Од понеделник започнува продажбата на влезниците за дуелот на македонската репрезентација со Словенија


Фото: Б. Грданоски

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги информира навивачите и љубителите на фудбалот дека продажбата на влезниците за натпреварот Македонија – Словенија, кој ќе се одигра на 16 ноември (понеделник) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, ќе започне на 2 ноември (понеделник).

За овој натпревар од 6. коло во Лига на Нации / група Б, цената на билетот ќе изнесува 500 денари. Влезниците ќе можат да се набават исклучиво преку официјалната платформа за електронска продажба на билети на ФФМ: eticket.ffm.mk.

Ова е воедно последниот натпревар од групата, а претходно македонскиот национален тим ќе гостува на 13.ноември во Шкотска.