу чист кокаин чија вредност на пазарот достигнува 35 милиони евра, јавија албанските […]

Ал Каеда повика да се напаѓаат амбасадите на Шведска и Данска


Ал Каеда повика на напади на амбасадите и да се убиваат шведските и данските дипломати ширум светот откако изминатите месеци беа запалени неколку копии од Куранот во двете скандинавски земји. Советникот за национална безбедност на Шведска, Хенрик Ландерхолм изјави дека има знаци на „зголемена закана“ за земјата и за шведските интереси во странство. И покрај […]

Адвокатите на синот на Бајден: Обвинителите се откажаа од договорот за признавање вина


Вашингтон– Адвокатите на Хантер Бајден вчера во поднесок до судот напишаа дека обвинителите се откажале од договорот за признавање вина на синот на американскиот претседател за даночно затајување и престап со оружје, што го отвори патот за судење во време кога Џо Бајден ќе ја води претседателската кампања. Федералните обвинители на Делавер во петокот изјавија […]

Германија произведува најмногу сладолед во ЕУ, а Франција е најголем извозник


Луксембург – Во Европска Унија во 2022 година се произведени 3,2 милијарди литри сладолед, што е за пет отсто повеќе од претходната година. Најголем производител беше Германија, а најголем извозник на сладолед од ЕУ беше Франција, објави Евростат. Германија произведе 620 милиони литри сладолед, Франција 591 милион литри и Италија 571 милион. Покрај тоа што Германија […]