Модриќ по поразот од Англија: За прв пат по 20 години со репрезентацијата се чувствувам засрамен


Риека – Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ им се извини на навивачите за поразот од Англија со 0:7 синоќа во третото коло од Лигата на нации. -Без предизвици, без агресија, без фаули, без единство. Тука сум 20 години и морам да кажам дека за прв пат по натпревар се чувствувам засрамен. Може да […]

Кениецот Нјорге победник, Ивановски трет на Виз Ер Скопски маратон 2026


Скопје денеска повторно живееше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го […]

Алкараз се пласираше во полуфиналето на турнирот во Токио


Токио – Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на турнирот во Токио, Јапонија. Во четвртфиналето рано утрово, Шпанецот се соочи со Канаѓанецот Денис Шаповалов, кој го предаде мечот при резултат 7:6 (7:3), 2:1 во корист на противникот. Тенисерите поминаа 1 час и 22 минути на теренот. Во тој период, Алкараз не успеа да […]

Нов пораз на македонската репрезентација – Шкотска славеше во Скопје


Македонската фудбалска репрезентација го претрпе и третиот пораз во групата Б1 од Лигата на нации откако синоќа загуби од Шкотска во Скопје со 2:0. Ова беше дуел од третото коло, а противникот ја постигна првата победа во групата. Македонскиот национален тим уште еднаш беше надигран, додека Шкотска беше репрезентацијата која доминираше на теренот. Гостите голот […]

Македонските репрезентативци пред нов предизвик – Шкотска гостува во Скопје


Македонската фудбалска репрезентација вечерва (почеток од 20:45 часот) го игра натпреварот од 3. коло од Б1 групата од Лигата на Нациите. Во Скопје гостува селекцијата на Шкотска, која исто како и македонскиот национален тим на двата натпревара не постигна гол, но освои еден бод откако одигра 0:0 на гостувањето кај Словенија. Избраниците на селекторот Гоце […]

Еурофарм Пелистер е нов лидер во Супер лигата


Екипата на Еурофарм Пелистер е нов лидер во Супер лигата откако попладнево го совлада тимот на Бутел со 34:21 во првиот дуел од 5.коло. Битолчани клучната предност во денешниот натпревар ја направија кон средина на првиот дел кога по 8:7 направија серија од 4-0, која домашниот тим сепак ја намали на полувреме – 14:12. Во […]

Тиери Анри: Златната топка стана поважна од освојувањето на Лигата на шампионите


  Во минатото, луѓето зборуваа за тоа кој ќе ја освои Лигата на шампионите или првенството, но денес првото прашање е кој ќе ја освои Златната топка. Вака Тиери Анри ја опишува промената во фудбалот, кој верува дека премногу внимание се посветува на индивидуалното признание. Во интервју за RMC Sport, поранешниот француски репрезентативец рече дека […]

Виз Ер Скопскиот маратон го менува сообраќајниот ред во недела


Скопје во недела, 4 октомври, ќе биде во знакот на 22. Виз Ер Скопскиот маратон, поради што дел од улиците и булеварите во градот ќе бидат затворени за сообраќај. Од 6 до 14 часот, сообраќајот по улиците и булеварите опфатени со трасата на маратонот ќе биде пренасочуван по алтернативни сообраќајници. Затворен за сообраќај ќе биде […]

Барселона ги негира медиумските извештаи: УЕФА не покрена никаква постапка против нас


Барселона ги негираше наводите на некои шпански медиуми дека Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) покренала постапка против клубот. „УЕФА не покрена никаква постапка против Барселона. Постапката беше покрената пред три години со назначување на двајца истражители кои оттогаш ги извршија дејствијата што ги сметаа за неопходни. Оваа постапка не е повторно отворена бидејќи никогаш не била […]

Португалија веќе има нова „седумка“


Репрезентацијата на Португалија по заминувањето на Кристијано Роналдо веќе има нов сопственик на дресот со број 7. Тоа е фудбалерот на Фенербахче, Рафаел Леао. Португалија вечерва игра дуел со Данска во рамките на А сегментот од Лига Нации на гостински терен. Дресот со број 7 повеќе од две децении го носеше исклучиво Кристијано Роналдо. Тој […]

Клоп поради Гвардиола не ја коментира ситуацијата со Манчестер Сити


Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп не сакаше да ја коментира ситуацијата со Манчестер Сити и пресудата на независната комисија за финансиските прекршувања на правилата. Манчестер Сити е прогласен за виновен за финансиски неправилности, но клубот веќе најави жалба, а рокот истекува утре (2.октомври). Инаку, казната сè уште не е одредена. Јирген Клоп како менаџер […]

УЕФА отвори постапка против Барселона. Дали ќе биде исфрлена од Лигата на шампионите?


