Македонските футсалци до 19 години ја совладаа Црна Гора


Македонската футсал репрезентацијата до 19 години денеска во рамки на вториот контролен натпревар против Црна Гора што се одигра во Тиват забележа победа со 6:3.
Избраниците на селекторот Зоран Лекиќ поведоа со голот на Лео Стоевски во 3. минута, а три минути подоцна Михаил Гоговски зголеми на 2:0. Александар Кртстевски во 10. минута ја зголеми предноста на 3:0, а македонската репрезентација само минута подоцна дојде и до убедливо водство од 4:0 со автоголот на Балша Ракочевиќ.
Филип Гопчевиќ во 17. минута го постигна првиот погодок за домаќинот, а шеесетина секунди подоцна Милан Рагановиќ намали на 4:2.
Матеј Ангеловски во 25. минута се запиша меѓу стрелците за водство на Македонија од 5:2 додека во 28. минута Богдан Головиќ постигна гол и намали на 5:3.
Конечниот резултат го постави Христијан Ризов на две минути пред крајот на натпреварот.
Во првиот контролен натпревар што се одигра вчера во Тиват, двете репрезентации одиграа нерешено 1:2.
Двата контролни натпревари во Тиват за избраниците на селекторот Лекиќ беа подготовка за настапот во прелиминарната рунда во квалификациите за Европското првенство во која од 19 до 24 јануари ќе играат во групата Ц против домаќинот Малта, Германија и Израел.