Охрид и Алкалоид ги добиваат ривалите за третото коло на ЕХФ Европскиот куп
Две македонски екипи се дел од групата носители на денешното извлекување на двојките за третото коло од ЕХФ Европскиот куп. Во оваа фаза се наоѓаат 32 екипи од 24 држави, а покрај македонските две екипи, по два тима имаат уште Романија, Србија и Швајцарија, додека Грција и Словенија имаат по три претставници.
Во групата носители се покрај Алкалоид и Охирд (последни два победника во ова натпреварување) сè уште Вослау: (Австрија), Дукла Прага (Чешка), БК 46 (Финска), Олимпијакос и ПАОК (Грција), ПЛЕР (Унгарија), Хаукар (Исланд), Рунар Сандефјорд (Норвешка), Островиа (Полска), Политехника Темишвар (Романија), Тримо Требње (Словенија), Војводина (Србија), Берн (Швајцарија) и Бешикташ (Турција).
Потенцијални противници на македонските екипи се тимовите од „вториот шешир“: Слога Добој (БиХ), Горица (Хрватска), Полва (Естонија), Х71 (Фарски острови), АЕК (Грција), Рамхат Хашрон (Израел), Сасари (Италија), Драгунас Клаипеда (Литванија), Ловќен (Црна Гора), Волендам (Холандија), Турда (Романија), Горење Велење и Словењ Градец (Словенија), Дубочица (Србија), Винтертур (Швајцарија) и Поваска Бистрица (Словачка).
Во оваа фаза од натпреварите можни се натпревари на екипи од иста држава, а термините за одигрување на дуелите се: 21/22.ноември (прв натпревар) и 28/29.ноември.
Охрид и Алкалоид се последните две екипи, кои го освоија пехарот во ова натпреварување.