Роналдо се враќа во португалската репрезентација: „Не треба да имам олеснителни околности“


Кристијано Роналдо реши да се врати во португалската репрезентација. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња го потврди ова во големата објава што ја даде по конфликтот со селекторот Хорхе Жесус и неговото заминување од репрезентативниот табор. Во него Роналдо ја претстави својата верзија на настаните и откри што се случувало во репрезентацијата од крајот […]

Седум натпревари без постигнат гол: Македонија загуби од Швајцарија со 0:3


Македонската фудбалска репрезентација го претрпе и четвртиот пораз во групата откако вечерва загуби од Швајцарија со 3:0 во Луцерн. И во четвртиот натпревар македонската репрезентација остана без постигнат гол, а таа серија трае седум натпревари. Швајцарија поведе во 43.минута по грешката на македонската одбрана, а стрелец на голот беше Фабијан Ридер. На 2:0 зголеми Јохан […]

Седлоски ги одреди стартните 11 за дуелот со Швајцарија во Луцерн


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски за вечерашниот дуел од групата со Швајцарија во Луцерн се реши за следните единаесет фудбалери. На голманската позиција е Димитриевски во одбраната се Стојчевски, Зајков, Муслиу, Алиоски, во средниот ред: Елези и Елмас, за едно со Дориев, Барди и Митровски, а во нападот е Растодер. Почетокот на дуелот […]

Ѓоковиќ триумфираше во Пекинг и ја освои 102-та титула во кариерата


Пекинг – Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, денес ја освои својата седма титула на турнирот во Пекинг и 102-ра во кариерата, откако Австралиецот Алекс де Минаур му го предаде мечот во финалето со резултат 7:6 (7:3),0:1. Двајцата тенисери го задржаа својот сервис во првиот сет, а српскиот ас беше подобар во тај-брејкот со резултат 7:3. Де […]

По маратонот, Пакомак и средношколците ги исчистија улиците од пластични шишиња


  Скопскиот маратон не ги обедини само оние што трчаа. Покрај организаторите, волонтерите и градските служби кои се грижеа настанот да помине непречено, во неговото одржување и расчистување по трката се вклучија и ученици од 24 средни училишта, со поддршка од Пакомак. Низ улиците на Скопје за време на маратонот беа искористени повеќе од 90.000 […]

Два пласмани на деветтото место за „Макпетрол“ на Карате 1 Серија А во Салцбург


Седум каратисти на карате клубот „Макпетрол“ настапија на силниот меѓународен турнир Карате 1 Серија А во Салцбург, Австрија, каде што настапија 1.264 каратисти од 81 држава, со вкупно 1.197 натпреварувачки влезови. „Макпетрол“ настапи со Јована Мицовска (-61 кг), Викторија Јовановска (-68 кг), Греса Мустафаи (+68 кг), Вукашин Јовановиќ (-67 кг), Петар Заборски (-75 кг), Данило […]

Репрезентацијата на Португалија изгуби речиси 2,5 милиони следбеници на Инстаграм по заминувањето на Роналдо


Лисабон – Инстаграм профилот на португалската репрезентација изгуби речиси 2,5 милиони следбеници по одлуката на напаѓачот Кристијано Роналдо да го напушти националниот тим. На 30 септември, Роналдо го објави своето заминување од националниот тим по прес-конференцијата на главниот тренер Жорже Жесус. 41-годишниот напаѓач не беше ставен во игра за натпреварот од Лигата на нации против […]

Синер објави предвремен крај на сезоната


Рим – Светскиот рекет број 1 Јаник Синер објави дека ќе го пропушти остатокот од сезоната 2026. Дваесет и петгодишниот Италијанец ја објави својата одлука на социјалните мрежи.  – Моите лекари и јас одлучивме дека треба да се подложам на операција на коленото, што значи дека сезоната 2026 е официјално завршена за мене. Последните неколку […]

Алкараз го победи Легецка во финалето во Токио


Токио – Третиот тенисер во светот, Карлос Алкараз, попландево го победи Чехот Јиржи Легецка во финалето во Токио со 7:6 (7:4) и 6:4. Мечот траеше 1 час и 37 минути. Алкараз сервираше четир аса, направи една двојна грешка и реализираше две од четир брејк топки.  Легецка сервираше седум аса, не направи двојна грешка и реализираше […]

Македонија втора на петтиот Јадранско-подунавски куп во спортски риболов, на Треска


Македонската екипа „Македонија 1“, го освои второ место, во дисциплината лов на грабливки со вештачки мамки од брег, на петиот Јадранско-подунавски куп во спортски риболов, што викендов се одржа на реката Треска во близина на Скопје.  На натпреварот настапија 17 екипи од шест земји, а во двете натпреварувачки кола беа уловени вкупно 1.676 риби. Првото […]

