Роналдињо на 15. ноември се враќа на фудбалските терени


Италијанскиот третолигаш Равена официјално објави денеска дека легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо ќе го облече клупскиот дрес на 15. ноември и на тој датум ќе се врати на фудбалскиот терен.

Роналдињо ќе дебитира за нашиот клуб во дербито против Форли. Тоа ќе биде натпревар кој ќе го привлече вниманието на целиот свет, официјално објави Равена, која во моментов е на второто место во групата Б од италијанската трета лига.

На крајот на август оваа година, легендарниот 46-годишен Роналдињо потпиша договор со Равена, а својот последен официјален натпревар го одигра во септември 2015 година за Флуминенсе.

Роналдињо изгради импозантна кариера играјќи за Гремио, ПСЖ, Барселона, Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро и Флуминенсе. Во 2002 година ја освои светската титула со репрезентацијата на Бразил за која одигра 97 натпревари, постигнувајќи 33 гола.