Бајден ги одзема лиценците на Трамп


Американскиот претседател Џозеф Бајден најави дека ќе ги укине преостанатите седум дозволи за експлоатација на нафта и гас во природниот резерват на Алјаска.

Покрај тоа, беа најавени нови мерки за заштита на повеќе од 5,2 милиони хектари од Националниот нафтен резерват, исто така во Алјаска.

Овие активности „ќе помогнат во заштитата и зачувувањето на земјата и дивиот свет на Арктикот и ќе покажат почит кон културата, историјата и мудроста на домородците од Алјаска кои живеат на таа земја од памтивек“, соопшти Белата куќа.

„Со оглед на тоа што глобалното затоплување дејствува на Арктикот повеќе од двојно побрзо од остатокот на планетата, ние мора да направиме сѐ што е во наша моќ за да ги исполниме највисоките стандарди во заштитата на овој кревок екосистем“, рече американскиот секретар Деб Халанд во посебна изјава.