Мохамед Атум од Јордан ќе тренира со најмладите пингпонгари


Од 6 до 13 Октомври Мохамед Атум од Јордан, тренер од мрежата на Меѓународната пинг понг федерација (ИТТФ) ќе спроведе тренинг камп за 18 млади пинг понгари од Mакедонија. Кампот се одржува во Пехчево, а Атум и селекторот на македонската репрезентација Милош Миленковиќ го посетија клубот од Берово кој е еден од најмасовните во државата. […]

Ракометарите на Еурофарм Пелистер му гостуваат на Гдањск во второто коло на Европската лига


Македонскиот претставник во Европската лига, тимот на Еурофарм Пелистер вечер ќе се соочи со Гдањск во второто коло. Битолчани ќе се обидат да го поправат лошиот впечаток кои го оставија по првото коло во кое на свој терен убедливо загубија (24:31) од шпанска Ла Риоха. За разлика од нашиот тим, полскиот претставник во првата рунда […]

Македонските фудбалери ѝ гостуваат на Швајцарија


Македонската фудбалска репрезентација вечер ја очекува нов дуел со Швајцарија, десет дена по натпреварот во Скопје. Ова ќе биде меч од четвртото коло во Лигата на нации сегмент-Б. Домаќините се апсолутни фаворити. Швајцарците ги добија сите три натпревари од почетокот на циклусот, додека Македонците ги забубија без постигнат гол. Во Скопје, во 1.коло беше 3:0 […]

Италија ја победи Турција, Франција убедлива против Белгија во 4.коло од Лигата на нации


Италијанската фудбалска репрезентација синоќа во Болоња ја победи Турција со 3:1 во натпревар од Лигата на нации во 4. коло. Головите за домаќините ги постигнаа Џанлука Скамака, Рикардо Калафиори и Франчеко Еспозито. Единствениот гол за гостите го постигна Арал . Во дербито на вечерта, Франција во Париз ја совлада Белгија со 4:1. Доди Лукебакио ја […]

Седлоски: Ќе има промени и свежи играчи за дуелот со Швајцарија


Македонската фудбалска репрезентација утре ја очекува нов дуел со Швајцарија во групата од Лигата на Нациите, десет дена по натпреварот во Скопје. Селекторот Гоце Седлоски очекува реакција од тимот и подобра игра во однос на првиот меѓусебен дуел. –  Знаеме каква репрезентација е Швајцарија и со какви играчи располага. Мора да ги надминеме грешките од […]

Ѓоковиќ во финале на турнирот во Пекинг по дисквалификацијата на Медведев


Пекинг – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе го игра своето седмо финале на „Кина опен“ во Пекинг, откако во денешниот полуфинале меч, неговиот ривал Данил Медведев беше дисквалификуван. Во тој момент од мечот Ѓоковиќ водеше со 1:0 во сетови и 5:3 во вториот сет и во деветтиот гем на сервис на Ѓоковиќ беше 15:15. Но, по […]

Алкараз прв финалист на турнирот во Токио


Токио – Третиот светски тенисер Карлос Алкараз стигна до финалето на АТП 500 турнирот во Токио. Во полуфиналето, Шпанецот денес го победи својот сонародник Хауме Мунар, рангиран на 49. место на АТП ранг-листата, со 5:7, 6:3, 6:1. Мечот траеше 2 часа и 30 минути. Алкараз сервираше три аса, направи четири двојни грешки и реализираше шест […]

Сила МВП на првото коло од македонската Суперлига


Кошаркарот на ТФТ, Секоу Сила е прогласен за најкорисен играч (МВП) на првото коло од македонската Суперлига. Иако ТФТ остана без бодови во Битола, новото засилување на скопскиот клуб имаше премиера за паметење. Тој го заврши натпреварот против Пелистер со 31 поен, девет скока и три асистенции, за највисок индекс во првото коло – 34. […]

Рељиќ освои бронза на Албанија Г-1 Опен


Нашата олимпијка и најдобра таеквондистка Милијана Рељиќ освои бронзен медал на Албанија Г-1 Опен во Тирана.  Во првото коло Мила беше слободна, но во следното беше поуспешна од Леонарда Андриќ од Канада со 2:1 во рунди. Во борбата за медал Мила се сретна со Елена Лена Торес од Шпанија каде во извонредно тесна борба со 2:1 […]

Ѓоковиќ го нокаутира Зверев и се пласира во полуфиналето на турнирот во Пекинг


Пекинг – Поранешниот светски број еден, Новак Ѓоковиќ, се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Пекинг откако пред малку го победи првиот носител и втор рекет во светот, Германецот Александар Зверев, со 4:6, 6:4, 6:4 во четвртфиналето. Тој е првиот играч во историјата на тенисот кој успеал да победи на првите 32 меча по […]