УЕФА отвори формална постапка против Барселона во таканаречениот случај Негреиро. Овој потег дојде откако Реал Мадрид достави 50.000 страници документација до европското фудбалско управно тело. Иако случајот е застарен според шпанските спортски прописи, УЕФА го смета за активен и има намера да го истражи до крај. Предмет на истрагата се исплатите направени од Барселона во […]

РК Вардар во продажба ги пушти влезниците за дуелот со Висла


Македонскиот ракометен шампион Вардар во продажба ги пушти влезниците за вториот домашен дуел од Лигата на шампионите против полската екипа Висла Плоцк. Натпреварот се игра на 8.октомври во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 20:45 часот. Пред црвено-црните е уште еден голем европски предизвик на домашен терен, а поддршката од трибините повторно ќе биде важен […]

На Виз Ер Скопскиот маратон рекордни 15.050 натпревaрувачи – најстариот има 79 години


Сè е подготвено за 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, кој ќе се одржи во недела, 4 октомври, кога Скопје повторно ќе биде во знакот на трчањето, спортот и позитивната енергија. На традиционалната прес-конференција по повод годинешното издание, која се одржа денеска во Europe House, беа презентирани најважните информации за организацијата, трките и подготовките […]

Дали е ова крај на кариерата: На Роналдо му се заканува суспензија од шест месеци?!


Топ вест во светот на фудбалот е заминувањето на Кристијано Роналдо од кампот на Португалија во Копенхаген. По се она што се случи синоќа, сега со право се поставува прашањето дали е ова и крај на кариерата на Роналдо ако се знае дека може да добие драстична казна, пренесе SportSport. Според португалскиот спортски весник „А […]

Роналдо ја напушти португалската репрезентација и отпатува во Мадрид


Копенхаген – Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, се врати во Мадрид од Копенхаген со приватен авион ноќеска околу 2 часот по локално време, објави инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа Икс. Претходно, селекторот на португалската репрезентација, Жорже Жесус, на прес-конференција објави дека Роналдо ќе го пропушти натпреварот против Данска закажан за вечер од 20:45 часот. […]

Швајцарците ја повлекоа поддршката на Инфантино


Швајцарската фудбалска федерација (СФВ) ја повлече својата поддршка за кандидатурата на Џани Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА. Откако претходно ја поддржа неговата кандидатура во јуни, Извршниот одбор на СФВ ја повлече својата поддршка за швајцарскиот фудбалски функционер на состанокот одржан на 25 септември, јавија вечерва светските медиуми. „Одлуката е донесена по темелна […]

ЛОИ028: Олимпискиот оган ќе мине низ сите 50 сојузни држави


Организаторите на Летните олимписки игри 2028 во Лос Анџелес објавија денеска дека олимпискиот оган ќе биде пренесен низ сите 50 американски држави, почнувајќи од Џорџија. Почетната станица ќе биде Атланта, последниот американски град што беше домаќин на Летните игри во 1996 година, и ќе го заврши своето патување во Калифорнија и домаќинот Лос Анџелес. „Секои […]

Бордо продаден за едно евро


Бордо потврди дека инвестицискиот фонд „Парк Бенч“ се согласил да го купи клубот за симболична сума од 1 евро од Жерар Лопез. Договорот ќе му овозможи на Бордо да избегне ликвидација. На почетокот на септември 2026 година, клубот, кој играше во пониските дивизии во последните неколку сезони, беше исклучен од националните лиги. Враќањето во Регионалната […]

Убиен бугарскиот бизнисмен Илијан Филипов, сопственик на ФК Ботев Пловдив


Бугарската јавност е вознемирена по убиството на 53-годишниот бизнисмен Илијан Филипов, кој во текот на ноќта бил застрелан во Пловдив. Филипов беше еден од сопствениците на транспортната компанија „ПИМК“, една од најголемите во Бугарија, а воедно беше и сопственик на фудбалскиот клуб Ботев Пловдив. Според првичните информации од истрагата, нападот се случил околу 1 часот […]